Дали Исус навистина воскреснал?

Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Христијанството не вели дека злото не постои, туку дека тоа не е нешто создадено, не е создание. На пример динамитот за многу луѓе претставува зло, нешто што уништува, убива. Но тој првично е наменет за копање во рударството. Слично е и со нуклеарната енергија. Таа може да се користи во нуклеарните централи за најекономично и најеколошко производство на електрична енергија, но може и да се користи за правење нуклеарни бомби и громорозни убиства.
Ај не го тупи. Каков динамит, какви црни бакрачи? До кога со ефтини софизми?

Бог како творец на СЕ постоечко го создал и злото, или ако повеќе милуваш да кажеш, ги создал условите за отсуство на доброто. Ти кажав, тие што се соочиле со елементарно зло во животот, нив им е сеедно дали ќе кажеш дали Бог го создал злото, или дозволил отсуство на добро. Со софизми злото не се покрива...

Крајно време е да се соочите со едноставната вистина, концептот не семоќен и добар Бог,во свет во кој постои зло (или отсуство на добро, која глупост) е најголемата измама во религиската традиција. Верувам дека сите кои ја подржуваат таа лага се дел од тоа зло...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
... a zosto da go propovedaat ..nego.. zosto samo ne go sledele negoviot primer
Затоа што Тој така им заповедал. Да се следи Неговиот пример, за христијаните значи да се исполнуваат Неговите заповеди.

„Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.“ (Исус Христос, ев. Јован 14:15, Библијата)
„Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието (радосната вест) на секое создание! Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. “ (Исус Христос ев. Марко 16:16, Библијата)

Ете затоа христијаните им го проповедаат евангелието на луѓето, затоа што не сакаат тие да загинат заради своите гревови, туку да се спасат од нив (да добиат простување) преку вера во Исус Христос.
Евангелието - Радосната вест е тоа што Христос плати казната за нашите гревови со својата смрт на крстот и дека секој што ќе поверува во Него ќе добие простување на гревовите, идно воскресение и вечен исполнет живот во Божјото царство.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Христијанството не вели дека злото не постои, туку дека тоа не е нешто создадено, не е создание. На пример динамитот за многу луѓе претставува зло, нешто што уништува, убива. Но тој првично е наменет за копање во рударството. Слично е и со нуклеарната енергија. Таа може да се користи во нуклеарните централи за најекономично и најеколошко производство на електрична енергија, но може и да се користи за правење нуклеарни бомби и громорозни убиства.
Гледам дека го практикуваш правилото: "стопати повторена лага, почнува да звучи како вистина"!
Ако злото не е создание, зошто во рајската градина имало дрво за осознавање на доброто и злото? Библијата е јасна дека според неа, доброто и злото се созданија, кој постојат од самиот почеток! Во рајската градина според библијата на почетокот се било совршено нели? Немало "грев" и немало несовршеност. Но сепак во средината од градината имало дрво за спознавање на доброто и злото!! Што јасно укажува на тоа дека библијата ги посочува како созданија кој постојат и се создадени и тоа на самиот почеток!
Еднаш го избегна прашањево, да видиме дали ќе продолжиш да го избегнуваш!
 
Креатурата на која и се обраќаш е уметник во избегнување на непријатни прашања. Од друга страна ужива да најде некоја кутра душа на форумов, и да и објасни што е горе и што е долу...

Јад, беда и мизерија од човек...
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Креатурата на која и се обраќаш е уметник во избегнување на непријатни прашања. Од друга страна ужива да најде некоја кутра душа на форумов, и да и објасни што е горе и што е долу...

Јад, беда и мизерија од човек...
He can run but cannot hide!
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Затоа што Тој така им заповедал. Да се следи Неговиот пример, за христијаните значи да се исполнуваат Неговите заповеди.

„Ако Ме љубите, ќе ги пазите Моите заповеди.“ (Исус Христос, ев. Јован 14:15, Библијата)
„Одете по целиот свет и проповедајте го Евангелието (радосната вест) на секое создание! Кој ќе поверува и се крсти, ќе биде спасен; а кој не поверува, ќе биде осуден. “ (Исус Христос ев. Марко 16:16, Библијата)

Ете затоа христијаните им го проповедаат евангелието на луѓето, затоа што не сакаат тие да загинат заради своите гревови, туку да се спасат од нив (да добиат простување) преку вера во Исус Христос.
Евангелието - Радосната вест е тоа што Христос плати казната за нашите гревови со својата смрт на крстот и дека секој што ќе поверува во Него ќе добие простување на гревовите, идно воскресение и вечен исполнет живот во Божјото царство.
Лажгото се подготвува за уште еден беден спин. Се обидува да ја однесе актуелната дискусија во бесмисла.

