Потона брод во Охридско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата da_be_man
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Синот на капетанот т.е. капетанот е жив, се останато е дезинформација. А на локалните вести спомнаа дека министерот за транспорт и врски ке си даде оставка
 
Луѓе бродот бил на 200 метри до брегот знаете што се 200 метри ,загинаа затоа што се пензионери постари луѓе .За греота бог да ги прости
 
Синот на капетанот т.е. капетанот е жив, се останато е дезинформација. А на локалните вести спомнаа дека министерот за транспорт и врски ке си даде оставка

Ако е жив капетанот правец ЗАТВОР. А и останатите одговорни за преоптоварениот брод!
 
Синот на капетанот т.е. капетанот е жив, се останато е дезинформација. А на локалните вести спомнаа дека министерот за транспорт и врски ке си даде оставка
И синот на капетанот и капетанот се живи, или?
Јас како што слушнав на бугарскиве вести и синот на капетанот бил меѓу удавените. За капетанот повеќе пати беше кажано дека е меѓу преживеаните.
 
Длабочината тука е 6 метри. На сликата на кајгана се гледа дека тука не е многу длабоко
 
сеа кажаа на канал 5 дека имало 22 мртви
вистина ли е?
 
А на локалните вести спомнаа дека министерот за транспорт и врски ке си даде оставка
Да го видиме и тоа чудо. Некој, за било што во Македонија, макар симболично, да понесе одговорност.

Само отставката неотповиклива да биде.
 
Жално за луѓето кои настрадале во несреќава,а и сочуство до нивните најблиски.Се надевам дека бројот на жртвите нема да се зголеми,иако шансите да се најдат преживеани се се помали.
За околностите и причините поради кои се случила трагедијава не е момент да се зборува,но понатаму мора некој да понесе вина за настанатата ситуација.
Во секој случај,црна недела за Македонија,со доста несреќни настани и многу жртви.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=61317&kategorija=4

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113229

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=113365

Нека почиваат сите во мир и спокој.
 
Синот е жив сеа го видов на телевизија. Луѓето што се удавиле не знаеле да пливаат бродот не бил далеку плус во непосредна близина имало 4 бродови кои исто оделе во правец на св. наум
 
Според извори од спасувачката екипа до кои дошле од "Вест" меѓу починатите има и три деца. Сепак за 5 мин ќе има вонредни вести на А1 па се надевам ќе дознаеме повеќе информации.
 
Знаеме ние, затоа бркаме топлинки овде цело време на темава. Не е дека нешто посебно ,,ни ги отвори очите". Туку ти не ми беше јасна... И покрај твојата ,,свесност" дека нема спасувачки појаси, велиш ,,E добро де, шо има везе". Убаво ти рече Acid, нека не ве учат од мали така...:tapp: И ти утре може да се најдеш во таков брод.
Го реков некаде тоа? Не.
За спасувачки појаси си има надлежни кои треба да се грижат за тоа дали бродовите имаат и да прават проверки,а не кога ќе се случи трагедија тогаш да им текни. И кога ќе ги казнат,нема веќе да им текни да одат против законот.
И не си вртите како шо вас ви одговара туку реално гледано дали кога би се качила на брод и ти речат да ставиш појас,а знаеш да пливаш ќе ставиш и цело време да се возиш со појасот на тебе? Зборувам за охридскиве бродови? Колку шо ние не знаеме да почитуваме правила и закони, толку не знаат и тие шо се на бродот. Ти како совесна ко ќе се возиш и ќе одиш и ќе му речиш да ти даде појас за 30 км пловење?
Жал ми е за луѓето шо загинаја, се знае на кого паѓа кривицата и зошто се случило тоа. После за појасите, за кои патем немаше ни време да се стават,ако ги имало воопшто.
 
Неотповиклива?

Или ќе го враќаат после, ко шо обично кај нас бива?

Дефинитивно неоптовиклива. Додуша и онака требаше да си оди, сега само ја осети вистинската шанса дека треба да си ја свитка опашката.
 
ADVISOR напиша:
Луѓе бродот бил на 200 метри до брегот знаете што се 200 метри ,загинаа затоа што се пензионери постари луѓе
Луѓето што се удавиле не знаеле да пливаат бродот не бил далеку плус во непосредна близина имало 4 бродови кои исто оделе во правец на св. наум

И како е тоа релевантно за трагедијава?
Можда они се криви, пошо види не знаеле да пливаат, а така блиску до брег било.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom