Меѓународно движење против промена на името

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.323
Поени од реакции
8.327
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1025101035441&id=9&prilog=0&setIzdanie=22115
Папандреу и Самарас се согласиле за „Република Македонија-Вардарска“?

Дали има промена на грчките црвени линии околу прашањето каде ќе стои додавката, како што тврди Караџаферис, или, пак, ова е само дел од предизборната реторика се очекува да стане појасно откако ќе поминат локалните избори во Грција




Лидерите на двете најголеми партии во Грција, Јоргос Папандреу на ПАСОК и Андонис Самарас на Нова демократија, се договориле да дадат зелено светло за предлогот „Република Македонија-Вардарска“ како ново име за нашата држава.

Ова во Лариса го објави лидерот на националистичката партија ЛАОС, Јоргос Караџаферис, кој додаде дека сега се чека дали предлогот ќе биде прифатлив за премиерот Никола Груевски. Според лидерот на ЛАОС, повеќе од сигурно е дека во иднина прифаќањето на овој предлог од владејачката ПАСОК и опозициската Нова демократија ќе доведе до национализам и територијални претензии од другата страна. Ваквото тврдење на Караџаферис засега се толкува како дел од предизборната реторика со која неговата партија се обидува да добие гласови на претстојните локални избори во Грција. Од она што е досега познато во јавноста, Грција не прифаќа додавка на уставното име на државава со цртичка или со заграда, како што е „Република Македонија-Вардарска“, туку инсистира одредницата да биде меѓу зборот Република и Македонија (на пример, „Република Вардарска Македонија“). За македонската страна, пак, прифатлива варијанта е само со цртичка или со заграда, а не со одредница меѓу зборовите Република и Македонија. Дали има промена на грчките црвени линии околу прашањето каде ќе стои додавката, како што тврди Караџаферис, се очекува да стане појасно откако ќе поминат локалните избори во соседната земја, закажани за 7 ноември.

Премиерот Никола Груевски изрази подготвеност за нова средба со неговиот грчки колега Јоргос Папандреу, но очекува посуштински разговори за името.

- Со грчкиот премиер Папандреу досега имав шест средби, а дополнително и претседателот на државата Ѓорге Иванов имаше една. Се надевам дека идните средби ќе бидат посуштински и нема да бидат само формални - изјави Груевски.

Во меѓувреме, генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, при посетата на Грција изјави дека не е оптимист дека спорот за името би можел да се реши до самитот на Алијансата што треба се одржи следниот месец во Лисабон.

--- надополнето ---

Скриени пораки и незнајни јунаци

Знаме дека ќе следат ужасни притисоци во наредниов период во врска со името. Од секаде. Изгледа дека САД сакаат да преземат иницијатива и тоа да го решат по брза постапка, со употреба на булдожери, трактори и слична софистицирана дипломатија. Ако се наивни и мислат дека така ќе го решат проблемот, тогаш да потсетиме дека тоа неминовно ќе го дестабилизира регионот. Македонија ќе го дестабилизира, џанам!



Америка ни се закани за името. И суптилно и брутално во исто време. Ништо особено не е кажано и ништо особено не е направено, но заканата дојде, ја видовме и не ни беа потребни зборови за да ја разбереме пораката. Да бидеме искрени, долго ја очекувавме, за нас таа е логична.

Читање на скриената порака


Каква закана прашувате. Па вака, се вика Џемс Пердју. Се сеќавате на него? Тоа е човекот што ни го напика Охридскиот договор низ нос, да не кажам некое полошо место, класичен егземплар на таканаречената „булдожер дипломатија“ во која „третираните“ бидуваат соодветно соочувани со најрафинираниот производ на американското влијание – директна закана со сила.

Тогаш точно проценија дека Шутрак-војводата Љ. Г. е всушност една голема кукавица, па како „олеснувач“ во преговорите ни го пратија типов, поранешен морнарички разузнувач со господ знае какво минато, за да ги потсети македонските преговарачи дека Охрид е длабоко езеро, па сите можат да се удават таму. Подоцна, по еден инцидент, „дипломатов“ беше набркан од кабинетот на Шутрак-премиерот, на кого веројатно се уште во главата му зунела славната патриотска песна „Што мислеше, што мислеше, ка се онадеше...!“

Американците знаат за нашата пизма кон овој сатрап. Гледаат дека народов и Владата немаат намера да попуштат за името и затоа решија во најмала рака да не предупредат. Последно што знам за Џејмс Пердју е дека беше амбасадор во Бугарија или на Косово, и знам дека Бугарите веднаш го намразија – имаше секакви реакции за неговото однесување. Се разбира дека тој како личност е небитен, битно е тоа дека минатата недела Американците ни го испратија како еден вид скриена порака која сепак може јасно да се „прочита“. Ја разбравме, во ред е, дечки.