За среќа, во Библијата си пишува СЕ' за дебилштините на народните еврески приказни, па и ова:

Исаја 45
7 I form the light, and create darkness: I make peace, and create evil: I the LORD do all these things.
Можат манипулатори колку сакаат да гимнастичарат околу глупата книга. Тоа што е запишано - запишано си е.

САМИОТ ЈАХВЕ експлицитно кажува КОЈ ја СОЗДАЛ темницата и КОЈ го СОЗДАЛ ЗЛОТО.

...уште и се потпишал со Caps Lock.

А ти, лажго еден, треба да се извиниш кога после грст дрски лаги некој ќе те начека црвен во рацете!
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Тоа што е темнина за човековото око, за тигарот е сосем доволно за да направи прецизен скок кон жртвата.

Тоа што е темнина за човековото око, за рентген апаратот не е.

Светлина е конвенција која ЧОВЕКОТ ја договорил. Се однесува на делот од спектарот кој Е ВИДЛИВ ЗА ЧОВЕКОТ.

Да си учел физика кога за тоа било време немаше да паѓаш под влијанија на манипулатори каков што е Чорбаџија.

Околу доброто/злото.

Добро и зло се ИЗМИСЛИЦИ на човекот. Во природата НЕ ПОСТОИ добро, ниту постои зло.

Библијата е толку застарена книга што паѓа дури и на елементарни тестовина знаење. Така, Библијата ја прогласува змијата за ЗЛО животно (иако тоа нема никаква врска со стварноста) и во своето НЕЗНАЕЊЕ на природата и нејзините закони ТВРДИ дека се храни со земја.

Колку треба да е човек НЕУК за да може да верува на прикаски кои се преполни со идиотизми од типот: „Човекот е направен од кал“, „Жената е направена од ребро“ или „Змијата се храни со земја.“

Не постои апсолутно добро или апсолутно зло. Тоа Библијата те лаже, а ти, греотичка, и' веруваш. Веруваш на еврејски народни приказни кои се 3000 години стари, а потоа редактирани од политичари на царство во распаѓање.

...за да ти денес мислиш дека дедо боже ја диктирал...
Колку само секој си кажува од свој аспект работи кои што држат вода само онака како што самиот токј сака да ги разбере. Кога јас ти пишував дека математички е веројатно да се случил настанот воскреснување на Исус, иако за овој тродимензионален свет засега е непојмливо тоа, но не и за н-димензионален простор во еден недетерминистички систем , твојот одговор беше лаички со реторичко прашање ВО КОЈ СВЕТ ЖИВЕАМ ЈАС? А сега кога имаш прашања за светлината и темнината се повикуваш на глипост дека за тигарот не е исто темнин акако и за нас. ПА ЗБОРУВАМЕ ЗА ТОА КАКО НИЕ ЈА ГЛЕДАМЕ СВЕТЛИНАТА И ТЕМНИНАТА НЕЛИ, А НЕ ЖИВОТНИТЕ???

Подоле велиш дека Доброто и Злото се измислици на шовекот, дека Библијата е неточна и извадени фрази дека човекот е од кал , а жената од реброто на Адам.

Кога сакаш да навредиш некој од верниците тогаш се употребуваат овие цитати од Библијата дека од реброто на Адам е направена Ева и дека животното Змија ја прелажало Ева - за да прикажеш дека сето тоа личи на сказна во која не веруваат ни мали деца. А во суштина знаеш и самиот дека никој не верува во тоа и никој не го прикажува во својот ум онака како што ти го пишуваш на хартија.

Многу од настаните напишани во Библијата се со голема веројатност случени (ова се докажува и математички и се добива веројатност иако многу мала, поради нашето скромно знаење). Тоа што ти сакаш да го претставиш дека е невозможно Исусовото воскреснување (бидејќи за тебе тоа значи телесно воскреснување) не држи вода бидејќи како настан има веројатност дека се случил. Веројатноста дека Земјата ја посетиле вонземјани е помала од таа дека се случило воскреснување. Напиша некаде дека ако сакам да филозофирам за мета физика и теорија на хаос и н-доимензионален простор да одам на друга тема. Зарем не се обидуваш цело време тука со помош на не толку егзактни науки како биологијата да покажеш некои работи дека се невистинити.

