Патарините ќе се дадат под концесија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Каде е објавен тендерот?? Сакам да видам што треба да се исполни.

Нема да ти го дадат.

Ќе биде 'странска' фирма, со големо 'искуство' во оваа работа, за да не се сетат германците. Плус ќе го внесат тоа како инвестиција.
 
Министерството за транспорт и врски денеска ќе објави повик за давање на пет наплатни станици долж Коридорот 10 под концесија. Како што велат од Министерството, ова се прави со цел да се овозможи модернизација на системот за наплата на патната такса. Станува збор за наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Концесионерот ќе мора да изврши реконструкција, проширување и ремонт на постоечките објекти, како и набавка и инсталирање и одржување на интегриран систем за наплата на патарини.
На овој начин се очекува подобра наплата на патарините и намалено време за чекање.
Ме интересира, пошто сите модернизации кои се извршија во Македонија до сега, дали и оваа, како и сите други ќе бидат поскапи од 20 милиони евра? Јасно е дека некој нивни ќе го земе тендерот, за да можат да перат пари, но не ми е јасен фактот, како и после модернизација - 90% АВТОМАТИЗАЦИЈА на наплатните рампи, вратботените нема да ги изгубат работните места??? Што ќе прават?? Ќе дигаат рака на возачите?
Автоматско распределување на возните категории, подразбира да се знае кое возило во која колона ќе треба да се упати пред наплатната рампа. Зошто се тогаш вработени?
И кога ЕВН го откупи ЕСМ, имаше ветувања дека нема да има отпуштање на работници, па пак илјадници луѓе останаа без работа...
Сакате да се обложиме дека побрзо ќе слетаат вонземјани пред да се случи ова?
Значи краен исход:
Или стварно ќе има модернизација на наплатните системи за патарина, па многу ќе останат без работа, ќе се исперат еден тон пари, а тоа така мазно ќе се одработи што ретко кој ќе забележи.
Или само ќе се испише тендерот, ќе се "појави" (читај ИЗМИСЛИ) некоја "странска" фирма која ќе ја работи таа модернизација по цена од 100 милиони евра, ќе се испразни буџетот на Македонија за одреден процент, а од модернизацијата НИ ТРАГА НИ ГЛАС!
Ајде да изградиме и детски игралишта со нишалки и мали зелени фудбалски теренчиња на наплатните рампи, па тој што сака да се одмори од пативањето, да застане и да има каде да ги забавува децата...:vozbud:
 
вработените нема да ги изгубат работните места??? Што ќе прават?? Ќе дигаат рака на возачите?
:pos::pos::pos::pos:

Автоматско распределување на возните категории, подразбира да се знае кое возило во која колона ќе треба да се упати пред наплатната рампа. Зошто се тогаш вработени?
Вработените мора да останат на работа, на странските возила нели треба некој да им наплаќа?
Во секоја држава кај што се така направени патарините пак си стојат куќарките кај што се наплаќа, дури и во трулиот капитализам немаат сите такви автоматчиња за брзо наплаќање...:helou:
 
naplatmi rampi po patot ke nema ke ima od vlez do izlez
od avtopat
znaci kolku vozis tolku plakas
 
Јас сум за наплата со сензори како во Австрија.Нити застануваш,нити намалуваш брзина.Едноставно на секои километар има сензори кои читаат податоци на картичка залепена на предниот дел од колата.:toe:
 
Вработените мора да останат на работа, на странските возила нели треба некој да им наплаќа?
Во секоја држава кај што се така направени патарините пак си стојат куќарките кај што се наплаќа, дури и во трулиот капитализам немаат сите такви автоматчиња за брзо наплаќање...:helou:

До душа и ти си во право. Ако гледаме така, имаме повеќе странски возила по патиштава отколку наши :pos2:. Ќе има работа и за нив, пак ќе можат да крадат, колај работа ти :pos2::smir::smir:
 
Распродажба:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Што е земјиштето што преостанало не успеја да го шитнат а сеа навалија на патарините, а бе имс е восхитувам на креативноста, секад наоѓаат политичариве што може да се шитне и наплати.:vozbud:

Туку колку анс граѓаните ќе не чини и кој ќе го јаде во сева оваа ситуација осеќам ќе биде стварта ко со телеком и есм , вртоглаво растење на цените и дерење на голо , плус отпуштање на вработените
Исполнување на бенчмаркот -намалување на администрацијата :vozbud:
Колку се вреди они срцки :tv:
 
Навистина ми е страно и не го адмирирам постоенето на патарините во коjaто и држава да е.Да платиш за да преминеш по автопат.Ако треба секи ден да патуваш?!
Според мене треба данак за секи един автомобил,во некои држави това е винетка.Можеш да си купиш за 1 ден,за 1 недела,1 месец или цела година.Колите които са само во града например не им треба таква винетка,а ако сакаш да одиш надвор от населеното место-винетка.Така нема да се губи време на автопатот да плакjaш патарина,ако си купиш за цела година,нема да мислиш и да спираш да плакjaш.
Vienna_dnes_VIGNETTE.jpg
 
Распродажба:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Што е земјиштето што преостанало не успеја да го шитнат а сеа навалија на патарините, а бе имс е восхитувам на креативноста, секад наоѓаат политичариве што може да се шитне и наплати.:vozbud:

Туку колку анс граѓаните ќе не чини и кој ќе го јаде во сева оваа ситуација осеќам ќе биде стварта ко со телеком и есм , вртоглаво растење на цените и дерење на голо , плус отпуштање на вработените
Исполнување на бенчмаркот -намалување на администрацијата :vozbud:
Колку се вреди они срцки :tv:

Абе види, не мора да значи дека ќе има отпуштање вработени. Не многу:wink:. А тоа дека ќе има повисоки цени, тоа не мора да го споменуваме. Ај навикнат е макеоднЦкиот народ.. Што било поминало, и ова ќе биде ќе помине како да не било. Пфффффф...
 
Мене не ми е јасно како тоа само патарините ќе ги даваат под концесија а патот не.Значи тој шо ќе ги земе патариниве ќе треба само да ги модернизира и да наплаќа а ќе нема врска со патот.
Чудна работа..
 
Патарините се чист арач!

Племето да му се сотре на тој што прв пат го употребил поимот патарина!

Како тоа може некој да ми наплаќа патарина кога градењето и одржувањето на патиштата бил и е на наш трошок кој секој ден го плаќаме по разни основи.

Прашајте ги тие во македонија пат колку пари има на сметка фирмата.....НУЛА.....!!!!!!!...којзнае кај одат парите....

Работава со концесиите е и за плачење и за смеење истовремено.

Ништо чудно уште малку да воведат ко порано во бугарија :vozbud:и дозволи кој ќе се плаќаат за патување од град во град
 
:pos2::pos2::pos2::pos2::pos2:

а ме интересира сепак треба фирмата да има одредени обврски посебно за патната инфраструктура дали ќе има....или ќе биде второ ЕВН па да испадне како што постираше бетонко социјална патарина:vozbud:
 
Патарините се чист арач!

Племето да му се сотре на тој што прв пат го употребил поимот патарина!

Како тоа може некој да ми наплаќа патарина кога градењето и одржувањето на патиштата бил и е на наш трошок кој секој ден го плаќаме по разни основи.

Прашајте ги тие во македонија пат колку пари има на сметка фирмата.....НУЛА.....!!!!!!!...којзнае кај одат парите....

Работава со концесиите е и за плачење и за смеење истовремено.

Ништо чудно уште малку да воведат ко порано во бугарија и дозволи кој ќе се плаќаат за патување од град во град

a ne e li poednostavno da se PODZAPALI narod..pa da grabne toa VOVEDUVACITE , na kupce u sportskata sala BTrajkovski, pa posle eden po eden na kapidzik nakaj Vardar, pa na trupec, a glavcinjata posle na ogradata na Sobranie....inaku rabotava NEMA KRAJ...:vozbud:
desno i levo od toa trupcite...obavezitelno tribini za kejf na narod....
 
Мене не ми е јасно како тоа само патарините ќе ги даваат под концесија а патот не.Значи тој шо ќе ги земе патариниве ќе треба само да ги модернизира и да наплаќа а ќе нема врска со патот.
Чудна работа..

И мене ова ме чуди.Да си вади пари од ништо!Па и јас сакам да имам патарини,трошок ќе ми биде само автоматот и така ќе ми течат парички.Ова граѓаниве нека плаќаат за патишта,за дупки,за кршење на колите со високи осигурителни износи,а јас ќе им земам патарина,чисто онака од забава:smir:
Знаеш Хрватите воведоа кризен данок,Србите набркаа од администрација,а ние ќе си ги продадеме патарините.Нели сме најпаметни?:)
 
Нема да ти го дадат.

Ќе биде 'странска' фирма, со големо 'искуство' во оваа работа, за да не се сетат германците. Плус ќе го внесат тоа како инвестиција.

А од кај знаеш дека „странската“ фирма не е моја?

Па ако више ја курцаме државава, и ја сакам парче од колачот! Само нејќам да ме фатат со раката во теглата со колачиња.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom