Министерството за транспорт и врски денеска ќе објави повик за давање на пет наплатни станици долж Коридорот 10 под концесија. Како што велат од Министерството, ова се прави со цел да се овозможи модернизација на системот за наплата на патната такса. Станува збор за наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско. Концесионерот ќе мора да изврши реконструкција, проширување и ремонт на постоечките објекти, како и набавка и инсталирање и одржување на интегриран систем за наплата на патарини.
На овој начин се очекува подобра наплата на патарините и намалено време за чекање.
Ме интересира, пошто сите модернизации кои се извршија во Македонија до сега, дали и оваа, како и сите други ќе бидат поскапи од 20 милиони евра? Јасно е дека некој нивни ќе го земе тендерот, за да можат да перат пари, но не ми е јасен фактот, како и после модернизација - 90% АВТОМАТИЗАЦИЈА на наплатните рампи, вратботените нема да ги изгубат работните места??? Што ќе прават?? Ќе дигаат рака на возачите?
Автоматско распределување на возните категории, подразбира да се знае кое возило во која колона ќе треба да се упати пред наплатната рампа. Зошто се тогаш вработени?
И кога ЕВН го откупи ЕСМ, имаше ветувања дека нема да има отпуштање на работници, па пак илјадници луѓе останаа без работа...
Сакате да се обложиме дека побрзо ќе слетаат вонземјани пред да се случи ова?
Значи краен исход:
Или стварно ќе има модернизација на наплатните системи за патарина, па многу ќе останат без работа, ќе се исперат еден тон пари, а тоа така мазно ќе се одработи што ретко кој ќе забележи.
Или само ќе се испише тендерот, ќе се "појави" (читај ИЗМИСЛИ) некоја "странска" фирма која ќе ја работи таа модернизација по цена од 100 милиони евра, ќе се испразни буџетот на Македонија за одреден процент, а од модернизацијата НИ ТРАГА НИ ГЛАС!
Ајде да изградиме и детски игралишта со нишалки и мали зелени фудбалски теренчиња на наплатните рампи, па тој што сака да се одмори од пативањето, да застане и да има каде да ги забавува децата...
