Кучката што ми го украде идниот сопруг

Член од
31 мај 2008
Мислења
803
Поени од реакции
33
Прво сакам да раскажам една статија што од блиска личност се случи деновиве.Одеа 10 години,најубавите кога требаше да се забавува ги помина со него.Мислеше дека тој е вистинскиот,дека нема потреба од друг,дека она му единствена.Последната година живееја во различни градови,поради работните места,сепак мора да се мисли на финансиите.Поретко се гледаа,обврските го направија своето.За една година,доживеа такво помешување на чувства,што кога беше до неа ја тераше на повраќање,буквално неможеше да го гледа,а секс само за празници.Далечината и ги отвори очите и она сега виде колку е добро да се биде сам,дека има живот и без него,дека има и други работи што го исполнуваат човек на 27 години.Сега сфати дека на љубовта не се гледа баш толку трагично како на 18.Стегна заби и раскина,немаше љубов,немаше страст,имаше само спомени.Моментално е сама и ужива во животот.

Значи не само мажие,туку и жените се исти по тоа прашање.Долгите врски честопати резултираат со брак.Но верувам и дека процентот на развод е голем,колку и да ја одржуваш таа врска,организмот премногу ја изгустирал особата.Веќе се знаеш и ништо не те изненадува.Лошо е да побараш нешто интересно,на страна.Долгата врска е како обврска да ја земеш особата,од машки аспект тоа е девојката која морално неможат да ја остават (ако се чувствителни( или девојката која најдобро ја познаваат и ги сака дебели (нели пуштаат стомаци како трудни жени) :)Додека жените како да не оставаат опција за друг,не се замараат со потраги,некаде после 5/6 год. почнуваат повторно да мислат на својот физички изглед,диети,фризури...и некаде во позадина некој колега ќе ги освои,слчајно :)
Би рекла дека страста е пресудна за распад на долгите врски,ја нема во врската,а ја има надвор од неа.Тој што ќе рече дека има силна страст на 10 години лаже или често пати изневерува,доживувал турбуленции со саканата особа:smir:
Никој не прави ништо погрешно,едноставно поминува и љубовта и страста,а приказните за одржување на вечна љубов паѓаат во вода.Некаде и негде некој е поинтересен.
Само со годините и различно се гледа на овие работи.Баш тоа разговараме со другарките,кога ми раскинаа на 16 мислев дека не ми треба повеќе живот,на 18 мислев дека не сум за љубов,дека за мене нема спас,дека само на идиоти налетувам и се мавав од земја.На 21 мислев дека можам да омажам за човекот кој го сакав,на 27 мислам дека ништо страшно и да ја раскинам долгата врска има милион опции.Кој знае што ќе мислам на 35 :)
пази да не останиш стара мома.мала шега:helou:

Не направиле ништо погрешно! Едноставно имале среќа во животот на некоја друга да и се „падне“ токмакот кој порано или подоцна ќе го направи истото и со неа...
Нека си каже: „Среќа! Се спасив!“
Евтините жени нека ги задржат евтините мажи!
се согласувам,токмакот не знаел ваљда што сака
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Зошто мажите не ја окончуваат таа долга врска во брак туку прекинуваат и се венчаваат со друга девојка која ја познаваат релативно малку време?
Што прават погрешно тие девојки за на крај да бидат “шутнати“?
Па, мажите сфатиле дека последните 5-10 биле во врска, па затоа ја „шуткаат“ девојката и имаат луд живот кој сметаат дека го пропуштиле.

Девојките не прават ништо погрешно. Ако го сака и се однесува нормално со него-што е погрешно тука?

Мене во ваквите раскинувања ама баш ич не ми е виновна третата девојка таканаречената КУЧКА.
Нејзе баш треба да и бидеме благодарни што дошла на време, пред да стапат во брак, па ТЕЕЕЕЕЕК тогаш да се покаже вистинското лице на типот и да ја остави. Кај ќе се лупа после.
Или да имаат деца, па ради хормони да остаи семејство. Или да не ја остаи, ама да ја вара.

Така да, коа ќе размислам, би и се заблагодарила.

А и никој не може да ми земе нешто што не било мое.
Ако он решил да ме остави мене и да оди со друга, тогаш немал некои особени чувства за мене.
Како и да е, он ќе си прави споредби у глава, и сам ќе си сфати што оставил а што добил.
Сеа, дали ќе биде доцна или не-знак прашање.

У секој случај, единствен виновник е он, што дозволил да трае толку врската без емоции и што немал храброст да ја прекине на време.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Социјализмот пропадна од истите причини како таа врска, само што тој подолго се тетеравеше. Едноумието кое постепено завладеало во таа врска довело до монотонија и застарување на креативните способности. Строгата контрола и петогодишните планови само однапред ја предвидувале, но не ја освежувале таа врска со повеќе дух. Паролите кои што ги употребувале за покажување на чуствата толку биле застарени што како Оче наш се пофторувале без никаква намера за постигнување на вистинската им намена. Дневниот ред кој за сето време не бил променет, под точката разно завршувал со: Имали нешто нејасно?...Нема. Изборот на забранетите продукти се одвивал исто така монотоно според однапред утврдените правила: Фабриките на работниците, земјата на семјоделците, но само декларативно. Единствено сонот за промени се одвивал со сета креативнос. И моментот на промени дошол тогаш, кога некој помислил дека врската доживеала кулминација. Понатаму тоа е молскавична револуција и ослободување од диктатура. Сепак влегувањето во нова врска толку брзо, претставува желба за градење на едни релаксирачки односи, но со доза на една непознаница, која заради авантуристичкиот тип на засновање може да биде една неуспешна транзиција.. Не заради друго, туку заради стекнати навики од претходната врска.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
Се се, само не ми е јасно -од каде тоа иден сопруг во насловот. И да, 8 години...тоа е брак не е врска-само без деца и документ. И, да "ми го украде", ко да момче или девојка е приватна сопственост
:jaj:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031

Точно! Не е приватна сопственост се додека не се здружат алиштата во заеднички шкаф! :pipi:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.184
Точно! Не е приватна сопственост се додека не се здружат алиштата во заеднички шкаф! :pipi:
Можда дури ни тогаш-јас сум сопственик на себеси. Штом се здружат алишта тоа би било верност, несебичност, совесност, поштување на некои од божјите закони, почитување на мајката на своите деца или таткото на своите деца...а врз база на тоа што го викаме (а кизнај што му е у ствари дефиниција) љубов...а врз база на компетитивност, што би било освоујвање и задржување на партнерот (без стомак и колкови како Боки, бапски фустан, скинати хулахопки и нагризан лак за нокти и без стомак, незабриченост, подочњаци и слични врлини на запуштени партнери :) сигурни во себе) и така натаму. Да не дозволи некоја колешка да го џапне успут (или некоја која е махер за секс...и тоа си е дел и тоа многу битен дел од животот и компетитивноста).
И така... :)
 
Ова беше во еден здив...

Инаку, да!
 
Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.805
Поени од реакции
20.144
Никој неможе да украде некој кој несака да е украден, нема другата магично стапче па да прави чуда, него на тој кој бега во туѓата прегратка му скурчило и ете на некој начин нашол доста цврста причина да стави точка, некој ќе пати подолго време, но се радувам за тие кој на крај ќе видат дека сето тоа сепак било среќа у несреќа, и сега насмевките се поискрени а не морални и ради навика и реда.
Неможат сите да се директни и да сечат во моментот кога навистина осеќаат гушење и гадење, некој бараат причина чисто и доста јасно бараат за нешто да се фатат за да може нивната совест барем малку да се оправдува и да е почиста.
Кучки нема, има само подобра опција.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Точно! Не е приватна сопственост се додека не се здружат алиштата во заеднички шкаф! :pipi:

Дури ни тогаш не станува збор за никаква сопственост.
Верноста не треба да се разликува во зависност од обликот во кој се манифифестира љубовта, не треба да се разликува во врска или брак или пак годините на траење на истата да бидат пресудни.
Можеби се зацвртува и обликува постојано, но приматот е истиот.

Никој неможе да ти украде тоа што е твое, ако веќе е украдено значи не е твое. Подобро да го украде одколку да е до мене, а украден :).
 
ex machina

сфинге раја
Член од
4 септември 2007
Мислења
721
Поени од реакции
104
Зошто мажите не ја окончуваат таа долга врска во брак туку прекинуваат и се венчаваат со друга девојка која ја познаваат релативно малку време?
Што прават погрешно тие девојки за на крај да бидат “шутнати“?
Погрешно? Плачат наоколу наместо да ја земат одговорноста за сопствениот живот и сопствената среќа во свои раце. На „кучките“, им лепат етикети со имиња и наместо да учат од нив.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Дури ни тогаш не станува збор за никаква сопственост.
Верноста не треба да се разликува во зависност од обликот во кој се манифифестира љубовта, не треба да се разликува во врска или брак или пак годините на траење на истата да бидат пресудни.
Можеби се зацвртува и обликува постојано, но приматот е истиот.

Никој неможе да ти украде тоа што е твое, ако веќе е украдено значи не е твое. Подобро да го украде одколку да е до мене, а украден :).
Да,да :)
Туку,сакав да напоменам дека тоа не се случува преку ноќ.За да некој растури долга врска,треба време и време поминато со твојот партнер.За една ноќ никој не фрла 8 години.
Затоа на првиот сомнителен чекор,палката во раце и во борба :vozbud:
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Дури ни тогаш не станува збор за никаква сопственост.
Верноста не треба да се разликува во зависност од обликот во кој се манифифестира љубовта, не треба да се разликува во врска или брак или пак годините на траење на истата да бидат пресудни.
Можеби се зацвртува и обликува постојано, но приматот е истиот.

Никој неможе да ти украде тоа што е твое, ако веќе е украдено значи не е твое. Подобро да го украде одколку да е до мене, а украден :).
Шеговит ми беше коментарот со шкафот...
Една од поголемите вистини што ја кажуваш е дополнувањето на тоа што го кажа Марсовка: врската треба да се негува, каква и да е! Џабе ние остриме нокти тука истото важи и за мажи и за жени, и во брак и во врска... На најубава орхидеја ако не и ставиш водичка, се гужваат цветовите. (марсовка, вака се прават споредби, а не ти со мртви коњи! :smir:)

Последица на целокупното сваќање и разбирање на сопствена врска резултира со квалитет и длабочина.

Има жени што се опуштаат премногу, па си викаат: после толку години, што има тука, мој си е... Хорор филм...
А, има и мажи кои дефинитивно не си ги заслужуваат половинките поради базично-хормонални нагони... Happy end за женската половинката...
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Точно! Не е приватна сопственост се додека не се здружат алиштата во заеднички шкаф! :pipi:
По здружувањето на алиштата во заеднички шкаф станува акционерско друштво, кое секогаш функционира на принципот 50+1... се разбира тој +1 често пати се шета од едната на другата страна во зависност од моменталниот интерес на акционерите
 
sweet girl***

I wish that...
Член од
4 октомври 2008
Мислења
310
Поени од реакции
10
Не направиле ништо погрешно! Едноставно имале среќа во животот на некоја друга да и се „падне“ токмакот кој порано или подоцна ќе го направи истото и со неа...
Нека си каже: „Среќа! Се спасив!“
Евтините жени нека ги задржат евтините мажи!
napolno se soglasuvam so ova sto go kaza!koga togas taa kje svati deka toj vsusnost i napravil usluga so toa sto go napravil zatoa sto podobro na vreme da se zavrsi taa vrska so edna takva sebicna i neodgovorna lisnost
 
M

marsovka

Гостин
Шеговит ми беше коментарот со шкафот...
Една од поголемите вистини што ја кажуваш е дополнувањето на тоа што го кажа Марсовка: врската треба да се негува, каква и да е! Џабе ние остриме нокти тука истото важи и за мажи и за жени, и во брак и во врска... На најубава орхидеја ако не и ставиш водичка, се гужваат цветовите. (марсовка, вака се прават споредби, а не ти со мртви коњи! :smir:)
Марсовка може и така ама у главчето нема да им влезе а вака им ем смешно ем им останува у главчето.
Истово ова што јас го кажав гарант сите го имаат прочитано 200 пати ама никако да им влезе у главчето , а вака ти текнува она со мртвине коњи и еден ден ќе им текне ( се надевам не прекасно):smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom