Дали Исус навистина воскреснал?

  • Креатор на темата Креатор на темата debi7777
  • Време на започнување Време на започнување
Темнината е создание исто како и светлината, само што светлината е во фрекфенциски опсег кој можеме да го регистрираме, додека во темнината(например) има космички, гама, алфа и секакви други бранови.

Дали можеш да ни кажеш мерна единица за теминина?
 
Дали можеш да ни кажеш мерна единица за теминина?

Ама ти неразбираш дека светлината е само еден мал фрекфентен опсег од огромното поле на сите зрачења?! Има светлина која што ти не ја гледаш, доколку би седел во соба исполнета со таква светлина ти би рекол дека е темница, а јас би ти кажал дека има светлина со јачина од 5 Кандели, кој е сега во право?
 
Ама ти неразбираш дека светлината е само еден мал фрекфентен опсег од огромното поле на сите зрачења?! Има светлина која што ти не ја гледаш,
Мислам дека ги мешаш поимите светлина и зрачења. Да, светлината е само дел од огромното поле на сите зрачења, ама тоа не значи дека има светлина која неможеш да ја видиш туку дека постојат други зрачења кои не се видливи како што е светлината...
 
Ако можеш да ја видиш инфрацрвената светлина, тогаш сигурно си некој медицински феномен пошто луѓето не ја гледаат. И да, светлината е зрачење.
Настрана тоа, сакав да потенцирам дека неможе да се дефинира поимот преку неговиот антагонист(темнината е отсуство на светлина, лошото е отсуство на злото), секој поим е дефиниран од сопствените квалитети.
 
Не е ни приближно исто. Исусовото воскресение е мит само за оние кои што догматично одлучиле да не веруваат во воскресение. Исусовото воскресение е историски факт, потврден од многу сведоци, потврден дури и со крвта на сведоците кои одбивале да запрат со проповедањето на воскреснатиот Христос.

За историчноста на новозаветните документи пишував пред неколку страни на оваа тема:
http://forum.kajgana.com/showthread.php?44536-%D0%94%D0%B0%D0%BB%D0%B8-%D0%98%D1%81%D1%83%D1%81-%D0%BD%D0%B0%D0%B2%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BD%D0%B0%D0%BB&p=4261916&highlight=#post4261916
FAKT?????? не сум сигурен дека зборов ти е употребен ко шо треба :)... а има и еден друг ФАКТ потврден со крв од научници шо одбивале да престанат со ПРОПОВЕДАЊЕ НА ФАКТИ.... еден пред да го запала тие шо проповедале за воскреснатиот Христос рекол сепак се врти :) поздрав братче ама тебе те збунила библијата.... од сега со резерва да ја читаш :)
 
Да, добро би било DBACK да приложи историски информации за секој од нив кога умрел и кога воскреснал и кои биле сведоците за нивното воскресение. Доколку се работи за историски записи, да се прикаже од која година датираат тие запици, колку се временски оддалечени од настаните што ги опишуваат, каква е нивната корелација со останати современи историски документи т.е. дали и како се вклопуваат контекстуално со тековната историја и сл.

Би било добро ТИ да приложиш КАКВИ БИЛО историски информации за Исус...

...или за прошетката на живите мртовци низ Ерусалим во петокот попладне, за масакрот на илјадници новороденчиња и тодлери околу 1 година н.е., за алхемијата на свадбата, некромансирањето на Лазар, левитацијата а-ла-Саи-Баба, за змијата која зборува, Левијатанот, вегетаријанската диета на лавовите, патеката на преселби на Коалата, клунарите и торбарите во Австралија, за припитомувањето на диносаурусите, нивниот помор, за магијата на зипување на 5.000.000 животински видови во еден брод со два дека, за храната која овие 10.000.000 животни ја јаделе 150 дена додека лунѕале по непрегледните водени пространства на водата која се појавила од НИКАДЕ и по истиот пат се прибрала без да остави траги.
 
Ама ти неразбираш дека светлината е само еден мал фрекфентен опсег од огромното поле на сите зрачења?! Има светлина која што ти не ја гледаш, доколку би седел во соба исполнета со таква светлина ти би рекол дека е темница, а јас би ти кажал дека има светлина со јачина од 5 Кандели, кој е сега во право?

Дали можеш да ни кажеш мерна единица за теминина?

gade, биди доблесен и признај си дека те надмудрија.
 
Тоа дека злото не е создание, туку е отсуство на добро, е беден терминолошки хокус покус. Кажете им на жртвите на концентрационите логори дека злото кое го проживувале е само отсуство на добро, сигурно ќе им биде подобро...
 
Дали можеш да ни кажеш мерна единица за теминина?

gade, биди доблесен и признај си дека те надмудрија.

Тоа што е темнина за човековото око, за тигарот е сосем доволно за да направи прецизен скок кон жртвата.

Тоа што е темнина за човековото око, за рентген апаратот не е.

Светлина е конвенција која ЧОВЕКОТ ја договорил. Се однесува на делот од спектарот кој Е ВИДЛИВ ЗА ЧОВЕКОТ.

Да си учел физика кога за тоа било време немаше да паѓаш под влијанија на манипулатори каков што е Чорбаџија.

Околу доброто/злото.

Добро и зло се ИЗМИСЛИЦИ на човекот. Во природата НЕ ПОСТОИ добро, ниту постои зло.

Библијата е толку застарена книга што паѓа дури и на елементарни тестовина знаење. Така, Библијата ја прогласува змијата за ЗЛО животно (иако тоа нема никаква врска со стварноста) и во своето НЕЗНАЕЊЕ на природата и нејзините закони ТВРДИ дека се храни со земја.

Колку треба да е човек НЕУК за да може да верува на прикаски кои се преполни со идиотизми од типот: „Човекот е направен од кал“, „Жената е направена од ребро“ или „Змијата се храни со земја.“

Не постои апсолутно добро или апсолутно зло. Тоа Библијата те лаже, а ти, греотичка, и' веруваш. Веруваш на еврејски народни приказни кои се 3000 години стари, а потоа редактирани од политичари на царство во распаѓање.

...за да ти денес мислиш дека дедо боже ја диктирал...
 
Не е ни приближно исто. Исусовото воскресение е мит само за оние кои што догматично одлучиле да не веруваат во воскресение. Исусовото воскресение е историски факт, потврден од многу сведоци, потврден дури и со крвта на сведоците кои одбивале да запрат со проповедањето на воскреснатиот Христос.

За историчноста на новозаветните документи пишував пред неколку страни на оваа тема:
http://forum.kajgana.com/showthread...а-воскреснал&p=4261916&highlight=#post4261916

... a zosto da go propovedaat ..nego.. zosto samo ne go sledele negoviot primer , toj ne e idol da se vospeva ili slavi, ne e ni religija (isus) za da se propoveda tuku e primer sto treba da se sdledi , se prasuvam samo zasto nikoj ne go sledel negoviot pat , i da voskresne , uste nekoj osven nego , vo ovie minato 2000 i kusur godini , tuku site samo tolkuvaat dokazuvaat veruvaat ili ne i se raspravaat ???
 
Дали можеш да ни кажеш мерна единица за теминина?

gade, биди доблесен и признај си дека те надмудрија.

Ахем, која е единица мерка за светлина, те молам просветли ме,(pun intended).
 
Дали можеш да ни кажеш мерна единица за теминина?

gade, биди доблесен и признај си дека те надмудрија.
Хехехе, колку само го гледате тоа што ви одговара! Зошто истово не му го кажа на Чорбаџија да биде доблесен и да признае дека го надмудрија, кога го премолче моево прашање:
Ако злото не е создание, зошто во рајската градина имало дрво за спознавање на доброто и злото?
Затоа што нели тврдеше дека злото не е создание, туку одсаство на доброто (според библијата се разбира)!
 
Oф топик:Темава направи страни колку и Исус години. :)
 
Тоа дека злото не е создание, туку е отсуство на добро, е беден терминолошки хокус покус. Кажете им на жртвите на концентрационите логори дека злото кое го проживувале е само отсуство на добро, сигурно ќе им биде подобро...

Христијанството не вели дека злото не постои, туку дека тоа не е нешто создадено, не е создание. На пример динамитот за многу луѓе претставува зло, нешто што уништува, убива. Но тој првично е наменет за копање во рударството. Слично е и со нуклеарната енергија. Таа може да се користи во нуклеарните централи за најекономично и најеколошко производство на електрична енергија, но може и да се користи за правење нуклеарни бомби и громорозни убиства.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom