Демаркација на границата со Косово

Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.587
Затворено прашањето за границата кон Косово



Македонија и Косово го затворија прашањето за граница. Договорот за физичката демаркација го потпишале премиерите Никола Груевски и Хашим Тачи доцна синоќа.

Со договорот се решени и досега спорните делови на границата долга 260 километри. Македонија ќе добие 160 метри повеќе кај местото Луково Поле на Шар Планина, а Косово ќе добие околу 155 метри кај Дебалде, во близина на Кодра Фура.

Властите во Скопје тврдат дека се работи за балансирани и нужни прилагодувања, направени врз основа на веќе постојниот договор склучен со Сојузна Република Македонија во 2001, кој е депониран во Обединетите Нации.

„Затвораме едно мало, но сепак значајно прашање на техничка демаркација помеѓу РМ и Република Косово. Сметам дека тоа е нешто што ги заштитува нашите национални интереси, оди во нивен прилог, ги унапредува билатералните интереси и соработка помеѓу Македонија и Косово“, изјави Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.

„Од друга страна, има и регионално, би рекол и европско значење“, додаде Милошоски.

Договорот за границата ќе стапи во сила откако ќе го ратификуваат парламентите и во двете земји.

Македонското Собрание денеска на пладне почна итна седница, но расправата воопшто не одеше мазно и покрај присуството на странските амбасадори.

Опозицијата обвини дека наместо обележување, се прави промена на границата. Најавија и оспорување на законот пред Уставен.

„Со Анексот којшто го правиме, вие за првпат ја менувате граничната линија и границата која постоела децении наназад меѓу Македонија и Косово. Тоа не може да го направите во оваа процедура, како што било направено во 2001-та, затоа што се ратификувал само договор кој не значел и промена на границите повеќе од договорените 150 метри“, вели Владо Бучковски, СДСМ.

„Минорни измени. Знаете тоа како изгледа? Живеете во една куќа и балконот го отстапувате. Зошто? За да ги земете жбуновите позади. Балконот си го отстапувате! Клучната точка на нашата северна граница“, рече Игор Ивановски, СДСМ.

„Она што е полошо отколку пишување на ратификацијата, е опасноста да останеме повторно на претходниот статус, а тоа е статус на неопределена граница, нејасно дефинирани територии и се разбира, кршлив територијален интегритет на РМ“, изјави Ермира Мехмети, ДУИ.

Премиерот Груевски ги отфрли обвинувањата. Нападите на опозицијата биле за собирање на политички поени.

„Нема никаква причина за било какво стравување затоа што со овој договор државата не губи ниту милиметар. Јас сакам да ве убедам дека никогаш и по никоја цена не би потпишал нешто со коешто би изгубиле еден милиметар, а камо ли нешто повеќе од територијата на РМ“, изјави премиерот Никола Груевски.

Со затворањето на прашањето за границата кон Косово, Македонија ќе биде една од ретките земји во регионот без гранични спорови со ниту еден од соседите.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115092
 
Член од
11 октомври 2009
Мислења
9
Поени од реакции
0
Владата го прави она што никој досега не го направил на Балканот. Евтина е приказната за хидроцентралата на Шар Планина, вие не ни знаете каде се наоѓа тој потег, таму не може да се постави ни далновод, а не пак да се изгради хидроцентрала. Дебалде и Кодра фура се познати по инциденти и тоа со криминални активности, и треба да ни кажете како во иднина ќе се одрази тоа на безбедносната состојба во државата“, рече во својот говор пратеникот Ивановски.

Бучковски пак, вели дека целиот Договор ќе падне пред Уставниот суд бидејќи Анексот со кој се предвидени измените во граничната линија, треба да оди во процедура како за измена на границата. Според членот 74 Уставот, тоа би значело Собранието да донесе Одлука за промена на границата со 2/3 мнозинство, а потоа истата да добие поддршка од граѓаните на референдум. Според пресметките на опозицијата, Македонија со Договорот прави отстапки за повеќе од 650 метри на македонска територија, па поради тоа бараат составен дел од Договорот да бидат и топографските мапи и аеро-снимки од тој дел.

Да не става сбор за размена на територи со гориjанско и албанско население?
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Може со слики нешто кои се спорни делови. И кои би требало да ни припаднат нам ?
 
Член од
5 јуни 2007
Мислења
890
Поени од реакции
9
Колку што јас разбрав Кодра Фура е единственото нешто навистина стратегиски на тој потег и ОСТАНУВА во Mакедонија.

Тука станува збор за неколку ниви најверојатно ... оваа другава приказна со езерото не ја знаев ... ама мислам дека ние сме во ќар некои 30-ина хектари.

Bо секој случај и јас да бев опозиција ова ќе ми беше причина да пукам со сета сила. :) Интересно е тоа што СДС-то ова го прави пред будните очи на гарантите од САД и ЕУ кои исто така присуствуваа.

И дали демаркацијата е техничко прашање...чисто се сомневам дека имаш отидено подалеку од Волково на север. :)
 

Quark

brr,brr...zbrc
Член од
12 март 2008
Мислења
3.489
Поени од реакции
156
Стратегички размената не е добра за Македониjа. Дебелде е многу близо до главниот град Скопиjе.На Македониjа дават едно место/езеро/ мегу две албански држави.

Демаркација е многу по опасна за Македонија, од прашането за името.
Sto istropa sega zivti sVe?!!!

Sledi mu logika.... strategiski razmenata ne bila dobra za Makedonija bidejki Debelde e mnogu blizu do Skopje...... ncncncnnc....
pa granicata e blizu do gradot be, ili aj da ja pomestime granicata do Pristina pa da ne bide blizu Skopje..... Bog da cuva Zubizarreta da brani od vakvi genijalni umovi.
 
Член од
20 јуни 2007
Мислења
809
Поени од реакции
18
Sto istropa sega zivti sVe?!!!

Sledi mu logika.... strategiski razmenata ne bila dobra za Makedonija bidejki Debelde e mnogu blizu do Skopje...... ncncncnnc....
pa granicata e blizu do gradot be, ili aj da ja pomestime granicata do Pristina pa da ne bide blizu Skopje..... Bog da cuva Zubizarreta da brani od vakvi genijalni umovi.
Бугарска работа...:toe:
 
Член од
11 октомври 2009
Мислења
9
Поени од реакции
0
strategiski razmenata ne bila dobra za Makedonija bidejki Debelde e mnogu blizu do Skopje...... ncncncnnc....
pa granicata e blizu do gradot be, ili aj da ja pomestime granicata do Pristina pa da ne bide blizu Skopje....
Дано ти да си прав и демаркацијата да е добра за Македонија.
 
Член од
13 јули 2006
Мислења
15.455
Поени од реакции
18.455
Дано ти да си прав и демаркацијата да е добра за Македонија.

Затвораме уште едно прашање, со тоа уште помалце причини Грција да не попречи за датум за преговори.

Секое вето е ново прекршување на спогодбата, уште еден доказ за на суд против Грција.

Сето ова е американско работа, тргнати се да го средат балканот.
 

skywallker77

realen pragmaticar
Член од
1 октомври 2009
Мислења
223
Поени од реакции
28
Pozitivno vo sekoj slucaj,dodeka opozicijata kolku i da e vo red obelezuvanjeto jasno e deka ce izleguva so vakvi stavovi samo poradi sobiranje politicki poeni.
 

^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
Pozitivno vo sekoj slucaj,dodeka opozicijata kolku i da e vo red obelezuvanjeto jasno e deka ce izleguva so vakvi stavovi samo poradi sobiranje politicki poeni.
Остави на страна собирање на политички поени. Нека дадат прецизно на карта што е остапено, а за компензација што е добиено. Посебно е важно да видиме каде е сега стратегиската точка Кодра Фура. Тие што учествувале во конфликтот 2001, најдобро знаат колку е важна оваа точка и што би било доколку не е под наша контрола. Можеби се е во ред и можеби немаме направено некоја глупост. Но прецизно нека прикажат, црно на бело.

Исто така да се запази законската процедура за менување на границите, за што е потребно двотретинско мнозинство.
Кога сето ова ќе се обезбеди и кога ќе видиме дека постигнатиот договор е во ред, потоа нека се расправаат колку сакаат и нека собираат политички поени. И така до избори има уште многу и во моментов е најмалку важно на кого рејтингот ќе се зголеми, а на кого ќе падне.
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
2.201
Поени од реакции
86
Остави на страна собирање на политички поени. Нека дадат прецизно на карта што е остапено, а за компензација што е добиено. Посебно е важно да видиме каде е сега стратегиската точка Кодра Фура. Тие што учествувале во конфликтот 2001, најдобро знаат колку е важна оваа точка и што би било доколку не е под наша контрола. Можеби се е во ред и можеби немаме направено некоја глупост. Но прецизно нека прикажат, црно на бело.
Не верувам дека има некој доволно луд да ја остави Кодра Фура.Инаку во право си од Кодра пола Косово е на дланка.

ПС Кајсер потписов ти е кома.
 
Член од
7 мај 2005
Мислења
1.231
Поени од реакции
307
Не верувам дека има некој доволно луд да ја остави Кодра Фура.Инаку во право си од Кодра пола Косово е на дланка.
Нема логика во кажаното, дообјасни се.

"Некој" -- кој -- ќе ја оставел Кодра Фура каде?

Кодра Фура е во Македонија и ниеден политичар нема право ниту пак смее да се дозволи "давање" територии, како што Глигоров направи кога и отстапи на Србија неколку стотини метри македонска земја во 1990-91.

Вистина ли е кажаново за наводната трампа на Кодра Фура или А1 продолжува со анти-македонската политика?? Ако е вистина, дали е под нечиј притисок?

Се изјаснил ли Македонскиот народ за ваквата наводна трампа со територии?! Ако не, зошто не??
 

Kajgana Shop

На врв Bottom