Многу лош пораз за Лејкерс е ова. Лош од причина што Бостон повторно изигра релативно слабо, Пирс не може да го најде ритамот и Ален не може да погоди за 3 поени. Секако не верував дека Лејкерс ќе ја заврши работата уште во Бостон, но имам чувство дека на наредниот натпревар Бостон ќе експлодира и лесно ќе победи.
Последната четвртина беше една од најфрустрациските што ги имам гледано во последно време за една екипа. Резервите на Бостон не промашија, 3 или 4 пати имаа 2+1 ситуација, еден куп офанзивни скокови, 2 или 3 украдени топки во ситуација кога се кршеше резултатот и тоа беше клучен момент.
Не ми пречи толку начинот на славење ама едноставно Бостон ми се одвратна екипа. Она свинчето Дејвис не можам да го гледам, уште па со јазик кога ќе почне да изведува нешто, Нејт се пали како мајмун на секој кош, Реј Ален некоја подмолна насмевка, заедно со никаквата мајка негова што скока цело време.