Прво сакам да раскажам една статија што од блиска личност се случи деновиве.Одеа 10 години,најубавите кога требаше да се забавува ги помина со него.Мислеше дека тој е вистинскиот,дека нема потреба од друг,дека она му единствена.Последната година живееја во различни градови,поради работните места,сепак мора да се мисли на финансиите.Поретко се гледаа,обврските го направија своето.За една година,доживеа такво помешување на чувства,што кога беше до неа ја тераше на повраќање,буквално неможеше да го гледа,а секс само за празници.Далечината и ги отвори очите и она сега виде колку е добро да се биде сам,дека има живот и без него,дека има и други работи што го исполнуваат човек на 27 години.Сега сфати дека на љубовта не се гледа баш толку трагично како на 18.Стегна заби и раскина,немаше љубов,немаше страст,имаше само спомени.Моментално е сама и ужива во животот.
Значи не само мажие,туку и жените се исти по тоа прашање.Долгите врски честопати резултираат со брак.Но верувам и дека процентот на развод е голем,колку и да ја одржуваш таа врска,организмот премногу ја изгустирал особата.Веќе се знаеш и ништо не те изненадува.Лошо е да побараш нешто интересно,на страна.Долгата врска е како обврска да ја земеш особата,од машки аспект тоа е девојката која морално неможат да ја остават (ако се чувствителни( или девојката која најдобро ја познаваат и ги сака дебели (нели пуштаат стомаци како трудни жени)
Додека жените како да не оставаат опција за друг,не се замараат со потраги,некаде после 5/6 год. почнуваат повторно да мислат на својот физички изглед,диети,фризури...и некаде во позадина некој колега ќе ги освои,слчајно
Би рекла дека страста е пресудна за распад на долгите врски,ја нема во врската,а ја има надвор од неа.Тој што ќе рече дека има силна страст на 10 години лаже или често пати изневерува,доживувал турбуленции со саканата особа:smir:
Никој не прави ништо погрешно,едноставно поминува и љубовта и страста,а приказните за одржување на вечна љубов паѓаат во вода.Некаде и негде некој е поинтересен.
Само со годините и различно се гледа на овие работи.Баш тоа разговараме со другарките,кога ми раскинаа на 16 мислев дека не ми треба повеќе живот,на 18 мислев дека не сум за љубов,дека за мене нема спас,дека само на идиоти налетувам и се мавав од земја.На 21 мислев дека можам да омажам за човекот кој го сакав,на 27 мислам дека ништо страшно и да ја раскинам долгата врска има милион опции.
Кој знае што ќе мислам на 35