- Член од
- 17 март 2005
- Мислења
- 11.493
- Поени од реакции
- 1.587
Затворено прашањето за границата кон Косово
Македонија и Косово го затворија прашањето за граница. Договорот за физичката демаркација го потпишале премиерите Никола Груевски и Хашим Тачи доцна синоќа.
Со договорот се решени и досега спорните делови на границата долга 260 километри. Македонија ќе добие 160 метри повеќе кај местото Луково Поле на Шар Планина, а Косово ќе добие околу 155 метри кај Дебалде, во близина на Кодра Фура.
Властите во Скопје тврдат дека се работи за балансирани и нужни прилагодувања, направени врз основа на веќе постојниот договор склучен со Сојузна Република Македонија во 2001, кој е депониран во Обединетите Нации.
„Затвораме едно мало, но сепак значајно прашање на техничка демаркација помеѓу РМ и Република Косово. Сметам дека тоа е нешто што ги заштитува нашите национални интереси, оди во нивен прилог, ги унапредува билатералните интереси и соработка помеѓу Македонија и Косово“, изјави Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.
„Од друга страна, има и регионално, би рекол и европско значење“, додаде Милошоски.
Договорот за границата ќе стапи во сила откако ќе го ратификуваат парламентите и во двете земји.
Македонското Собрание денеска на пладне почна итна седница, но расправата воопшто не одеше мазно и покрај присуството на странските амбасадори.
Опозицијата обвини дека наместо обележување, се прави промена на границата. Најавија и оспорување на законот пред Уставен.
„Со Анексот којшто го правиме, вие за првпат ја менувате граничната линија и границата која постоела децении наназад меѓу Македонија и Косово. Тоа не може да го направите во оваа процедура, како што било направено во 2001-та, затоа што се ратификувал само договор кој не значел и промена на границите повеќе од договорените 150 метри“, вели Владо Бучковски, СДСМ.
„Минорни измени. Знаете тоа како изгледа? Живеете во една куќа и балконот го отстапувате. Зошто? За да ги земете жбуновите позади. Балконот си го отстапувате! Клучната точка на нашата северна граница“, рече Игор Ивановски, СДСМ.
„Она што е полошо отколку пишување на ратификацијата, е опасноста да останеме повторно на претходниот статус, а тоа е статус на неопределена граница, нејасно дефинирани територии и се разбира, кршлив територијален интегритет на РМ“, изјави Ермира Мехмети, ДУИ.
Премиерот Груевски ги отфрли обвинувањата. Нападите на опозицијата биле за собирање на политички поени.
„Нема никаква причина за било какво стравување затоа што со овој договор државата не губи ниту милиметар. Јас сакам да ве убедам дека никогаш и по никоја цена не би потпишал нешто со коешто би изгубиле еден милиметар, а камо ли нешто повеќе од територијата на РМ“, изјави премиерот Никола Груевски.
Со затворањето на прашањето за границата кон Косово, Македонија ќе биде една од ретките земји во регионот без гранични спорови со ниту еден од соседите.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115092