Всушност, беа две пораки. Во екот на драматичната албанска криза со полициските досиеа, тракторов ја посети ДУИ, на средба со Ахмети. Само таму, никаде другаде. (Добра вест тука би била доколку Премиерот Груевски не сакал да го прими, да речеме). Потоа издроби нешто за името и нужноста од „компромис“ колку да се сетиме каде лежи ѓаволот. Со оглед на тоа дека таквите персони и немаат нешто посебно да кажат, не беше битно што зборува тој туку неговото присуство. Тој е своевиден симбол за Македонија.

Значи, првата порака е: внимавајте што правите со ДУИ; тие се наши, под наша контрола и ние ги штитиме. ОК, де, знаеме и без да ни кажете. Натаму? Втората порака е заканата кон Македонија: Јали ќе го смените името и ќе си ги симнете гаќите јали ќе си имате работа со мене, т.е. со тоа што јас го симболизирам – брутална сила. Right? Yeah, right, but first you have to kiss our asses, Mister!

Нема Македонија што повеќе да соблекува, драги пријатели. Угoл-голи не направивте, но како своевидно продолжение на фамозниот виц за Македонецот што трпел секакви тортури од Османлијата, а кубурот го чувал „за полошо“, сега веќе нема за што друго да се фатиме кога е името во прашање, освен за него. Симболично, оф корс. Вие не принудувате.

Знаме дека ќе следат ужасни притисоци во наредниов период во врска со името. Од секаде. Оној англиски давајгаз што своевремено идиотски арогантно ни покажуваше на неговиот часовник дека времето ни „изминало“ ќе биде ништо во споредба со тоа што ќе уследи. Изгледа дека САД сакаат да преземат иницијатива и тоа да го решат по брза постапка, со употреба на булдожери, трактори и слична софистицирана дипломатија. Ако се наивни и мислат дека така ќе го решат проблемот, тогаш да потсетиме дека тоа неминовно ќе го дестабилизира регионот. Македонија ќе го дестабилизира, џанам! (А, да не го сакате токму тоа, а?) Ама, знаеме дека не се наивни и затоа би сакале да веруваме дека Мистер Пардју е само случајна епизода во серијалот уцени. Би сакале, ама некако тешко оди тоа...

Доколку не е, соочена со таква директна закана, има едно непишано правило кога си соочен со закана врз базичната егзистенција: во тој случај треба уште поцврсто и бескомпромисно да застанеме во одбрана на името, со серија потези на меѓународно ниво. Дома, најадекватно би било, доколку бафалото уште еднаш дојде да ни се заканува, веднаш да го набркаме, прогласувајќи го персона нон грата. Така и ние ќе испратиме порака. Ви делува премногу радикално, нели? Ако, де, само вие смејте се, многу скоро ќе се соочите со уште порадикалната реалност за името. Подгответе се.

http://www.kotle.ca/
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780
Во изјава за Гласот на Америка, професорката наведува дека не е политичар, туку лингвист, но сепак, никако не може да ја сфати суштината на спорот околу името.
„ Ова е глупост. Зошто да има северномакедонски јазик кога нема ниту еден човек на светот кој зборува на друг македонски јазик? Кога веќе македонскиот е вклучен во енциклопедии како македонски јазик; кога веќе има книги по библиотеки по целиот свет под името македонски јазик. Зошто да се најде некое решение, кога во Грција не разбираат дека историјата се менува, дека имињата се менуваат? Не ми е јасно зошто треба да најдеме друго име, кога веќе имаме имаме кое е познато во целиот свет, освен во Грција и во Бугарија“.
Таа не разбира како и зошто една држава како Грција може да вели дека од денеска, оваа држава, овој народ, овој јазик треба да најде друго име. Државата веќе има име и името е Македонија, вели Крамер..
Ментор на Кристина Крамер е светски познатиот славист Виктор Фридман, кој е еден од најголемите активистите вклучени во промовирањето на македонскиот јазик низ светот... Не за пари, не затоа што мора, туку затоа што смета дека така треба.


http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/kramer-zoshto-severno-makedonski-koga-nikoj-drug-ne-zboruva-makedonski

--- надополнето ---

Канаѓанецот од македонско потекло од општината Маркам во Торонто кој е кандидат на следните парламентарни избори во Канада, Луј Темелковски во интервју за гласот на Америка на македонски вели дека не гледа причина да продолжат преговорите за името меѓу Македонија и Грција.

"Мислам дека тие се фарса. Не мислам дека треба да продолжат. Треба да се излезе од нив. Нема простор за дискутирање. Македонија е Македонија. Точка“ рече Темелковски.

За односите меѓу грчката и македонската заедница во Канада, поранешниот канадски законодавец вели дека фактот дека првата е побројна и помоќна од втората не значи дека помалата - нема идентитет.

