Просек... ме разочара малку... очекував посериозна серија во секој случај.
Прва работа што очигледно ми падна во очи е тотално промашената главна женска улога, што е прилично огромно промашување пошто главните не можат да бидат изедени за вечера. Серијата за да биде хит или барем блиску до тоа мора да има актери оки публиката ќе ги засака, најмногу ова важи за актерките, посебно главните. Мене никако не ми доаѓа во глава како она чупето добило главна улога во серија, од многу причини во кои нема ни да навлегувам.
И Paul Wesley кој го глуми Стефан не е којзнае колку над просекот. Единствен вистински подгодок е Ian Somerhalder во улогата на Дејмон. Дечкото ги добива најдобрите линии, уверлив е, има стил, и ја краде секоја сцена. Барем да му беа блиску другите.
Освен него, неколку споредни улоги се добри, но пак ќе речам, кај главните пропустот е огромен и ненадоместлив.
Уште еднаш, очекував посериозна серија, нешто што ќе биде за публика од разни генерации. Ова е премногу тинејџ, премногу twilight. ОК, треба да гледав врски во кои 15 годишни деца одат во кревет? Се граничи со педофилија, врските стануваат се помлади и помлади.
Нејсе, не е толку страшно што заликува на Twilight. Туку имам чувство дека како ќе се одвива, се повеќе ќе личи на Charmed. Е тек тоа би било капак на се.
Просек... ќе гледам одвреме навреме, ако имам слободно време. Колку да сум во тек. Не е така лошо, ама далеку е од добро.