Значи вака. Ги изгледав десетте епизоди во еден здив и можам да кажам дека сум импресиониран. Одвај чекам на понатамошните. А тоа дека е некаква си копија на Twilight или не знам кој нема никаква врска. Diaries, можам да кажам дека веќе ужива голема гледаност ширум светот и сите дискутираат за тоа што е што Елена го удри со колата.
Исто така, еден факт колку за информација, The Vampire Diaries серијата е направена според книгите на L.J.Smith, кои што се напишани пред книгите Twilight. Па сеа кажувајте за копии и такви ствари. Иако јас лично не сакам да споредувам, секое си има своја некаква вредност.
А за филмови со вампири незаменливи ќе останат Dracula и глеам не сте го спомнале најдобриот Interview with the Vampire :The vampire chronicles.
Секако дека нема да одам во тоа кој е подобар, секој си е добар во нешто, да не се повторувам сега, поентата ми е дека оваа серија има добра замисла, добра актерска екипа, добра продукција, останатото само ќе си дојде. А веќе резултатите се очигледни - огромна гледаност ширум светот.
Нормално, на тој што не му се гледа нека не ја гледа, само не мора да коментира во стилот срање е, копија и сл.