TAKSIRAT BOOM! FESTIVAL

  • Креатор на темата Креатор на темата Tonchie
  • Време на започнување Време на започнување
После две години паузирање (ланската понудените изведувачи беа као wtf) оваа година едвај чекам да идам.
 
Се ок, само Кирил пак? Или не сум крив што го гледам по 2-3 пати годишно :/ како и да е, риспект за Гуано и Деликвент...другово видено и искусено...
 
па ваљда ќе треба да штедиш. не ми се верува испод 500-600 денари да биде.

500 е ефтино за сите овие бе! Обавезно сме таму така? У први борбени редови.
 
Очекувам од Литиум да напраат ко стално т.е. да пуштат карти на 3 пати и цената да варира во однос на периодот кога ќе се купат . Значи, 400 на почеток , 500 покасно малце, 600 на врата ... или слично ... Добар период го праат, ѕивра - парти : ) ...
 
Лани беа 500 на врата, значи 400 во предпродажба.

прашав бидејќи гледам ќе има поквалитетни групи од лани и да не им текне нешто да ги покачат цените.

Фала богу ќе си јадам ајвар на раат.
 
Овој таксират не се пропушта. У први редови ќе бидам за Џулиет Луис да и упатам шмек. :smir:
 
Јес да не се ко Cypress али Delinquent го имаат квалитетот и дефинитвно не смее да се пропушти ваква ствар.
 
и на официјалната на литиум потврдија за мунспел и елементал
 
Ни претставува огромно задоволство на овогодинешниот Boom Taksirat Festival да ви ги претставиме најдобриот хрватски хип-хоп состав Elemental и најпродаваниот бенд во историјата на португалската музика, металците Moonspell. Овие два бенда ќе настапат на главната вечер на Boom Taksirat Festival што ќе се одржи на 5.12.2009 година.

Elemental во основа е хип-хоп бенд кој не следи строги стилски одредници, туку патува во различните музички жанрови и ги позајмува најпрепознатливите елементи и на тој начин го збогатува сопствениот музички стил. Elemental е основан 1998 година и до сега има издадено четири студиски албуми.

Бендот важи за состав кој става голем акцент на живите свирки, има динамични настапи и извонредна комуникација со публиката. Бендот никогаш не робувал на музичките трендови. Својата музика не ја сметаат за производ, туку за свој уметнички израз, па се трудат во песните да внесат иновативност, креативност, оргиналност и секако свој стил . Не се оптоваруваат со бројот на албуми или синглови што ќе ги продадат.

Групата во 2005 година беше номинирана за три награди „Порин“. Реми вокалистакта на Елементал, пак, доби „Златна кугла“ за најдобар вокал. Освен овие, бендот освои голем број признанија во кариерата и одржа повеќе од 100 концерти во Хрватска, но и во Босна и Херцеговина, Словенија и Македонија. Во февруари 2008 година излезе последниот албум на составот, Под притиском. На него Elemental се претставува во пожесток и поостар звук, а во стиховите истражува експлицитни и општествено релевантни теми.

www.elemental.com.hr

Moоnspell е португалски блек метал/готик, метал дарк со дет/доом метал бенд формиран во 1989 година под името Morbid God. По преименувањето во Moonspell во 1992 година, бендот го издава својот прв сингл Under the Moonspell (1994) што е најава за нивниот прв албум Wolfheart со што ја освојуваат сцената и стануваат еден од најпрепознатливите рок-бендови од Португалија.

Moonspell најголемата слава ја постигна со нивниот албум Sin/Pecado и стана единствен метал-бенд кој покрај Metallica и Iron Maiden бил на прво место на португалските топ-листи. После издавањето на албумот Memorial, во 2006 година Moonspell станува прв португалски бенд со златен тираж.

Moоnspell ја освои метал публиката во Европа и Америка, а во Германија албумот Memorial беше на врвот на топ-листите со месеци.

Monspell се добитници на бројни награди а златните тиражи на нивните албуми зборуваат за популарноста на овој бенд. Во 2006 година победуваат на MTV Europe Music Award во категоријата Best Portuguese Act.

Сценскиот настап, костимографијата и секако музиката што ја создава овој необичен состав ќе биде мотив повеќе да го посетите овогодинешното издание на Boom Taksirat Festival.

http://www.moonspell.com/
 
После две години паузирање (ланската понудените изведувачи беа као wtf) оваа година едвај чекам да идам.

мене и лани ми беше топ :)

Лани беа 500 на врата, значи 400 во предпродажба.

прашав бидејќи гледам ќе има поквалитетни групи од лани и да не им текне нешто да ги покачат цените.

Фала богу ќе си јадам ајвар на раат.


Лани јас ја земав 300 од тие првите шо ги пуштија, мислам дека и оваа година ќе биде така нешто, стотка плус можеби, и би требало ко лани да пуштат прво една тура поевтини и после да ги поскапуваат постепено
 
Мoonspell на таксират!!..дефинитивно се иде оваа година
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom