Кучката што ми го украде идниот сопруг

Annabel

Неутрална*
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
183
Излегувала со момчето речиси 4 години, и одеднаш се појави таа, која ја има свртено пола град, и го зема за себе. Тој заборави на своите принципи и замижа пред сите лоши факти за неа. Од очај и неверување ви доаѓа да си помислите дека е маѓепсан.
Катерина има 28 години. Таа е убава и интелигентна девојка која до пред извесно време веруваше дека е најсреќната девојка на светот. Дојде денот кога ги заврши студиите по медицина, а тоа значеше и почеток на заедничкиот живот со своето момче со кое излегуваше 8 години. Осумте години паднаа во вода за само една недела. Додека таа замина од земјата на кратко, тој замина во туѓа прегратка засекогаш...

Зошто мажите завршуваат со таквите девојки?


Прва причина: Може да ја посети во кое било време. Додека вие му зборувате за пристојно време, таа му вели остани колку сакаш, а можеш и да преспиеш. Нејзините родители немаат ништо против, напротив, намерно ве оставаат сами за да можете да уживате. Секс во секое време, а плус и со нова девојка. Нешто што од вас го доби по години освојување.


Втора причина: Таа не очекува премногу од него. Не води смета за тоа дали ќе крене слушалка наредниот ден. Ако тој замине, секогаш ќе дојде некој нов. Тој, знаејќи го сето ова, ќе направи сé за да остане, едноставно мажите се натпреваруваат и без да размислат што ги чека на целта.


Трета причина: Не го задушува со правила. Како образована девојка со кариера не сакате да бидете роб на неговите желби. Но, тоа е нешто од кое мажите сé уште не сакаат да се откажат. Вие да му ја перете долната облека, па тоа нема шанси! Кај неа нема правила, буквално никаде ги нема!!! Таквите девојки своите пет минути ги користат откако ќе видат прстен на рака. До тогаш мудро си молчат и по цена да робуваат на неговите страсти и желби.


И каков заклучок ни остана да донесеме по сето ова? Зошто секогаш „КУЧКАТА" е виновна? Го барате виновникот на погрешно место. Да, таа можеби доаѓа од друг град, можеби нема факултет, можеби има автомобил, а вие не... залудно се споредувате кога вашиот љубен се одлучил за неа. Можете да ја навредувате колку сакате, но тоа нема да го смени фактот дека вие сте „шутнатата".
Виновникот нормално дека не сте ни вие. Не може да бидете добра и одеднаш да не чините. Вие сте каква што сте и да не ви паднало на памет да се менувате. Не велете, да не заминев тогаш, тој немаше да ја запознае, обвинувањето и анализирањето не води никаде. Прифатете ја судбината каква што е. Ова е таква ситуација кога можете да седнете и на глас да кажете: „ЈАС КРЕВАМ РАЦЕ!" Па за кого да се борите...


Статијава ме потсети колку всушност се растажувам кога ќе слушнам дека навидум среќен пар по 8,9 па и 11 години раскинуваат ете заради вакви причини.И одсекогаш сум мислела дека на машките воопшто не им е тешко после тоа раскинување,а за женските просто ми изгледа невозможно после таква врска да најдат друг дечко па дури и да се омажат.

Зошто мажите не ја окончуваат таа долга врска во брак туку прекинуваат и се венчаваат со друга девојка која ја познаваат релативно малку време?
Што прават погрешно тие девојки за на крај да бидат “шутнати“?

М? :smir:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Не направиле ништо погрешно! Едноставно имале среќа во животот на некоја друга да и се „падне“ токмакот кој порано или подоцна ќе го направи истото и со неа...
Нека си каже: „Среќа! Се спасив!“
Евтините жени нека ги задржат евтините мажи!
 

Филозофка

Amelie Poulain
Член од
21 јануари 2009
Мислења
1.680
Поени од реакции
525
Па не знам што има чудно во тој однос.
Никој не сака да биде задушуван со правила, секој си го живее животот слободно, овој однос не важи само на релација од жена кон маж, туку би рекла дека повеќето мажи ги задушуваат своите жени со правила, бившиот дечко ми беше таков и знам од лично искуство, подалеку од посесивни луѓе, сакаат контрола во целост зошто се осеќаат внатрешно несигурни и нестабилни, тоа се длабоко искомплексирани луѓе.
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.145
Поени од реакции
893
Не можам да сфатам како тоа ми го украде ?! Никој никого не може да укаде освен на сила ако не киднапира. Сам одлучил да тргне по тој пат и со таа жена. Здравје се случувале и полоши работи не е крај на светот. Треба да се преболи и да сепродолжи понатаму... можело истото да и го направи во брак со деца. Годините не можат да се вратат ама не значи и дека најдоброто нема да дојде допрва. Секој си става еден ден прст на чело.... можеби ќе се кае истиот тој а можеби и нема којзнае ?! Тоа веќе и не треба да ја интересира онаа "шутнатата". Ако тргнеме со песимистичка мисла во иднината дека сите мажи се исти и дека не можеме одново да воспоставиме нормален однос со нив, тогаш значи дека сеуште не сме расчистиле сами со себе. Вечното офкање и сожалување во стилот како види што ми направи таа и таа нема никој нигде да го однесе..
 

ZoraNaSlobodata

Чоечко суштество
Член од
5 ноември 2008
Мислења
2.736
Поени од реакции
111
Причините шо ги имаш наведено се доволно добар одговор.
 
M

marsovka

Гостин
Типката е глуперда(онаа која плаче де) ... тоа така не се прави. Повеќето мажи кои се ожениле со овдешни жени се ожениле во рок од 2 години и трудна била таа.
Јебеш глуперди само веруваат у поштеност и амерички филмови каде типот ја зема чим ќе заврши факс(нетрудна)
Второ ти не се фаќаш со некое креле од 21 годин па идеш со него 10 години се знае се фаќаш со некој минимум постар 5 години и кој мисли на брак фамилија .
Трето крелено ја шутнал зошто таа очекувала да ја земе за жена а не демек она е послободна вов рска со сексот или затоа што таа курот ја болело . Плус гарант типката била помлада од неа едно 5-6 години и позгодна.

Кој кур демек правила курци ташаци-како не
Имала бојли цицки и била помлада, а оваа гарант се запуштила у изглед па ќе ја шутне. Плус гарант мивкана глумела невиност и не лежела ко мртов коњ у крвет.

да не зборам дајле ... осеќам на клада ќе завршам
 
Член од
19 јули 2006
Мислења
3.157
Поени од реакции
129
Десет години се многу време. Многу врски траеле и пократко. Нема што да се жали, нека оди понатаму, таков што те остава за една недела не ти ни треба.

Да не била таа сега утре на некое службено патување ќе била некоја друга пошто да не превариш е и одлука а не само момент на страст.

И ќе ја повторам реченицата: Тоа што е не е твое не можеш да го задржиш а тоа што е твое не можеш да го изгубиш.
 
P

Princ

Гостин
Не би рекол дека парови после 8, 9 па и 11 години раскинуваат поради тие причини (за да падне едниот од партнерите во туѓи прегратки).

Доколку во една врска постои љубовта што постоела на почеток, динамичноста, довербата, отвореноста... таа не може да умре никогаш.
Но, што се случува во животот и во најголемиот дел од врските... двата партнери толку стануваат пасивни што едниот (или двајцата) многу лесно може да се случи да ја напушти врската поради било која причина, а тесна п***а е сосем добра причина во таква околност.

Така да, доколку двајца си одговараат и се надополнуваат во секое поле еден со друг, им нема крај. Љубовта е енергија која треба константно да се напојува. Ако дојде до краток прекин... за една недела завршуваш во туѓи прегратки. И не мора да биде крив тој што завршил во туѓи прегратки, и другиот партнер носи одговорност еднаква.
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Врските се распаѓаат и по 15 години, ако едниот од партнерите гледа дека ја нашол среќата со друга личност. Никогаш нема грешка во раскинување, бидејќи и сите факти да се на вашата односно другата страна, џабе ви е. Што викаат старите „ако петлето не ви пее“ џабе ви е со сила некого да принудувате. За да можат двајца да бидат заедно едноставно мора да *CLICK*-нат едни со други. Да имаат заеднички цели во животот.

Секогаш има разлики кај партнерите и добро е да ги има. Се зачувуваме самите себе си, бидејќи некогаш се паѓа буквално во депресија откако некои се загубиле самите себе си во врската.

Кратко и јасно

1) Бидете свои (не своеглави)
2) Прифатете го партнерот таков каков што е, бидејќи ВИЕ сте го избрале
3) Никогаш не му се качувајте на глава „Да ви јаде од рака“, секогаш подсвесно нека има партнерот на знаење дека ако ја претера може да јаде клоца. Ова не е да бидете bitch или bastard ова е на знак дека за се треба да има граници.
4) Секогаш правете сексот да ви е интересен. Особено добро тука се секс фантазиите и секогаш измислувајте некакви провокативни секс фантазии. Обична секс фантазија во кревет нема да спопали колку што може на јавно место (пример). Притоа секс фантазиите не ги правете екстра романтични бидејќи мажите НЕ СЕ ПАЛИМЕ НА СВЕЌИ И РУЖИ!
5) Однесувајте се убаво со партнерот, особено во интимните моменти. Искажете си љубов, значи со зборови (не од типот ама се подразбира со моите постапки). Не сте 45 годишни па да се палите на добар ручек и тоа да ви покажува љубов. Тоа да е дел од љубовта но не е првиот начин на искажување на љубов.

 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Прво сакам да раскажам една статија што од блиска личност се случи деновиве.Одеа 10 години,најубавите кога требаше да се забавува ги помина со него.Мислеше дека тој е вистинскиот,дека нема потреба од друг,дека она му единствена.Последната година живееја во различни градови,поради работните места,сепак мора да се мисли на финансиите.Поретко се гледаа,обврските го направија своето.За една година,доживеа такво помешување на чувства,што кога беше до неа ја тераше на повраќање,буквално неможеше да го гледа,а секс само за празници.Далечината и ги отвори очите и она сега виде колку е добро да се биде сам,дека има живот и без него,дека има и други работи што го исполнуваат човек на 27 години.Сега сфати дека на љубовта не се гледа баш толку трагично како на 18.Стегна заби и раскина,немаше љубов,немаше страст,имаше само спомени.Моментално е сама и ужива во животот.
Зошто мажите не ја окончуваат таа долга врска во брак туку прекинуваат и се венчаваат со друга девојка која ја познаваат релативно малку време?
Што прават погрешно тие девојки за на крај да бидат “шутнати“?
Значи не само мажие,туку и жените се исти по тоа прашање.Долгите врски честопати резултираат со брак.Но верувам и дека процентот на развод е голем,колку и да ја одржуваш таа врска,организмот премногу ја изгустирал особата.Веќе се знаеш и ништо не те изненадува.Лошо е да побараш нешто интересно,на страна.Долгата врска е како обврска да ја земеш особата,од машки аспект тоа е девојката која морално неможат да ја остават (ако се чувствителни( или девојката која најдобро ја познаваат и ги сака дебели (нели пуштаат стомаци како трудни жени) :)Додека жените како да не оставаат опција за друг,не се замараат со потраги,некаде после 5/6 год. почнуваат повторно да мислат на својот физички изглед,диети,фризури...и некаде во позадина некој колега ќе ги освои,слчајно :)
Би рекла дека страста е пресудна за распад на долгите врски,ја нема во врската,а ја има надвор од неа.Тој што ќе рече дека има силна страст на 10 години лаже или често пати изневерува,доживувал турбуленции со саканата особа:smir:
Никој не прави ништо погрешно,едноставно поминува и љубовта и страста,а приказните за одржување на вечна љубов паѓаат во вода.Некаде и негде некој е поинтересен.
Само со годините и различно се гледа на овие работи.Баш тоа разговараме со другарките,кога ми раскинаа на 16 мислев дека не ми треба повеќе живот,на 18 мислев дека не сум за љубов,дека за мене нема спас,дека само на идиоти налетувам и се мавав од земја.На 21 мислев дека можам да омажам за човекот кој го сакав,на 27 мислам дека ништо страшно и да ја раскинам долгата врска има милион опции.Кој знае што ќе мислам на 35 :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Типката е глуперда(онаа која плаче де) ... тоа така не се прави. Повеќето мажи кои се ожениле со овдешни жени се ожениле во рок од 2 години и трудна била таа.
Јебеш глуперди само веруваат у поштеност и амерички филмови каде типот ја зема чим ќе заврши факс(нетрудна)
Второ ти не се фаќаш со некое креле од 21 годин па идеш со него 10 години се знае се фаќаш со некој минимум постар 5 години и кој мисли на брак фамилија .
Трето крелено ја шутнал зошто таа очекувала да ја земе за жена а не демек она е послободна вов рска со сексот или затоа што таа курот ја болело . Плус гарант типката била помлада од неа едно 5-6 години и позгодна.

Кој кур демек правила курци ташаци-како не
Имала бојли цицки и била помлада, а оваа гарант се запуштила у изглед па ќе ја шутне. Плус гарант мивкана глумела невиност и не лежела ко мртов коњ у крвет.

да не зборам дајле ... осеќам на клада ќе завршам
Well...
Има голема вистина во ова... Се опуштаме сите ние во врската, нарочито ако е подолга... А секое човече си бара внимание...па после крив ни Трајко...
 

|Volkswagen|

Тастатурата е посилна од мечот!
Член од
21 јули 2009
Мислења
2.725
Поени од реакции
895
Епа то е то. Кога ќе се изгорите неколку пати ќе дувате и на јогурт :) Затоа мора секогаш да правите да ви е интересно!
 
Член од
20 октомври 2009
Мислења
5
Поени од реакции
1
Една од најинтересните книги што сум ги прочитал во животот се вика "Why men love bitches"...

Накратко, книгата од Sherry Argov е феноменална... А можела да ја крсти и "Why women loves assholes", и пак би била точна. Отприлика истиот филм е.
 
Б

Бат Елохим

Гостин
Зошто мажите не ја окончуваат таа долга врска во брак туку прекинуваат и се венчаваат со друга девојка која ја познаваа
Што прават погрешно тие девојки за на крај да бидат “шутнати“?

М? :smir:
Девојките не прават ништо лошо. Не верувам дека е до некого. Поготово во долга врска, па уште ако е почната врската на помлади години. Понатака заради различните ситуации кои ги носи животот, луѓето се развиваат во поразлични особи со поразлични потреби отколку на почетокот на врската.

Не е ни до некоја друга... ако не е другата ќе биде трета... едноставно живот е тоа. не знаеш утре што ти носи.

аха и да... а планирал ли ТОЈ да и биде сопруг? или пуста еднострана желба...
 

Wa_sa_ka_ha_ta

свежо офарбана
Член од
16 мај 2009
Мислења
72
Поени од реакции
5
хаха, добра тема, баш ме заскокотка, онака од сите страни...

во врска со кучката..па редно е веќе еднаш да почне и онаа „добрата и паметната -да стане кучка „ и следниот пат памет у глава...барем ние жените имаме еден куп тајни финти што може да го свртат фраерот (оној де со кој си 10 години) нешо како извини срцка ( да да тој фраерот срцката со кој си 10 години) денес сум на масажа има еден нов салон за масажа и малиот таму ептен добар иправува грбови...аууу цел ден пред компјутер ми се искриви кичмата мора да идам кај малиот да ме исправи...па да видам дали ќе иде по други кучки или како куче ќе те чека пред салон и нон стоп ќе те зивка на тел дали си готова...

до Лендра:

на 35 ќе почнеш да ги приметуваш оние за кои до вчера мислеше дека се мрсулковци...:vozbud:

а на 39 и пол како мене ќе си правиш шеги самата на себе :kez:и ќе се осеќаш како тинајџерче кога младиот комшија ќе ти рече „извинете г-ѓа Леандра денес многу убаво мирисате„ ...

ааа да и одвреме навреме ќе посакаш овој памет да го имаше на 21 :pipi:...

ај чаос
 

Kajgana Shop

На врв Bottom