Луј Темелковски додава дека Македонците не живеат во гета. Интегрирани се во сите сфери од животот и наведува дека само во Торонто има околу 100.000 Македонци.

За актуелната економска криза врз македонската заедница во метрополата коментира "Не мислам дека директно се одразува врз македонската заедница, туку се одразува врз целата канадска популација. Економската криза во САД се одразува негативно не само врз канадската заедница, туку и врз светот. Мора напорно да работиме и да ја надминеме затоа што многу луѓе страдаат“.
Кандидатот на следните парламентарни избори во Канада порачува дека најдобар начин исселениците да иж помогнат на татковината е да ја посетат.
Темелковски, кој 42 години живее во Канада, ги охрабрува младите Македонци "Бидете инволирани. Најпрво образованието. Вклучете се во политиката, социјалниот живот, уметноста, културата, спортот. Тоа е видливо деновивте“.
 

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
2.816
Поени од реакции
1.088
Иванов: Име за севкупна употреба не е реална основа за решение во спорот со Грција

вторник, 09 ноември 2010, 13:46

Предлагањето на географски одредници со цел надминување на спорот со името се некомпатибилни со принципот за зачувување на македонскиот национален идентитет, вели претседателот Ѓорге Иванов, во интервју за Грчката Фондација за европска и надворешна политика (ЕЛИАМЕП).

Во интервјуто Иванов посочува дека Македонија направила бројни отстапки во спорот, како што се промената на државното знаме, уставните промени во однос на статусот на македонските малцинства во соседните земји, согласноста да не се полага ексклузивно право на терминот Македонија, како и согласноста влезот во меѓународните организации да биде под привремената референца “Поранешна Југословенска Република Македонија“.

„Генерално, како што Република Македонија во неколку наврати посочуваше, решението за ова прашање не смее да влијае врз македонскиот национален и етнички идентитет и македонскиот јазик. Оттука, „географски“ одредници, како што имаме и претходно истакнато, изгледаат инкомпатибилно со овој основен принцип, бидејќи недвосмислено можат да задираат во нашиот идентитет“, вели Иванов.

Македонскиот претседател во интервјуто за ЕЛИАМЕП вели дека со блокадата на влезот на земјата во НАТО на самитот во Букурешт, Грција ја прекршила привремената спогодба од 1995 година. Изразува надеж дека судскиот процес пред Меѓународниот суд во Хаг ќе потврди дека Атина ја прекршила спогодбата.

„За жал, нашето чувство дека грчката страна постојано ги радикализира своите позиции, со цел да го одложи решавањето на спорот околу името, и официјално се потврди со фамозните 8 точки доставени од страна на преговарачот Василакис до посредникот Нимиц, кон крајот на минатата година“, вели Иванов.

Тој, истовремено, посочува дека барањето за име за севкупна употреба, не е реална основа за решение.

„Erga omnes решение, она што е предложено од страна на Грција, не е реално како основа за решение. Прво, тоа апсолутно се коси со сите меѓународни начела за регулирање на односите меѓу државите, и второ, не е прифатливо во случај кога две третини (129) од земјите-членки на ОН ја имаат признаено Република Македонија под уставното име. Меѓу нив се и три постојани членки на Советот за безбедност на ОН, како и други влијателни земји како што се Канада, Турција, Бразил и други“, вели Иванов.

Запрашан за користењето на антички симболи од страна на Македонија, Иванов со став дека „имаме право да го заштитиме културното наследство кое го споделуваме“, посочувајќи дека земјата не претполага ексклузивно право на историското наследство од овој период.

„Во античките времиња, ниту една од современите држави и народи не постоеле, додека денес, некои од нив се ривали за античкото наследство. Ако се анализираат спомениците во мојата земја, ќе видите дека не повеќе од 2% од истите се посветени на хероите од античкиот период. Ние немаме проблем да ја делиме културата, историјата и сл. Има многу други вакви примери во регионот“, вели Иванов.

Говорејќи за економијата, Иванов, иако констатира дека земјата има одредени проблеми на овој план, смета дека Македонија има изградено стабилен финансиски и социјален систем, но и дека постојат позитивни планови за нејзиниот развој.

http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mid=36&eventid=29952
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
“Најдобар промотор на Македонија” за 2010!


Отпочнува гласањето за овогодинешната награда за „Најдобар Промотор на Македонија“

Почесната награда “Најдобар промотор на Македонија” е иницирана и организирана од проектот “Мacedonia Loves You” www.macedonialovesyou.com.
Изборот е отворен, јавен и ќе се организира еднаш годишно. Периодот за номинирање започнува на 15 ноември(утре) 2010 и ќе трае до 15 јануари 2011 година.

Номинирањето е јавно и секој може да предложи кандидат на два можни начина:
1. Со постирање на номинации на Фејсбук страната на наградата “Најдобар промотор на Македонија” на http://www.facebook.com/Macedonia.BestPromoterAward
2. Со испраќање на номинација на официјалната адреса на Организаторот: pigon@macedonialovesyou.com Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Номинираните може да бидат поединци или група на луѓе кои во 2010 година активно ја промовирале Република Македонија и државните интереси, без разлика на националноста, регионот на активноста, полето и формата на промотивните активности на пример културни, социјални, економски, туризам, политички и др.
Целта е поврзување на сите пријатели на Македонија и создавање на влијателен круг од луѓе со добра волја.
За повеќе информации посетете ја страната на организаторот: http://promotemacedonia.com/
Искрено се надеваме дека оваа иницијатива ќе биде широко прифатена и поддржана од од сите Македонци кои сакаат да им оддадат признание на вистинските пријатели на Македонија и да ја потпомогнат промоцијата на Македонија.



http://www.macedonianspark.com/mk/vesti/mediainternet/453------2010
 
Член од
24 јуни 2008
Мислења
1.705
Поени од реакции
75
Зошто нашите новинари не иницираат коментар по веста односно предлогот на професорот Јанев? Зошто и покрај толку обиди неговиот предлог не излегува на виделина? Се плашат ли нашите политичари да си ги бараат своите права,не се компетентни воопшто или пак и тие се смислено вклучени во обезименувањето на нашата држава и народ?

Рrofessor Igor Janev is on a personal mission against Greece. He has attempted to talk the Macedonian Government into pursuing legal avenues at the UN for more than 10 years. Most recently, Professor Janev was one of the initiators that helped Serbia win their case at the UN in questioning the legality of Kosovo’s declaration for independence. Professor Janev advises Macedonia to follow Serbia and question Greece at the UN’s General Assembly. While Macedonia has so far rejected/ignored professor Janev’s recommendations, foreign countries ask for and follow his advice...

http://turkeymacedonia.wordpress.com/2009/08/08/the-un-illegally-created-a-problem-when-admitting-macedonia/ -Целото интервју
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.323
Поени од реакции
8.327
Na poslednata sednica na Nacionalniot Komitet,TMORO VEP donese obvrzuvacka odluka so koja jas kako pretsedatel na partijata,dokolku koj bilo i koga bilo donese odluka za promena na imeto na drzavata Makedonija i brisenje na identitetot na makedonskiot narod,go povikam makedonskiot narod na ORUZENA odbrana na sopstvenoto postoenje. MAKEDONIJA NA MAKEDONCITE 07:05na videto pa natamu


ps.ова е став на партија и е политика можеби на форумот исто така сите ќе зборат овај е пијаница(страшо) ова она но добро е што има против тежа и еден се усудва на ваков "радикален" а за мене нормален чекор и за ставање на знаење дека можно е да се дестабилизира државата ако се проба со промена на името и впрочем крајно време е да се прекинат преговорите и така ништо не видовме арно од тоа и само еден куп страдања па блокади еконски затворање на граници па војни па промкена на знаме устав и преамбула на уставот и децентализација со крјана цел на федерализација и отцепување и делење на Македонија
Значи ПРЕКИН на Преговрите .:salut:
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
„Magyar Hirlap“: Грчка пречка пред Скопје
Вторник, 16 Ноември 2010 13:20
Share
Шефот на македонската дипломатија во интервју за унгарскиот весник „Magyar Hirlap“ изјави дека на Република Македонија конфликтот со Грција и претставува најголема пречка за членство во Европската Унијата и НАТО.


Пред интервјуто напомнавте дека веќе сте биле во Будимпешта?


- Пред многу години, уште како студент присуствував на еден концерт на The Cure, беше незаборавно. Тогаш се уште не мислев дека еден ден ќе бидам министер.

Како започна вашата политичка кариера?


- Многу рано станав член на младинската организација на Македонската конзервативна партија. Организиравме демонстрации против социјалдемократската власт, кои предизвикаа големо внимание и секој наш чекор будно се следеше.Исто така, беше организирана дебата на која партијата ме делегираше за претставник со цел да се залагам за подобро претставување на нашите цели и приоритети. Беа задоволни од мојот настап и после победата на изборите во ’98 година, во 2000 година, станав Портпарол на Владата на Република Македонија. Така започна мојата кариера.

Да се префрлиме во сегашноста! Какви се унгарско-македонските односи?


- Политичките односи ни се одлични, а доказ за тоа се редовните билатералните средби. Очекуваме унгарскиот премиер да ја посети Република Македонија во јануари, при што ќе се потпише и спогодбата за стопанската соработка.

Мислам дека од гледна точка на интеграцијата на Македонија во Европска Унија, Унгарија е сепак битен фактор?

