Шкорпион
Corvus oculum corvi non eruit?
Ноуп. 1х1х1=1 Претходното е математични неточно.
Горното е математички погрешно напишано. Јас претставив собирање. од кога собирањето е исто што и множење?
Јас реков како може збир од три работи да е еднакво на една? Не спомнав множење тука. Тоа што ти си стави множење тоа е друга работа.
Како и да е, сум земал да разглабам математика на човек кој не прави разлика меѓу збир и производ .... Оф леле ....
Ај порасни.
Доволно сум голем за да те научам некои работи. Што е, не ти се допаѓа прашањето? Или немаш одговор на истото? Оуу, чекај, да не се најде како еден од тие луѓе кои ги спомнав горе? Стравопочитта е страва работа

Идеш у црква без да веруваш. Лицемерно не?
Мислам дека не е. Идам од неколку причини. Прво, уметник сум, од уметнички аспект ги обожавам иконите,фреските. Второ, обожавам и архитектура. Особено стари градби. Трето, фамилијарна традиција која сакам да ја негувам. Да не е сето ова лошо?
Па што онда да правиш? Да палиш свеќи и да огранизираш слави за светци (нив да ги славиш)?
Не, туку ќе живеам удобно со знаењето каква будала сум бил претходно, и колку добро се осеќам сега, што знам дека постои и дека е вистина. Како што ти реков, не би ми пречело ама ич. Но да обожувам некого? Извини, боље би го одбрал пеколот. Не клекнувам пред никој и да го славам, ни пред бог.
И мене ми личиш на таков, па некому ништо.
Е ако де. Од секогаш сум бил детињаст. Ама мене ми одговара како несовршено суштество, а не на дефиницајата за што е Бог.
Зашто го распнаа? Пилат го три пати го прогласи за невин.
Како што реков, crazy romans. Од секогаш сум ги мразел.
Вечна смрт.
Боље него вечно да удоволувам нечие его.
Смртта е платата за гревот.
Било кој грев? Јас се каам постојано за грешките кои ги правам. Зошто мене да не ми е простено како и другите? Што е, ти си привилегиран зошто се нарекуваш христијанин? Па ти се простува?
Каде тоа? Корпус деликти?
Деби кажа самиот малку наназад, може да ти потврди.
А ти мислиш дека тука Некој пасе трева а?
Па улогата на овца ти прилега. Без навреда, не беше Исус тој кој ве нарече негови овци а тој вашиот пастир?
Твое мислење.
И на билион кусур други луѓе.
1. Браво за тебе.
Фала. Обожавам да склопувам аматерски теории за било што.
2. Не реков дека знам се. Бог има причина за се. Па и да се само за да гледаме и да остануваме со отворени усти-сепак вреди.
Тогаш не го дрви како религијата да ти ги дала сите одговори. Е баш тоа, не ќе да е. Извини.
3. Мултиверзумот е глупост невидена.
Кажано од човек кој верува во старче со бела наметка кој го создал универзумот пред 6000 години. A for effort in expressing opinion .... that doesn't really count.
4. Е кој ја одредил таа природа на универзумот?
Самиот универзум. Се однесува како живо битие по многу работи.
5. Ма немој? Мизерен аргумент, морам да признаам. Како давеник за сламка која патем и ја нема.
Мизерен аргумент, или сурова реалност од тој временски период? Историјата веќе направила избор и одлучила што е, а тоа како ќе го толкуваш ти лично си е твој личен избор.
Па не е секој талентиран како Д-р Хаус. Попо? А не, него треба рака да му бациме, не да го шамараме. Може за брадата ќе го потегнам малку.
Па потегни, може ќа му падне. И така вербата во бог им е вештачка, не би се зачидил воопшто.
А за сарказмот, не се учи, извини. Се раѓаш со него. За жал ти не го поседуваш.
Јас сум смииииреннннн... Друже, кога некој јаде палачинки за твојата вера (да претпоставиме дека ја имаш у некој вид), ќе видиме како ќе реагираш.
Па еве, ова на што ти личи? Можеби не палачинки, ама нешто јадеш ... за мојата .... "вера".
Точно е тоа дека во поголем број од случаевите поголемата самодоверба корелира со повисок АјКју.
Јас имам огромна самодоверба, па не значи дека имам голем IQ.
Луѓето со повисок АјКју или "погордите" најчесто не го имаат обратниот квалитет понизноста
Е ова е неточно. Барем се оправдува бидејќи го искористи зборот 'најчесто'. Што значи не кај сите луѓе.
така да може да се каже дека и тоа е причината зошто најчесто стануваат агностици (атеисти ретко стануваат зошто атеизмот е догматска доктрина, верување во нешто недокажано).
И јас бев атеист еден период. Тоа што го кажа е точно. Барем за мене.
Мене искрено ми пречи кога разговарам со ајде да речеме "поглупи" луѓе зошто макар и да тоа во што веруваат е точно не можеш да истераш асален муабет.
Ако терате муабет како колкегава твој Синатра, разбирам зошто. Но ти не ми личиш на таков човек, така да не гледам проблем да истераш асален муабет, со еве да речеме "поглупи" луѓе како мене

Во принцип ме иритираат луѓе што неможат да ги разберат моите ставови,емоции,размислувања.. проблемот е што ретко кој на планетава вистински ме разбира.
Welcome to the club my friend ... Клуб каде членуваат милиони луѓе. Не си единствениот што се чувствува така на тој начин, верувај. Не си сам во тој однос.
Но, уште една главна работа да кажам.
Не е битна ителегенцијата,знаењето, или прочитаните книги најбитен човечки квалитет е понизноста.
Се согласувам дека е битна особина. Една од битните. За човек да биде квалитетна личност потребни се и други квалитети, еве, да ја оставиме интелигенцијата на страна, мое лично мислење е дека, човек треба да поседува: Сочувствување/емпатија, да е способен да простува, безрезервна хуманост, безусловна љубов, разбирање, издржливост и посветеност. Сигурен сум дека како човек скоро сите од овие особини ги поседуваш. Не по заслуга на христијанството што те научило да бидеш таков, туку затоа што длабоко во себе знаеш дека така човек треба да се однесува.
Под понизност не мислам на недостаток на самопочит и чувство на инфериорност туку реална слика за себе си.
А вистинската слика за тоа кои ние всушност сме можеме само да ја добиеме преку точното и длабоко спознание од Библијата.
Не мора да значи. Ете, делиме некои квалитети иако различни (иако некој би дебатирал и на тоа прашање), а јас моите ги немам стекнато од Библијата. Што значи Библијата не е пресудна да научи некого на морални принципи и вредности, и на добри карактерни особености како личност.
Аха... и провери на google stats што дава за однос меѓу IQ, образование и религиозност. Има многу интересни бројки. Нема да ти се свиѓаат, ама секогаш можеш да тврдиш дека студиите се наместени од атеисти.