Патарините ќе се дадат под концесија

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
ПАТАРИНА ДА СЕ ПЛАЌА БЕЗ ЗАСТАНУВАЊЕ

„Touch and go“ или „допри и замини“, на тој принцип би требало да функционираат паратините по должината на Коридорот 10 во иднина.



Ваков интегриран систем на наплата на патарините има во Франција, Италија, Шпанија, Португалија и Чешка. Целта е да се скрати времето за чекање на патиштата и да се воспостави конторла во наплатата. Државата смета дека сама не може да го модернизира системот затоа одлучи наплатните рампи да ги даде под концесија.

Денеска е објавен огласот, во наредните 30 дена треба да се јават фирми кои имаат интерес за патарините на автопатот од Куманово до Демир Капија. Откако ќе заврши оваа фаза Владата ќе одлучи дали ќе распише тендер и под кои услови патарините ќе добијат концесионер.

Идниот концесионер на наплатините рампи Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско ќе има обврска да ги реконструира, прошири и ремонтира објектите во кои се врши наплатата, да набави и одржува интегриран систем за наплаќање на патарините.

Системот подразбира дека автоматски ќе се категоризираат возилата кои поминуваат на рампата, потоа ќе овозможи безготовниска односно автоматска припејд или постпејт наплата со електронски бесконтактни картички и уреди кои се поставуваат на ветробранот на возилото, систем за плаќање во кеш, систем за видеонадзор, контрола и архивирање итн.

Цената на патарините согласно законот и натаму ќе ја утврдува Владата, а обврска за идниот концесионер ќе биде да ги задржи сите вработени.

Извор СИТЕЛ


Навистина ме интересира овој потег од економски а не од политички аспект...
Зошто државата се одкажува од 20 милиони евра на годишно ниво?
Бидејки не е наведено , ме интересира колку од овие пари би останале кај концесионерот а колку во државниот буџет?
 
Ќе го заебат некој наш инвеститор ќе му ги наполнат џеповите го чувствувам тоа длабоко во себе :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:.
 
ед ај да видам како оние тврдокорнине опутари кои кршат рампи и се расправаат со “фифти-фифти“ фраерине од патарина ќе се снајдат со системот “допри и замини“:pipi:
 
Многу ќе 'заебат' некого со ова, исто како и тој што доби концесија за паркингот во Клинички центар.

Пара тарапана.
 
Искрено меѓу лото добивка од 20 милиони евра и 5 години концесија со патарините , би го одбрал второто...Се додека некој не ме убеди во спротивното...
Ама ај да почекаме , можеби математиката и не е баш таква каква во прв момент се претставува во медиумите...
Но кога се знае дека имаме вишок на административци , шо не им се даде задача да ги дигитализират и модернизират патарините, мислам дека на тие луѓе навистина им треба каква таква занимација барем еднаш во животот да осетат како е кога ќе сработиш нешто....
 
pa uste ova fali da se dade pod koncesija za da se modernizira za naplata na patarina
a patot koj ke go pravi
em kolata ja krsis i plus plakas
se se dade najvrednoto
mislev i veruvav vo gvujo ama i on bil opinok seljak nepismen neka idat cela drzava vo P,M se najubavo vo drzavava posrana:toe: sto imame a neznaeme da go cuvame
ebate politicarite posrani
 
ПАТАРИНА ДА СЕ ПЛАЌА БЕЗ ЗАСТАНУВАЊЕ

Ваков интегриран систем на наплата на патарините има во Франција, Италија, Шпанија, Португалија и Чешка.
Колку за твоја информација да ти разјаснам околу патарините во некои држави...
Во Франција ваков вид на патарина се вика telepeage и се користи некаде од 2006 година ама кога ќе дојдеш на бариерата мора да застанеш или ептен бавно да се движиш за да си подигне бариерата или ако возиш поврзо ќе си ја земеш со себе. Уредот кој се става на стаклото се вика TIS PL и изгледа вака:

passangoBox_frei.jpg


Во Италија се вика telepass и се користи долго време, добрата работа е што можеш да ја поминеш бариерата и со брзина од 50 KM/H а автоматот кој се лепи на ветробранското стакло изгледа вака:

telepass


Во Чешка таквиот вид на патарина се вика premid ама ја има само за камионите и камионите го лепат малиот автомат напред на стаклото и минуваат со нормална брзина преку сензорите кои се поставени над автопатот, автомобилите сеуште плаќаат еднонеделна, месечна или годишна вињета која се лепи на вертробранското стакло. Еве како изгледа автоматот за камионите:

NT00008086.jpg


За шпанија и Португалија не знам да ти кажам бидејќи не сум бил таму многу одамна.

Како кај нас ќе се изведе сето тоа не знам ама знаејќи какви стручњаци се примаат на работа во денешните влади мислам дека ќе биде голем промашај од кој само некој ќе си го наполни џебот а сите ние обичните граѓани ќе имаме проблеми со уредите кои ќе ги добиеме и за нивна неисправна работа ќе бидеме казнувани од сообраќајната полиција.
 
setan covek i vo pravo si barem si videl kako funkcionira a nekoj ne znae
ama nasata zagreovi ke bide ke gi zemat patarinite ke se kaci cenata
a patot ist kakov sto go pravel tito na vremeto
od togas e
samo goli otok
 
A ova CHipataranaaava koja si pominuva na Skopje -Tetovo i obratno kako da nema patarina??? ke staat rampi od 1 metro u precnik ili celicni silci koi avtomatski iskakaat i kinat gumi...ili ke se praat naudreni , a vlada posle ke donese zakon da plaka patarina na SOCIJALNO zagrozenite....kako sto naprai so dolgot kon EVN??????
 
Неможеме да ја разгледуваме економски постапкава додека немаме бројки,за колку ќе ги даде под концесија,колку досега имаше примања,колку од тие одеа за плати на вработени,каде ќе одат луѓето што досега работеа (крадеа),кој ќе ги прави автопатите,дали ќе им се даде и да го оплеменат местото околу патот и слични прашања.
Може да се стави и анкета кој ќе ги добие концесиите.Ако погодиме,по една клоца да им удриме и на оној што добива и на оној што дава концесии:smir:
 
Каде е објавен тендерот?? Сакам да видам што треба да се исполни.



Пет патарини во државата ќе бидат дадени под концесија

- Наплатните станици Романовце, Петровец, Сопот, Отовица и Градско ќе бидат дадени под концесија. За нив денеска Министерството за транспорт и врски објави меѓународен јавен повик за изразување интерес за учество во тендерската постапка за отстапување на правото на наплата на патарина.

Рокот за доставување на писмата е 30 денови од објавувањето на јавниот повик, односно до 26 октомври. Концесионерот ќе има обврска да изврши реконструкција, проширување и ремонт на објектите неопходни за вршење на концесиската дејност, како и набавка, имплементација и одржување на интегриран систем за наплата на патарина.

Висината на патната такса, односно патарината, како што соопшти Министерството за транспорт и врски, согласно Законот за јавните патишта ја одредува Владата.

Целта на јавниот повик е да се испита интересот на соодветните компании и конзорциуми за учество во проект кој ќе овозможи модернизација на системот за наплата на патната такса за користење на автопатот долж Коридорот 10 во Македонија по пат на концесии. За покажан интерес се смета испитување на интересот на компаниите за учество во натамошни постапки и размена на информации во врска со наплатата на патарина.

Очекуваните придобивки од проектот се зголемување на ефикасноста во системот на наплатата, намалување на времето на чекање и воведување современи решенија за вршење на наплатата.

За имплементацијата на проектот направени се анализи во Агенцијата за државни патишта, а в предвид се земени и позитивните искуства на слични проекти кои се реализирани во земјите од Европската yнија, како што се Италија, Португалија, Шпанија, Франција и Чешка каде што се имплементирани проекти за модернизација на патарините по пат на концесија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom