The Vampire Diaries

Н

'Никола'

Гостин
Не ми е јасно како излезе тој новиот вампир од гробницата, а магијата се уште беше активна. Или пак не? Како и да е, мислам дека оваа до сега беше најубавата епизода, превозбудлива и полна со исчекување. И нормално, крај што те тера со нетрпение да ја чекаш наредната.
 
I

Intex

Гостин
Не ми е јасно како излезе тој новиот вампир од гробницата, а магијата се уште беше активна. Или пак не? Како и да е, мислам дека оваа до сега беше најубавата епизода, превозбудлива и полна со исчекување. И нормално, крај што те тера со нетрпение да ја чекаш наредната.
А наредната колку шо читам ќе да е на 25 Март. Пак пауза, god damn it.
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
А наредната колку шо читам ќе да е на 25 Март. Пак пауза, god damn it.
Веројатно последната од прва сезона :) е сега, можеме да се надеваме и на 16, колку што има и поглавја во првата книга.

Инаку... има некои дупки во логиката ама се решаваат постапно и се објаснуваат што доста многу ме бендисува во оваа серија.

Ќе има твистови и твистови ухууу :P одвај чекам да видам понатаму
 
I

Intex

Гостин
Веројатно последната од прва сезона :) е сега, можеме да се надеваме и на 16, колку што има и поглавја во првата книга.

Инаку... има некои дупки во логиката ама се решаваат постапно и се објаснуваат што доста многу ме бендисува во оваа серија.

Ќе има твистови и твистови ухууу :P одвај чекам да видам понатаму
Сезоната ќе има 22 епизоди, барем така прочитав. А плус и не е логично да праат пауза од толку време за една епизода.
 
Н

'Никола'

Гостин
Сите тие прекини им се некоја тактика за да се зголеми гледаноста. Така одсекогаш правеле со сите серии. И многу статистики во светот покажуваат дека и тоа како е успешно тоа.
 
Н

'Никола'

Гостин
Иначе, прекинот до 25 март е поради Олимписките игри, ги пренесуваат на CW.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.851
Поени од реакции
22.903
Значи за нова епизода треба да чекаме до 25 мар???...А баш стана прекрасна серијата...
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.624
Поени од реакции
59.477
Просек... ме разочара малку... очекував посериозна серија во секој случај.

Прва работа што очигледно ми падна во очи е тотално промашената главна женска улога, што е прилично огромно промашување пошто главните не можат да бидат изедени за вечера. Серијата за да биде хит или барем блиску до тоа мора да има актери оки публиката ќе ги засака, најмногу ова важи за актерките, посебно главните. Мене никако не ми доаѓа во глава како она чупето добило главна улога во серија, од многу причини во кои нема ни да навлегувам.

И Paul Wesley кој го глуми Стефан не е којзнае колку над просекот. Единствен вистински подгодок е Ian Somerhalder во улогата на Дејмон. Дечкото ги добива најдобрите линии, уверлив е, има стил, и ја краде секоја сцена. Барем да му беа блиску другите.

Освен него, неколку споредни улоги се добри, но пак ќе речам, кај главните пропустот е огромен и ненадоместлив.

Уште еднаш, очекував посериозна серија, нешто што ќе биде за публика од разни генерации. Ова е премногу тинејџ, премногу twilight. ОК, треба да гледав врски во кои 15 годишни деца одат во кревет? Се граничи со педофилија, врските стануваат се помлади и помлади.

Нејсе, не е толку страшно што заликува на Twilight. Туку имам чувство дека како ќе се одвива, се повеќе ќе личи на Charmed. Е тек тоа би било капак на се.

Просек... ќе гледам одвреме навреме, ако имам слободно време. Колку да сум во тек. Не е така лошо, ама далеку е од добро.
 
I

Intex

Гостин
Денес излезе новата епизода, 15-та по ред. Кога почна, првите пет минути, мислев дека ќе биде ужасно досадна епизода, ама ... сум се излажал. Добро склопена епизода, само некако дејствието се развива пребрзо, се сомневам да не иде само една сезона и после да ја преќинат.
Во оваа епизода централен лик беше Салцман. Кој не гледал, спојлер да не го чита.
Мајка и на Елена всушност да ти била жената на Салцман. Дејмон, фино лепо ја претворил во вампир. Елена трага по неа, ама таа и прати некој да ја најде и да и пренесе да не ја бара. Сеа е прашањето, кој всушност беше гласникот? Се откри функцијата на прстенот на Салцман, го штити од умирање. Дејмон го уби, а тој пак се врати. Ај, доста раскажувам.
 
Н

'Никола'

Гостин
Нема шанси да оди само една сезона, пошто дејствово е според книга, така најмалку три би требало да има. За епизодава, што да кажам, ме остави без здив, којзнае што спремаат оние во куќата, кај што замина тој црнецот. (абе како пишувате така во тоа црното, не знам, а не сакам да откривам дејствие:))
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Фиина епизода и навистина интересна, добро е што нема да се чека многу за наредната... претерале со рекламите :S
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Ај некој да каже ако сака колку епизоди има од серијава досега испаднати и ги има ли на замунда за симнување???
 

Kajgana Shop

На врв Bottom