- Имаме доверба во Вас, особено сега пред унгарското претседателство, затоа што Република Унгарија не само што има „слух“ за нас, ги разбира и нашите ставови, проблеми, тешкотии со кои секојдневно се соочуваме. Тоа што го очекуваме од унгарското претседателство со Европската Унија, е да продолжи нашето приближување кон ЕУ. Потоа, некои од државните членки да согледаат дека проширувањето на ЕУ е од корист за сите. Само така може да се постигне траен мир, стабилност и економски просперитет. Значи, што побрзо Европа се обедини, толку побрзо ќе има поголемо влијание врз светската политика.

При разгледувањето на потенцијалот за проширување, Европската Унија најмногу посветува внимание на вредностите во заедничкиот живот на една земја членка? Во случајот на Македонија со што може да се пофали?


- Најголемата вредност на Република Македонија е демократијата како процес што од ден на ден се повеќе се надоградува во едно мултинационално општество. Освен Македонци во нашата земја живеат и Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи. Сите овие зедници, во еден мултикултурен модел, без асимилација живеат во едно општество и ова на некој начин служи како пример за соживот во една држава.

Уште нешто?


- Триста сончеви денови, добри вина; но без шега, ние-Македонија е активен дел во процесот за стабилизација на Балканот, кое и Брисел го вреднува.

Какви ви се односите со соседите? Особено ме интересираат тие помеѓу Македонија и Грција, за кои нема многу добри вести. Не се плашите од тоа дека Атина повторно ќе постави вето на вашето членство во ЕУ и НАТО?


- Всушност ние веке и низ тоа поминуваме. Односите со Република Албанија ни се на високо ниво, исто така и со Србија, Бугарија, како и со Косово. Грција е единствената земја со која имаме проблематични мегусоседски односи. Сето тоа отпочна во моментот кога самата Грција го создаде проблемот со нашето име- проблем кој е во целост е во спротивност со меѓународните стандарди. Грчкиот став е дека додека не извршиме промени во Уставот во делот промена на името на државата, до тогаш ќе не попречуваат во патот кон Унијата и НАТО. Овој став јас не можем да го наречам европски став. А контрадикторно во случајов е тоа што двете земји немаат никаков проблем во развојот на општествените и бизнис релации. На пример, Грција е еден од најголемите инвеститори кај нас,македонските грагани редовно заминуваат во туристичка посета на соседна Грција без никаков проблем, дури и грците редовно пазаруваат во некои од нашите македонски градови.

Како може да се преброди проблемот?


- Преку решение за името со компормис, кое е можно само доколку Грција би покажала прагматичност во спорот. Тоа би ни го покажале со тоа што не би ни се мешале во нашите сопствени одлуки и користењето на името. Жално е што лично од устата на неколку грчки политичари,може да се слушне дека според нив, ние всушност не ни постоиме како народ. Крајно време е секој да признае дека македонскиот народ е народ како и сите други во Европа.

Значи според Вас Грција е таа која треба да ја корегира својата позиција, додека Вие сте во право?


- Не сме идеалисти. Но, фактот што 129 држави во светот Република Макеодонија ја имаат признаено под уставното име, е доволен аргумент за исправноста на нашата позиција, дека сме суверена и независна држава. Вистинскиот проблем е тоа што расправата за името е еден изговор за Грција, само за да го стави под прашање нашето постоење.

Каков е статусот во поглед на членството во НАТО?


- Република Македонија ги спроведе сите неопходни реформи. И самата Алијанса потврди дека сме подготвени за членството. Континуирано учествуваме во странските мисии, како што е на пример мисијата ИСАФ во Авганистан. Од вкупно осум илјади припадници на нашата армија, до сега четири проценти имаат служено во мировните мисии на НАТО. Но, за жал на Самитот на НАТО во Букурешт,минатата година, каде заедно со Албанија и Хрватска бевме кандидати за членство, Грција стави вето на нашите аспирации за членство во Алијансата. Грчките противења повторно не беа од објективна природа, бидејки немаше никакви забелешки околу исполнувањето на критериумите од сферата на одбраната, туку повторно поради прашањето на името на нашата земја. Ние разбираме дека прашањето е од многу голема важност за одредени грчки политичари, но сето тоа нема врска со НАТО. Ние сметаме дека доколку се овозможи членството на Македонија во Алијансата, Грција само ќе добие зголемена безбедност во нејзиното соседство. За жал, ова разбирање до сега не го обезбедивме од Грција и на претстојниот самит на НАТО во Лисабон не очекуваме пробив во поглед на нашето членство во Алијансата.

Дали ова е веќе проблем од национална, навредлива природа?


Почетокот на македонско-грчката расправа за името, се одолговлекува уште од 1991 година, кога Македонија стана самостојна држава. Атина уште од тогаш не го одобрува уставното име на нашата држава тврдејќи дека новосоздадената поранешна југословенска држава го присвојува името на северната територија на Грција, името Македонија. Официјално тој дел на Грција е поделен на два дела, источна и западна Македонија. Исто така Грција беше и против знамето на државата, па затоа Република Македонија во 1995 година истото го смени.Во поглед на расправата за името, во тој момент добро решение изгледаше предлогот на Обединетите нации од 1993 година, кога оваа светска организација не прими помеѓу своите членки под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија (англиска кратенка: FYROM). Но, на Грција и ова не и беше доволно, сакајќи целосна промена на името, со тоа што сака целосно да биде избришено уставното име на државата.

И покрај тоа што Македонија има сторено повеќе отстапки, по се изгледа проблемот сеуште не е надминат. Но, поради членството во ЕУ и НАТО ( иако Грција, како член на организациите, може да постави вето) порано или подоцна, Македонија ќе мора да биде ставена пред конечен избор.
http://www.kurir.mk/makedonija/vesti/8045-Magyar-Hirlap-Grcka-precka-pred-Skopje
 

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.499
- Се соочуваме со стратегии на релативизација на македонскиот идентитет и на негова маргинализација. Сведоци сме на софистицирани обиди за ревизија на историјата преку промена на раскажувачките перспективи и толкувачките интереси и приоритети. Се дестабилизира системот на усвоени и меѓународно признати демократски и цивилизациски вредности. Живееме во време на несфатливи исклучоци, негации и ексклузивности. Се случува систематска пресија врз колективната психологија на македонските граѓани и посебно врз македонскиот народ - вели Ќулавкова

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111610957253&id=9&prilog=0&setIzdanie=22134
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Фондација Херитиџ: Итен прием на Македонија во НАТО на самитот во Лисабон
среда, 17 ноември 2010, 11:30
Итен прием на Македонија во НАТО Алијансата на самитот во Лисабон побара Сели МекНамара од американската конзервативна фондација „Херитиџ“ (The Heritage Foundation), со седиште во Вашингтон.

Во својот напис, посветен на претстојниот самит, МекНамара вели дека НАТО, а особено САД мора да покажат дека проширувањето е успешна приказна и поради тоа треба да продолжи. Смета дека најсоодветно тоа ќе се направи со прием на Македонија во алијансата и влез на Грузија во Акциониот План за членство.

„Одамна Македонија требаше да се приклучи во алијансата, поради тоа што земјата го исполни барањата од Акциониот план за членство во 2008-ма година и е една од најголемите придонесувачи по главна на жител во мисиите во Авганистан. НАТО треба да застане за својата политика на отворени врати и да испрати порака во новиот стратегиски концепт дека алијансата е отворена за соработка. Администрацијата на Обама самата треба да се постави како предводник на проширувањето на НАТО и прецизно да поддржи итен прием на Македонија и влез на Грузија во Акциониот План за членство“, се вели во написот на МекНамара под наслов „Стратешкиот концепт на НАТО во 2010-та: Пет бележници на успех“, објавен од страна на фондацијата.

Според неа, алијансата на претстојниот самит треба да се насочи кон пет предизвици: фер распределба на товарот меѓу членките на НАТО во заедничката одбрана, реафирмирање на принципот на заштита на своите граници, стратегија за заштита и одбрана, реафирмирање на понатамошното проширување и повторно давање примат на НАТО во безбедносната архитектура во Европа.
http://www.time.mk/read/57c81956f5/9dc4c1f077/index.html
 
H

HITCH

Гостин
Продолжува офанзивата од пријателите на Македонија со писма до Обама. Овој пат четворица американски сенатори испратија писмо до претседателот Барак Обама во кое бараат конкретно да се ангажира кај НАТО сојузниците Македонија да добие формална покана за членство во Алијанса на претстојниот Самит во Лисабон.

Но, никој не спомнува тоа да се стори со уставното име на државата.
 

Goran Bt

локал патриот
Член од
28 јуни 2009
Мислења
9.323
Поени од реакции
8.327
44:40 se do 46:00

http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120

никола поповски

меќународната заедница сака Македонија да го смени името ,Македонија не може да го смени името со власт на сдсм затоа што ако го смени името вмро ќе направи револуција на улица ,сдсм не може да направи револуција на улица за промен ана името(никој не сака )Значи едниствен кој може да го смени името е вмро затоа што во тој случај ќе има мир во опшетството вмро ќе го смени името и нема кој да прави револуција на улицаи нема кој да се буни ,ако сдсм го смени името ќе се буни вмро дпмен и ќе направи хаос во Македонија
Тоа значи дека меѓународната зедница сака вмро да остане на власт за да го смени името ако не .........

Сето ова арно што го размислил овај "аналитичарот независен" но едно згрешил а тоа е блондираното како нема кој бе ?а народот ?што ќе прави ќе седи дома ?еј кој будала само со кое потценување го гледа народт и неговата сила па еден нема да остане сите во вардар ќе пливаат
 
Член од
21 февруари 2009
Мислења
1.315
Поени од реакции
47
44:40 se do 46:00

http://www.kanal5.com.mk/Default.aspx?mId=120

никола поповски

меќународната заедница сака Македонија да го смени името ,Македонија не може да го смени името со власт на сдсм затоа што ако го смени името вмро ќе направи револуција на улица ,сдсм не може да направи револуција на улица за промен ана името(никој не сака )Значи едниствен кој може да го смени името е вмро затоа што во тој случај ќе има мир во опшетството вмро ќе го смени името и нема кој да прави револуција на улицаи нема кој да се буни ,ако сдсм го смени името ќе се буни вмро дпмен и ќе направи хаос во Македонија
Тоа значи дека меѓународната зедница сака вмро да остане на власт за да го смени името ако не .........

Сето ова арно што го размислил овај "аналитичарот независен" но едно згрешил а тоа е блондираното како нема кој бе ?а народот ?што ќе прави ќе седи дома ?еј кој будала само со кое потценување го гледа народт и неговата сила па еден нема да остане сите во вардар ќе пливаат
koga go slusnav ovoj se skapav od smeenje, ama barem bese iskren za razlika od drugite koj prodavaat madina za bubrezi. Tuka ima i eden drug problem ako ne se lazam, koga na imeto mu go zalepija FYROM narodot ne bese svesen sto stana, kolku sto se sekavam K.G i B.C se dogovorija preku nok bez nikoj da znae sto napravia i posle nekako samo na vesti im go turija na lugeto i koga se VMRO spremase protesti tie go izvedoa atentatot na Kiro i ja devokusiraa javnosta, ovoj pat takvo nesto tesko ke pomine, i decata od gradinka znaat sto se slucuva.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Груевски: Прашањето со идентитетот е наметнато од Грција и е присутно повеќе од 100 години

25.11.2010 - 20:42 |

Отворањето на проблемот со идентитетот од нашиот јужен сосед е стар повеќе од сто години и никогаш не бил затворен, изјави премиерот Никола Груевски на пратеничко прашање од Ѓорги Оровчанец од Нова алтернатива.

- Станува збор за прашање кое што е многу добро познато и постаро од мене и од вас. Проблемот со идентитетот и отворањето на овој проблем од нашиот јужен сосед е стар повеќе од сто години. Ако ги погледнете пописите на етничкиот состав на северниот дел на денешна Грција од почетокот на 20. век во 1903, 1904, 1905 година кога Османлиската империја вршела пописи ќе видите колку Македонци живееле и колку живеат денес таму, како се случило нивното раселување и заминување односно отстранување од таа територија. Ако малку го вклучите тој дел од не толку далечната историја ќе забележите дека ова прашање е прилично постаро и ги надминува и нашите години на живот. Прашањето никогаш не било затворено. Прашањето беше живо и пред Никола Груевски да стане премиер, рече шефот на Владата на собрансиката седница со партенички прашања.
Тој потести на настаните од 2005 во рамки на разгворите за името водени под медијаторство на посредникот Метју Нимиц.
- Ќе ве потсетам дека во 2005 година медијаторот Нимиц достави еден предлог до тогашната Влада и во тој период Црвенковски не свика, вклучувајќи ја и опозицијата, а тогаш јас бев претседател на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција, да ни го презентира предлогот со кој што јасно имаше проблем со македонскиот јазик, односно го немаше македонскиот јазик во решението. На што јас реагирав додека целокупната власт - претседател, премиер, влада го прифати. Тоа беше грешка и прв сигнал дека некој во државата е подготвен да прифати бришење на делови од идентитетот на македонскиот народ, рече Груевски.
Според него, ова прашање цело време е присутно, не само пред 50, 100 години туку и во овие 20 години независност на Република Македонија, а прашањето е директно поврзано со идентитетот.
- Проблемот со името е всушност идентитетско прашање. Во сите разговори во минатото другата страна никогаш не го криела тоа, а Владата на Караманлис се одважи тоа да го каже, за подоцна и новата Влада на ПАСОК отворено да го спомнува. Така што од тој аспект ние ниту нешто сме наметнале, ниту сме успеале, ниту не сме успеале. Станува збор за едно за нас тешко и горко прашање кое што за жал нашиот сосед не само „што го работел“ во минатото, туку е актуелно и во овие 20 години независност, рече шефот на Владата.
Тој при тоа истакна дека Владата прави се што е во нејзина моќ да се реши проблемот, да се најде решение и да се деблокира Македонија, а да не бидат загрозени виталните интереси на државата, вклучувајќи го и идентитетот.
- Токму тоа е дел од нашите напори, разговори на различни нивоа да се најде решение што ќе и помогне на Македонија во смисла на деблокада за ЕУ и НАТО, а притоа да не се направи штета која може да има далекусежни последици, рече премиерот Груевски.
 
Член од
16 јули 2008
Мислења
1.858
Поени од реакции
1.034
Ние Кина не можеме да ја запреме. Ние може само да и го продадеме тоа што и фали, а ние го имаме. А на земја која има територија од пола континент и околу 1,4 милијарда жители и треба сé

Кина е светски економско-политички џин. И по територија и по население и според брзиот економски пораст и развојот на индустријата, науката, трговијата и воената присутност. Според најновите податоци, Кина е втора по големина светска економија, зад САД и пред Јапонија. Во налетот на стампедото наречено кинеска економија ќе биде прегазена и досегашната неприкосновена економија на САД. Со пораст од 10 проценти годишно и постојано зголемување на БДП, економските анализи велат дека за 10 години, а најверојатно и многу порано, Америка ќе го изгуби приматот на економски најмоќна држава и ќе му го отстапи местото на „жолтиот џин“.

Кина ја купи Африка. На овој континент таа ги поседува најголемите и најбогатите наоѓалишта на руда, минерали, скапоцени камења. Милиони Африканци работат за кинески компании. Таа е сé повеќе присутна и во Јужна Америка, каде што по повлекувањето на САД го зазема местото и го освојува континентот. Кина сега произведува автомобили во Уругвај, и подари фудбалски стадион во Костарика и и позајми 10 милијарди долари на најголемата бразилска нафтена компанија. „Жолтиот џин“ успеа да стане и најголемиот трговски партнер на најголемата јужноамериканска економија, Бразил, место што досега го имаа САД. Азија е во нејзиниот двор, па сега останува да се освои Европа.

Каде е Македонија на патот на тој продор?

Балканот како сé уште недефинирана област за Европа станува примамлив за оваа држава да го искористи како отскочна штица за пласирање на своите интереси и потреби на Стариот континент. Во игра се Македонија, Србија, Хрватска, па и Грција и Бугарија како плодни почви за сеење на кинеското семе, кое треба да продре до западните економии. Грција се појави како „џокер во покер“ оти банкротираше, па Кина виде суперможност да влезе токму сега кога на нашиот сосед од животно значење му се нови инвестиции и свежи пари. Изминативе месеци овие две држави потпишаа договори за соработка и инвестиции во бродоградбата, телекомуникациите, инфраструктурата и аеродромите, тешки неколку милијарди евра. Грција очајнички се трудеше да привлече инвестиции и прилив на средства од земјите што располагаат со големи буџетски вишоци, па Кина совршено си влезе во игра. Тоа го направи сега со цел да ја зацврсти соработката со Грција кога може да се очекува најмалку незадоволство од сé поголемото кинеско влијание.

Оваа шема и беше разработена и во Јужна Африка, каде што ги спасуваше државите од безработица и бесперспективност, а потоа тие станаа нејзини „робови“. Се очекува и Грција да биде искористена како мост за влез на европскиот пазар. Но да не заборавиме: ние сме до Грција. Што ќе добиеме, а што ќе изгубиме од оваа мегаигра каде што, мора да си признаеме, и немаме некаква можност нешто крупно да смениме. Македонија може да искористи само ако мудро игра. Европа и САД ја видоа опасноста и се обидоа да реагираат, но ефектот на снежна топка што го има кинескиот економски експанзионизам не може да се запре. Реакцијата беше во насока да се сопре, девалвира и обезвредни кинескиот производ, а потоа кога не можеше тоа да се постигне, европските земји по секоја цена се обидуваа да станат партнер со мегасилата.

Зошто сега ние да чекаме да ни се отворат европските пазари за вино, овошје, зеленчук, тутун, текстил, па и софтвер ако тоа може да го договориме со Кина, а извозот ќе ни биде гарантиран со децении нанапред. Истото го прават и Европската Унија и САД, а Грција веќе и на колена ги моли за соработка. Ние, пак, залепени до евроатланската агенда не гледаме друг излез, иако тој е околу нас. Ние Кина не можеме да ја запреме. Ние може само да и го продадеме тоа што и фали, а ние го имаме. А на земја која има територија од пола континент и околу 1,4 милијарда жители и треба сé. Имаме тутун што го бараат. Имаме вино што го сакаат, храна, природа, култура, но и она за што се најзаинтересирани - енергија, или услови да се произведува енергија. Кинезите се паметни. Тие веќе работат на таков проект кај нас. Ќе инвестираат неколку стотици милиони евра во енергетски проект. Правилото е едноставно: кој има енергија - тој има моќ, и економска и политичка. Стратегиски сме одлично позиционирани и останува само некој да го сработи тоа.

Мора да бараме план Б.
Искрено стварно не заслепеа овие медиумиве со евроатланскве интеграции и како и секогаш последни ќе се разбудиме.Можда по 1 век ќе ни текне да ја бараме Кина.И пак ќе касниме.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom