Тоа што е темнина за човековото око, за тигарот е сосем доволно за да направи прецизен скок кон жртвата.
Тоа што е темнина за човековото око, за рентген апаратот не е.
Светлина е конвенција која ЧОВЕКОТ ја договорил. Се однесува на делот од спектарот кој Е ВИДЛИВ ЗА ЧОВЕКОТ.
Да си учел физика кога за тоа било време немаше да паѓаш под влијанија на манипулатори каков што е Чорбаџија.
Околу доброто/злото.
Добро и зло се ИЗМИСЛИЦИ на човекот. Во природата НЕ ПОСТОИ добро, ниту постои зло.
Библијата е толку застарена книга што паѓа дури и на елементарни тестовина знаење. Така, Библијата ја прогласува змијата за ЗЛО животно (иако тоа нема никаква врска со стварноста) и во своето НЕЗНАЕЊЕ на природата и нејзините закони ТВРДИ дека се храни со земја.
Колку треба да е човек НЕУК за да може да верува на прикаски кои се преполни со идиотизми од типот: „Човекот е направен од кал“, „Жената е направена од ребро“ или „Змијата се храни со земја.“
Не постои апсолутно добро или апсолутно зло. Тоа Библијата те лаже, а ти, греотичка, и' веруваш. Веруваш на еврејски народни приказни кои се 3000 години стари, а потоа редактирани од политичари на царство во распаѓање.
...за да ти денес мислиш дека дедо боже ја диктирал...
Колку само секој си кажува од свој аспект работи кои што држат вода само онака како што самиот токј сака да ги разбере. Кога јас ти пишував дека математички е веројатно да се случил настанот воскреснување на Исус, иако за овој тродимензионален свет засега е непојмливо тоа, но не и за н-димензионален простор во еден недетерминистички систем , твојот одговор беше лаички со реторичко прашање ВО КОЈ СВЕТ ЖИВЕАМ ЈАС? А сега кога имаш прашања за светлината и темнината се повикуваш на глипост дека за тигарот не е исто темнин акако и за нас. ПА ЗБОРУВАМЕ ЗА ТОА КАКО НИЕ ЈА ГЛЕДАМЕ СВЕТЛИНАТА И ТЕМНИНАТА НЕЛИ, А НЕ ЖИВОТНИТЕ???
Подоле велиш дека Доброто и Злото се измислици на шовекот, дека Библијата е неточна и извадени фрази дека човекот е од кал , а жената од реброто на Адам.
Кога сакаш да навредиш некој од верниците тогаш се употребуваат овие цитати од Библијата дека од реброто на Адам е направена Ева и дека животното Змија ја прелажало Ева - за да прикажеш дека сето тоа личи на сказна во која не веруваат ни мали деца. А во суштина знаеш и самиот дека никој не верува во тоа и никој не го прикажува во својот ум онака како што ти го пишуваш на хартија.
Многу од настаните напишани во Библијата се со голема веројатност случени (ова се докажува и математички и се добива веројатност иако многу мала, поради нашето скромно знаење). Тоа што ти сакаш да го претставиш дека е невозможно Исусовото воскреснување (бидејќи за тебе тоа значи телесно воскреснување) не држи вода бидејќи како настан има веројатност дека се случил. Веројатноста дека Земјата ја посетиле вонземјани е помала од таа дека се случило воскреснување. Напиша некаде дека ако сакам да филозофирам за мета физика и теорија на хаос и н-доимензионален простор да одам на друга тема. Зарем не се обидуваш цело време тука со помош на не толку егзактни науки како биологијата да покажеш некои работи дека се невистинити.
Повторно ќе ти поставам прашање во ваш стил:
Ако некој ти каже и со месеци ти вика дека жена ти те вара (како што со години црквата вели дека Исус е бог и воскреснал) а ти викаш не не ме вара и додека не го видиш нејзиниот швалер со свои очи ќе живееш во убедување дека не те вара? Даваше исто некој филозофски одговор околу вонземјаните дека веруваш во можноста дека тие постојат. Па нели верниците веруваат во можноста дека постои бог? ТОа што они сметаат дека е поголема веројатноста од тебе не ги прави помалку учени од тебе.
И повторно ако сакаш да покажеш дека НЕ ПОСТОИ БОГ, тргни со широко распространетиот метод "Да го претпоставиме спротивното" то ест БОГ ПОСТОИ и најди еден куп контрадикторности и ќе покажеш. Ама за жал и некој друг ако тргне од спротивното ДЕКА БОГ НЕ ПОСТОИ за да докаже дека БОГ ПОСТОИ ќе најде еден куп работи кои не се јасни и ќе добиеш можност за постоење на бог.
Со самото тоа што нашето знаење е скромно ќе добиеш многу поголема веројатност дека БОГ НЕ ПОСТОИ отколку некој што го тврди обратното - но тоа не го исклучува сосема неговото постоење.
Повторно ќе кажам исклучи го интерпретирањето на поимот бог како бел дедо со голема брада, гледај ги опишаните настани во Библијата, сите имаат веројатност дека се случиле. Си пишал како можело Ное да се спасил и да соберел и животни и храна на неговата Арка. Што е неверојатно да собрал фамилијата и пар животни и да го преживеал потпот? Тоа што некој сака да прикаже дека Ное ставал по два лава , два слона итн е глупост. ТОј шти пишувал з анего светот бил околинат акај што била поплавата, живиот свет биле познатите животни за него во тоа време, и што е чудно тука и неверојатно?
Повторно ќе кажам дебатирај за конкретни настани во библијата не за тоа што ти мислиш дека некој друг мисли дека Господ е антропоморфен или каков и да е. Зашто го врзуваш воскресението на Исус со господ? КАко изолиран настан веројатно се случил, тоа што некој му придружува божествени елементи е за полесно објаснување на рајата, и затоа што како чин е спектакуларен па мора да се оддели на некој начин од другите вообичаени настани.
Така да не држете се за ваши дефиниции на бога, гледајте ги и размислете за секој настан посебно а не како целина.
п.с Ако можеш да најдеш 3 000 000 000 000 000 000 000 000 (со букви 24 нули) мајмуни и ги ставиш на машина за пишување имаш веројатност над 25% дека еден од нив ќе ја напише ВОЈНА И МИР (зборуваме за мајмуни шимпанза како оние во нашата зоолошка).