Повторно ќе ти поставам прашање во ваш стил:

Ако некој ти каже и со месеци ти вика дека жена ти те вара (како што со години црквата вели дека Исус е бог и воскреснал) а ти викаш не не ме вара и додека не го видиш нејзиниот швалер со свои очи ќе живееш во убедување дека не те вара? Даваше исто некој филозофски одговор околу вонземјаните дека веруваш во можноста дека тие постојат. Па нели верниците веруваат во можноста дека постои бог? ТОа што они сметаат дека е поголема веројатноста од тебе не ги прави помалку учени од тебе.

И повторно ако сакаш да покажеш дека НЕ ПОСТОИ БОГ, тргни со широко распространетиот метод "Да го претпоставиме спротивното" то ест БОГ ПОСТОИ и најди еден куп контрадикторности и ќе покажеш. Ама за жал и некој друг ако тргне од спротивното ДЕКА БОГ НЕ ПОСТОИ за да докаже дека БОГ ПОСТОИ ќе најде еден куп работи кои не се јасни и ќе добиеш можност за постоење на бог.
Со самото тоа што нашето знаење е скромно ќе добиеш многу поголема веројатност дека БОГ НЕ ПОСТОИ отколку некој што го тврди обратното - но тоа не го исклучува сосема неговото постоење.

Повторно ќе кажам исклучи го интерпретирањето на поимот бог како бел дедо со голема брада, гледај ги опишаните настани во Библијата, сите имаат веројатност дека се случиле. Си пишал како можело Ное да се спасил и да соберел и животни и храна на неговата Арка. Што е неверојатно да собрал фамилијата и пар животни и да го преживеал потпот? Тоа што некој сака да прикаже дека Ное ставал по два лава , два слона итн е глупост. ТОј шти пишувал з анего светот бил околинат акај што била поплавата, живиот свет биле познатите животни за него во тоа време, и што е чудно тука и неверојатно?

Повторно ќе кажам дебатирај за конкретни настани во библијата не за тоа што ти мислиш дека некој друг мисли дека Господ е антропоморфен или каков и да е. Зашто го врзуваш воскресението на Исус со господ? КАко изолиран настан веројатно се случил, тоа што некој му придружува божествени елементи е за полесно објаснување на рајата, и затоа што како чин е спектакуларен па мора да се оддели на некој начин од другите вообичаени настани.

Така да не држете се за ваши дефиниции на бога, гледајте ги и размислете за секој настан посебно а не како целина.

п.с Ако можеш да најдеш 3 000 000 000 000 000 000 000 000 (со букви 24 нули) мајмуни и ги ставиш на машина за пишување имаш веројатност над 25% дека еден од нив ќе ја напише ВОЈНА И МИР (зборуваме за мајмуни шимпанза како оние во нашата зоолошка).
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
Исаја 45
7 I form the light, and create darkness: I make peace, and create evil: I the LORD do all these things.

Можат манипулатори колку сакаат да гимнастичарат околу глупата книга. Тоа што е запишано - запишано си е.

САМИОТ ЈАХВЕ експлицитно кажува КОЈ ја СОЗДАЛ темницата и КОЈ го СОЗДАЛ ЗЛОТО.
Во цитираниот стих оригиналниот хебрејски збор за „среќата“ е "шалом" што значи мир, благосостојба, просперитет. Евреите и ден денес така се поздравуваат „шалом алекем“ (мир со тебе), а слично се поздравуваат и арапите „селам алекум“ (мир со тебе).
Оригиналниот збор за „бедата“ е „рах“ има широк спектар на значење и не го опфаќа секогаш целото зло. Неговото контекстуално значење го откриваме од еврејскиот паралелизам што се користи во цитираниот текст. Како што темнината е спротивна на светлината, така и значењето на „рах“ е спротивно на „шалом“ т.е. спротивно на мир, благосостојба, просперитет и сл. Значи очигледно е дека тука злото се однесува на војните и последиците (уништувањето, бедата) од нив. Сепак и овие се последица на луѓето, а Бог ги дозволува заради нашата слободна воља и заради определеното време кое што им е дадено на злите луѓе на Земјата. Но тоа е поголема и подлабока теолошка дискусија.
Бог неколку пати делувал и со дирекно уништување како на пример со сеопштиот потоп или пак уништувањето на Содом и Гомора. Од човечка перскетива да, тоа е зло. Но од Божја перспектива тоа била праведна пресуда. Господ допрва (не мислам на 21 мај) ќе донесе „зло“ на непокајаните и тие веројатно ќе велат: „Погледнете какво зло ни создаде Бог“, но тоа нема да им помогне во нивниот погибел.

Контекстот пак на целиот цитат е единственоста на Господ (ЈХВХ), наспроти верувањето на тогашните Персијци дека постојат два бога, едниот добар (го претставувале со светлина), а другиот зол (темнина). Затоа Бог преку пророкот Исаија им вели дека не постои никаков друг бог покрај Него, дека Тој е единствен и дека се се случува согласно Неговата суверена воља и дозвола.
 
gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169

Значи може да констатираме дека Бог го создал ѓаволот и го создал злото.
Благодарам.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Сепак и овие се последица на луѓето, а Бог ги дозволува заради нашата слободна воља и заради определеното време кое што им е дадено на злите луѓе на Земјата. Но тоа е поголема и подлабока теолошка дискусија.
Еден ден, ќе се удавиш во нечистотијата (ова нечистотија е еуфемизам, да нема забуни) која ја создаваш...
 
Член од
5 септември 2007
Мислења
3.848
Поени од реакции
960
п.с Ако можеш да најдеш 3 000 000 000 000 000 000 000 000 (со букви 24 нули) мајмуни и ги ставиш на машина за пишување имаш веројатност над 25% дека еден од нив ќе ја напише ВОЈНА И МИР (зборуваме за мајмуни шимпанза како оние во нашата зоолошка).
Претпоставувам дека веројатноста се однесува на тоа дека некој од мајмуните ќе го напише насловот на книгата „Војна и Мир“. Веројатноста дека некој од мајмуните ќе ја искуца на слепо целата книга практично е апсолутна нула или пак 1:33^X (1 наспроти 33 на степен икс) каде што X е бројот на букви во книгата Војна и Мир.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Претпоставувам дека веројатноста се однесува на тоа дека некој од мајмуните ќе го напиша насловот на книгата „Војна и Мир“. Веројатноста дека некој од мајмуните ќе ја искуца на слепо целата книга апсолутна нула или пак 1:33^X (1 наспроти 33 на степен икс) каде што X е бројот на букви во книгата Војна и Мир.
Тоа ти е горе долу веројатноста дека ти на овој форум ќе напишеш нешто што не е платена религиозна пропаганда...
 
DBack

gloveless
Член од
19 декември 2007
Мислења
5.372
Поени од реакции
2.556
Не разбирам кој дел не ти е јасен тебе?!?!?

Христијанството претпоставува АНТРОПОМОРФЕН БОГ. Тоа не е туку-така. Тоа не е предмет на дебата. Нема можност за некој да го „толкува“ како енергија, како сила или како облак.

Зошто ми пишуваш за метафизика и за математика кога темата на муабетот е ХРИСТИЈАНСТВОТО и ФИЗИЧКОТО (материјалното) ВОСКРЕСЕНИЕ НА ИСУС?

Чуму огромни постови за варање, за веројатност и статистика, за метафори и алегории.

Овој твој дел ОСОБЕНО ме вади од такт:

А во суштина знаеш и самиот дека никој не верува во тоа и никој не го прикажува во својот ум онака како што ти го пишуваш на хартија.
НЕ! Во суштина ЗНАМ дека верниците кои пишуваат на овој фоур го тврдат ТОКМУ СПРОТИВНОТО!!!!

Не џабе ја пенавам тука со месеци расправајќи се со манипшулатори и полуобразовани луѓе!!! Тие со кои се карам тврдат дека СЕ ШТО ПИШУВА ВО БИБЛИЈАТА Е АПСОЛУТНА И БУКВАЛНА ВИСТИНА!!!

Ако ти не си еден од нив ред е така де се произнесеш за да не те ставаме на куп со останатите. Нели?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ако ти не си еден од нив ред е така де се произнесеш за да не те ставаме на куп со останатите. Нели?
Јас веќе еднаш му напишав, ако има некој друг концепт на Бог, нека го објасни овде, само се плашам дека тој концепт на Бог ќе има врска со христијанството колку што Чорбаџијата има врска со искреност...
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Колку само секој си кажува од свој аспект работи кои што држат вода само онака како што самиот токј сака да ги разбере. Кога јас ти пишував дека математички е веројатно да се случил настанот воскреснување на Исус, иако за овој тродимензионален свет засега е непојмливо тоа, но не и за н-димензионален простор во еден недетерминистички систем , твојот одговор беше лаички со реторичко прашање ВО КОЈ СВЕТ ЖИВЕАМ ЈАС? А сега кога имаш прашања за светлината и темнината се повикуваш на глипост дека за тигарот не е исто темнин акако и за нас. ПА ЗБОРУВАМЕ ЗА ТОА КАКО НИЕ ЈА ГЛЕДАМЕ СВЕТЛИНАТА И ТЕМНИНАТА НЕЛИ, А НЕ ЖИВОТНИТЕ???
Математички е можно и просечната плата во РМ да е 21.500 денари а и приказната за Црвенкапа, Хари Потер и иљадници други нехристијански религиски настани се можни...
Дефинирај го н-димензионалниот простор и недетерминистичкиот систем во римската провинција Јудеја пред 2000 години, на што ја базираш и колкава е веројатноста сето тоа да се случило како што е опишано во Писмото...

Многу од настаните напишани во Библијата се со голема веројатност случени (ова се докажува и математички и се добива веројатност иако многу мала, поради нашето скромно знаење). Тоа што ти сакаш да го претставиш дека е невозможно Исусовото воскреснување (бидејќи за тебе тоа значи телесно воскреснување) не држи вода бидејќи како настан има веројатност дека се случил. Веројатноста дека Земјата ја посетиле вонземјани е помала од таа дека се случило воскреснување. Напиша некаде дека ако сакам да филозофирам за мета физика и теорија на хаос и н-доимензионален простор да одам на друга тема. Зарем не се обидуваш цело време тука со помош на не толку егзактни науки како биологијата да покажеш некои работи дека се невистинити.

А останатите неколку иљади религии и нивните згоди и незгоди опишани во соодветните списи ?
Колкава е можноста Хорус, Озирис и Тамуз да воскреснале?
Или тие не се важат бидејќи се од “невистински“ религии...:)
Како пресмета колкава е шансата за воскреснување vs. шансата за посета на вонземјани?

Ако некој ти каже и со месеци ти вика дека жена ти те вара (како што со години црквата вели дека Исус е бог и воскреснал) а ти викаш не не ме вара и додека не го видиш нејзиниот швалер со свои очи ќе живееш во убедување дека не те вара? Даваше исто некој филозофски одговор околу вонземјаните дека веруваш во можноста дека тие постојат. Па нели верниците веруваат во можноста дека постои бог? ТОа што они сметаат дека е поголема веројатноста од тебе не ги прави помалку учени од тебе.

Е па имам лоши вести...жена ти те вара Мики друже...ќе ми веруваш на збор? :)

И повторно ако сакаш да покажеш дека НЕ ПОСТОИ БОГ, тргни со широко распространетиот метод "Да го претпоставиме спротивното" то ест БОГ ПОСТОИ и најди еден куп контрадикторности и ќе покажеш. Ама за жал и некој друг ако тргне од спротивното ДЕКА БОГ НЕ ПОСТОИ за да докаже дека БОГ ПОСТОИ ќе најде еден куп работи кои не се јасни и ќе добиеш можност за постоење на бог.
Со самото тоа што нашето знаење е скромно ќе добиеш многу поголема веројатност дека БОГ НЕ ПОСТОИ отколку некој што го тврди обратното - но тоа не го исклучува сосема неговото постоење.
Прво треба да се утврди за кој Бог правиме муабет, бидејќи ги има бајаги...после ќе биде полесно...:)

Повторно ќе кажам исклучи го интерпретирањето на поимот бог како бел дедо со голема брада, гледај ги опишаните настани во Библијата, сите имаат веројатност дека се случиле. Си пишал како можело Ное да се спасил и да соберел и животни и храна на неговата Арка. Што е неверојатно да собрал фамилијата и пар животни и да го преживеал потпот? Тоа што некој сака да прикаже дека Ное ставал по два лава , два слона итн е глупост. ТОј шти пишувал з анего светот бил околинат акај што била поплавата, живиот свет биле познатите животни за него во тоа време, и што е чудно тука и неверојатно?
Во писмото јасно си пишува дека Ное собрал од сите животни под сводот небесен, и си пишува и димензии на бродот и времетрање на пловидба, значи има точно дадени вредности...така да не се обидувај да го толкуваш она кое е дадено да се исполни...
Зошто не го читаш Писмото !?

п.с Ако можеш да најдеш 3 000 000 000 000 000 000 000 000 (со букви 24 нули) мајмуни и ги ставиш на машина за пишување имаш веројатност над 25% дека еден од нив ќе ја напише ВОЈНА И МИР (зборуваме за мајмуни шимпанза како оние во нашата зоолошка).
Има можност и по некое евангелие и апокриф да напишат...:)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom