Дали Исус навистина воскреснал?

  • Креатор на темата Креатор на темата debi7777
  • Време на започнување Време на започнување
Значи може да констатираме дека Бог го создал ѓаволот и го создал злото.
Благодарам.

Може вистинското прашање (доколу прифатиме дека Бог не создавал ѓаволи и зло) е: Од каде се појави злото?
 
Господ допрва (не мислам на 21 мај) ќе донесе „зло“ на непокајаните и тие веројатно ќе велат: „Погледнете какво зло ни создаде Бог“, но тоа нема да им помогне во нивниот погибел.
Се ми се чини дека токму спротивното ќе се случи! Како што луѓето се повеќе и повеќе ќе почнат да мислат со своја глава, вашиов ЈХВХ се повеќе и повеќе ќе си ја губи "силата", што од перспектива на "покајаните" ќе биде големо "зло", но тоа нема да му помогне на ЈХВХ во неговиот погибел! Силом или милом ќе си замине во историјата на митовите и легендите.
 
Може вистинското прашање (доколу прифатиме дека Бог не создавал ѓаволи и зло) е: Од каде се појави злото?

Мислам дека злото постои главно кај луѓето (и кај некои високи примати - шимпанзо, бонобо, горила...) и е производ на самосвесноста и свесноста за околината. Сосем е нормално кога имаш моќ да посакуваш, да постои фрустрација, а со тоа и силна желба да го добиеш тоа што го посакуваш. Кога фрустрацијата ќе ја надмине границата - ќе се деси зло за некого.

Кај рептилите нема зло. Кај бактериите нема зло. Нема ни кај инсектите, црвите, растенијата... Од друга страна, кај делфините и китовите е забележано социјално-агресивно однесување. Ова кажува дека мозокот на еволутивно најразвиените цицачи (е во различна мера) способен за омраза.
 
Од каде се појави злото?

Злото се појаи во моментот кога лукавиот, ради гордоста своја, посака да го завзема престолот Божји. По создавањето на човекот, злото почна да делува и врз човекот, а делува и денес. Злодеалата кои се чинат по целава Земја, се очигледен доказ дека злото доминира во Светов, што е очигледно „чак„ и за атеистите.
Бог го створи(л) и ѓаволот, но не како демон, туку како бел ангел, штитоносец. Бог не е автор на злото, туку демонот.
 
Мики, те нема два три дена, денес ќе мора ударнички да работиш.

Слушај, Бог како семоќен, зарем не можеше да увиди кога го ствараше лукавиот дека така како што е створен ќе се побуни против него?

Бидејќи е семоќен, тогаш Тој мораше да го знае тоа. Ако го знаел тоа, а сепак го створил лукавиот, одговорноста за злото пак паѓа на Бог, по секоја логика за која што јас имам слушнато...
 
Злото се појаи во моментот кога лукавиот, ради гордоста своја, посака да го завзема престолот Божји. По создавањето на човекот, злото почна да делува и врз човекот, а делува и денес. Злодеалата кои се чинат по целава Земја, се очигледен доказ дека злото доминира во Светов, што е очигледно „чак„ и за атеистите.
Бог го створи(л) и ѓаволот, но не како демон, туку како бел ангел, штитоносец. Бог не е автор на злото, туку демонот.

Доколку вашиот бог е сезнаен, семоќен и творец на све што постои на земјата, под земјата и над земјата, тогаш тој е креаторот на злото.
Доколку не е креаторот на злото, тогаш не е семоќен.
 
Мики, те нема два три дена, денес ќе мора ударнички да работиш.

Ај важи...

--- надополнето ---

Слушај, Бог како семоќен, зарем не можеше да увиди кога го ствараше лукавиот дека така како што е створен ќе се побуни против него?

Можеше, ама Бог и на англеот Деница му всади слободна волја...

--- надополнето ---

Бидејќи е семоќен, тогаш Тој мораше да го знае тоа.

Да, Бог знае(ше) што ќе стори лукавиот...
 
Исаија 45

Не знам зошто уопштре се збори за тоа кој го створил злото кога Јахве јасно и гласно кажува дека е он.

Зашто се пенавите без потреба?
 
Ако го знаел тоа, а сепак го створил лукавиот, одговорноста за злото пак паѓа на Бог, по секоја логика за која што јас имам слушнато...

Одговорноста за злото не паѓа на Бога, оти Бог не го створи злото. А од Твојот пост, се гледа уште од Месечината дека размислуваш како Адам, кој откако ја „оплеска„ работата, т.е. откако згреши, наместо да се покае пред Бога и да ја прифати својата вина, Адам Го обвини Бога дека Он (Бог) е виновен за неговата/Адамовата грешка, само затоа што Бог му ја даде Ева на Адама...

--- надополнето ---

Доколку не е креаторот на злото, тогаш не е семоќен.

Веќе имам напишано: духовната и рационалната логика, се далечни категории една од друга...Размислуваш како световен човек, кој е надвор од Црквата.
 
Дали размислувам како Адам или како Јордан е потполно ирелевантно. Јас само размислувам логички. Со додавањето на “слободната воља“ ништо не се менува. Ако Бог е семоќен тој можеше да увиди дека со стварањето на лукавиот со слободна воља истовремено ќе го создаде и злото. Врти, сучи, пак на Бог паѓа одговорноста за злото.

И престани со духовната логика, на сите овде им е јасно дека тоа го употребуваш кога нема што да кажеш...
 
Јас само размислувам логички.

Да де, Хегел можит да Ти позавидит на логиката...Со се Кант у тандем.

--- надополнето ---

Со додавањето на “слободната воља“ ништо не се менува.

Слободната волја не се „додава„: вродена ни е.

--- надополнето ---

Ако Бог е семоќен тој можеше да увиди дека со стварањето на лукавиот со слободна воља истовремено ќе го создаде и злото.

Што туку направи лоигчка грешка: Бог не го створи злото, туку Бог го створи извртувачот на доброто. Тоа што демонот е творец на злото, тоа значи дека Бог не е творец на злото. Логиката не Ти помага ништо во духовните категории...

--- надополнето ---

Врти, сучи, пак на Бог паѓа одговорноста за злото.

Да де, и Адам така рече: наместо да ја признае својата грешка, Адам Го обвини Бога. Полесно е да ги обвиниш другите за своите грешки, отколку да се поакеш и да ги признаеш своите.

--- надополнето ---

И престани со духовната логика, на сите овде им е јасно дека тоа го употребуваш кога нема што да кажеш...

Имам уште многу нешта да кажам, покрај веќе кажаните.
 
Мики, до утре да се прпелкаш џабе е...

Не е џабе, се надевам дека ќе да е за мое спасение, што за Тебе не е ниту предмет на бујната фантазија.
 
Доколку не е креаторот на злото, тогаш не е семоќен.

За да направиш зло воопшто не ти е потребна некаква си моќ.
„It's easier to destroy than to create“ (Антонио Бандерас, филм: Десперадо)
 
Сакате да кажете дека постои нешто кое вашиот бог не го создал, што значи дека тој не е креаторот на све, што повлекува дека има и друг бог, то ест богот на темнината кој го створил злото?
Логиката е моќна работа.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom