Потона брод во Охридско езеро

Статус
Затворена за нови мислења.

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
505
Поени од реакции
288
И да не даваме ве молам никакви дезинформации за тоа кој е крив што се десила несреќата. Си има надлежни органи и тие ќе кажат кој е проблемот. Не е убаво некој да се навредува без причина. Ако има крив некој тој и ке си одговара не е до нас ние да им судиме
 
Член од
5 септември 2009
Мислења
14
Поени од реакции
1
ззз

Нај-веројатно загиналите са 17 б'лгари и детето на капитан'т. Чуват се слухове, че е имало експлозија и се прокрадва идејата за терористичен акт. Всичките п'тници на борда са били б'лгари. Софија прати правителствен самолет којто да прибере оцелелите. Групата е била предимно от стари хора в пенсионна в'зраст.

Става дума за туристическија кораб „Илинден", којто се е разцепил на две и се е преоб'рнал на около 200 до 300 м от брега на Охридското езеро близо до к'мпинга Елешец.
Тој е п'тувал до манастира "Св. Наум".
Свидетели на инцидента коментират, че плавателнијат с'д е пот'нал буквално за секунди.


Премиер'т уточни, че се намира в постојанна вр'зка с президента Георги П'рванов и ште уточнјат дали ден за траур ште б'де објавен утре на празника на С'единението на Б'лгарија или в понеделник.
Македонскијат президент Георге Иванов вече п'тува за мјастото на инцидента, предава македонската телевизија А1. Иванов по-к'сно следобед ште се обади на б'лгарскија си колега Георги П'рванов.
 

Песимист

Добро информиран оптимист
Член од
11 ноември 2008
Мислења
1.676
Поени од реакции
181
ај пуштајте на а1 за 2 мин има вонредни вести па ке видеме шо е како е
 
Член од
5 декември 2008
Мислења
698
Поени од реакции
211
Бог да ги прости починатите .. Но најчудно од се ми е што сите тврдат дека бродот поседувал валидна документација по чии стандарди? веројатно по некои мак правила и норми. Па чудно е знаете кога цел живот гледаш како стари бродови крнтии од пред 100 години скапуваат во каналон и после ке се најде некој паметен само ке го префарба и ке го стави во употреба значи тоа е најмизерно нешто по цена на ризик и човечки живот да се направат пари. Зошто како што слушнав бродот бил стар преку седумдесет год а и на него да ставиш плус 30 лица треба да си најголемиот лаком алчен охридски идиот кој мисли само да си го наполни џебот. Какви стандарди кога нема ни опрема за спасување ниту елечиња, ништо мизерија невидена во мирно езеро да дозволиш да се деси ваква трагедија.
 

kIRe9

OK. u'r right
Член од
4 март 2009
Мислења
1.419
Поени од реакции
73
ајдееее нова прикаска „Спаска 2дел“ ....
терористи ... затоа шо биле сите Бугари им ставиле бомба да ги потонат :tapp::tapp:
значи ќе си најдете рачка нели .. како и да е :tapp:
брод од 1930 треба да е музеј а не на пловидба...ПРЕТОВАРЕН ! ! !
доволно е да скокне некој тешкаш и ке пукне нешо и ке потоне...СРАМОТА И ГРЕОТА ! ! !:nenene::nenene:
 
Член од
17 декември 2008
Мислења
4.232
Поени од реакции
3.868
Да бе точно,немаат друга работа,за гревота се луѓето што се удавиа сочуство до нивните семејства..
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
505
Поени од реакции
288
Нај-веројатно загиналите са 17 б'лгари и детето на капитан'т.
Како што реков детето е живо сеа го видов на локална телевизија и не баш дете има 22 години. НЕ е терористички акт, вие бугарите сеа во се гледате да не нападните нас демек ние сме криви за тоа. Едноставно настанал некој дефект и бродот потона. Тие што знале да пливаат се спасиле другите се удавиле. то е реалноста не е тероризам не е ништо намерно направено. то се вика несреќа
 

ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Бог да ги прости починатите .. Но најчудно од се ми е што сите тврдат дека бродот поседувал валидна документација по чии стандарди? веројатно по некои мак правила и норми.
По македонски суб-стандарди

Се надевам дека барем поука за во иднина ќе извлечеме од ова.

Никоја оште. Хората говорјат. П'к и е доста с'мнително преди с'единението точно да се разцепи кораб с б'лгарски туристи. Но това са само слухове. Еднин човек казва, че негов роднина е бил на кораб'т и се е имало експлозија преди да се разцепи. Надјавам се да не е терористичен акт.
Да не претеруваме со невкусни шпекулации и да вмешуваме национализми.
Ова е несреќен случај, без никаква заднина од тој тип.
Имајте малку осет.
 

Гладиус

notusually
Член од
14 август 2008
Мислења
5.508
Поени од реакции
1.728
Ајде оставете терористички напади на страна. Најважно е да се спасат што повеќе луѓе. Медиумите сега за сега се единственио кои можат да дадат било каква информација. Затоа да оставиме лични претпоставки на страна и да почекаме да видиме што е официјално.
 

wild dolphin

Мал човек а голем ждерач
Член од
12 мај 2009
Мислења
1.702
Поени од реакции
229
леле бе што е ова со несреќиве од несреќи глава не дигнавме...
штета голема и жалост греота за семејствава, сочувство до нив.

но сопственикот требал да има на ум дека толку патници не се прибираат ако неможе да издржи а не за да не изгуби од зарабатката се случи несреќа.... СТРАШНО! :nesum:
 

Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
505
Поени од реакции
288
експлозијата не е туку татнеж. То може да е или од моторот или ко шо разбрав јас се скинала сајлата за балансирање и бродот се предврти и одма потонал
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Потона брод во Охридското езеро,22 загинати!

Потона патнички брод во Охридско езеро, бројот на загинатите постојано се зголемува. Според полициските информации на А1 Телевизија спасувачките екипи се уште работат на извлекување на жртвите и засега јавуваат за извлечени 22 мртви тела, а десетици се спасени. Според инфорациите на А1, извлечени се уште 5 тела со што бројот на загинати се искачи на 22. Во бродот имало група од 62. туристи од Бугарија кои сакале да патуваат до „Св. Наум“. Несреќата се случила 15-тина минути пред 11 часот. Станува збор за туристичкиот брод „Илинден“ кој се преврте на околу 200 до 300 метри од брегот во водите на Охридското езеро, во близина на автокампот „Елешец“. Според податоците од Катепатинијата во Охрид бродот „Илинден“ поседувал сертификат за пловидба од 29 Мај 2009. година во важност од една година. Бродот е регистриран за 43 патници, а според податоците од Капетанија, бродот превезувал 74 патници. Министерот за транспорт Миле Јанакиевски си поднесе оставка од морални причини. Првичната изјава дадена од капетанот на бродот е дека одеданаш бродот му се превртел на десно и потонал. Пукање на сајла со која се одржува балансот на бродот е најверојатно причина за трагедијата што се случи претпаднето на Охридското езеро. Фотографии од МИА Десетина лица се извлечени живи по хаваријата на бродот „Илинден“. Освен претрпениот шок тие се наоѓаат во добра здрвавстевна состојба и се привремено сместени во хотелот „Метропол“ во Охрид. Едно лице е хоспитализирано и по пружената реанимацита е ставено под специјална медицинска нега. МВР во моментов ги разгледува снимките донесени од „Еулекс“ за да се утврди бројот на патниците и дали сите се регистрирани. Од причина што патниците на бродот не носеле патни исправи со себе МВР не ја отфрла можноста да има странски државјани но, се уште работи на утврдување на нивниот идентитет. На терен пристигнаа и специјалните нуркачки екипи од МВР Скопје. Неофицијално на бродот „Илинден“ имало трипати повеќе патници туристи од дозволено, поради претовар се превртел и веднаш почнал да тоне, овие информации не ги потврдува македонското МВР бидејќи истрагата е во тек. Очевидци велат дека бродот „Илинден“ наеднаш исчезнал од водената површина на Охридското езеро. Велат дека виделе како бродот се поделил на два дела и потонал за неколку секунди. Први во помош на патниците во потонатиот брод, пристапиле лица од автокампот со чамец, кои успеале да спасат голем дел од нив. Се уште е рано за какви било информации за тоа дали станува збор за несреќа или евентуален дефект на бродот, најверојатно бродот потонал од претовар. Полицијата реагирала на повик од граѓани од охридската плажа Лагадин. Повикот, кој е примен утрото, е лоциран од ресторанот „Два Бисера“. Според неофицијални информации од Капетенијата во Охрид, бродот „Илинден“ е произведен 1924 година во Регенсбург, Германија и бил дел од воена моранрица во времето на кралството на СХС. Сопственик на бродот е охриѓанецот Сотир Филевски.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113363

Трагедиja!Бог да ги прости сите загинати!Утре во РМ ке биде ден за жалост, министара за транспорт на РМ подаде оставка.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom