US Open 2009

  • Креатор на темата Креатор на темата Божино
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Честитки за Дел Потро, секој чест за прикажното, фантастичен форхенд.Ќе го биде детево.
 
Ударот tweener го викаат, на youtube има клипчиња. Иако ударот се тренира поретко успева, ама треба и среќа за да успее. Еве еден поинтересен tweener лоб од Џејмс Блејк:





Заслужена победа на Дел Потро. Може да се каже дека форхендот му ја донесе титулата.
Иако мораше многу подобро да изигра на некои клучни моменти, особено на крајот на третиот сет, сепак успеа да остане стабилен во најважниот, петти сет.
Многу сличен натпревар со тој на Роланд Гарос. Уште тогаш покажа дека има игра да го победи Федерер. Сега имаа обратна улога, Федерер беше тој што психички не издржа во петтиот сет.

Дел Потро немаше ништо да изгуби, затоа не беше под притисок... Сепак и да изгубеше, ќе изгубеше во финале на US Open од Роџер Федерер...
Браво за Аргентинецот, на почетокот од мечот Федерер почна добро, со освоен прв сет, 5:4 во вториот и 30:0 водство во финалниот гејм... Но сепак, играта на Федерер беше само ДОБРА, и некако како да очекуваше Дел Потро да остани на истото ниво и да не ја појача својата игра, и така Федерер си остана на тоа ОКЕЈ ниво, а Дел Потро почна да клоца газови. Допринес е и катастрофалниот прв сервис на Федерер.

Тоа е тоа, честитки за Дел Потро - заслужи.
 
Честитки до Дел Потро, конкуренцијата во тенисот се' повеќе се зголемува, сите бараат свое место да се докажат и да се впишат во историјата на тенисот.
Федерер веќе е впишан со големи букви и овој пораз не треба да го разочарува, одиме понатаму со други нови успеси:smir:
 
Аууууу ме изненади,БРАВО БРАВО одлична игра, како се врати.ЗВЕР:vozbud::vozbud:

Честитки.:smir:
 
Му ја слушнавте изјавата.......: За мене Федерер е, и ке остане најдобар......:vozbud::vozbud:
 
Неможам да поверувам дека Федерер загуби..Но и тоа се случува..

Честитки за Дел Потро..
 
Очекував лесна победа за Федерер но не испадна така,сите по првиот сет го отпишаа Дел Потро па и во вториот при водството на Федерер.Браво за Дел Потро никогаш не се нервира секогаш смирен и стрпливо ја чека својата шанса се надевам дека некој ден ќе биде тенисер број еден.
 
:pipi::pipi::pipi:Навистина заслужи, кој ѕвер е еј.И според мене во моментот е во најдобра форма од сите.Браво !


Точно дека сега е во добра форма, но не треба одма да се пишува се и сешто... и после победата на Федерер над Ноле сите почнавте "Човекот е од друга планета", "во неверојатна форма е", "не треба да се игра финалето, бидејќи однапред се знае противникот", "Дел Потро неможе со Федерер" итн... и вчера видовте дека и Федерер е од крв и месо и дека покрај другите фактори, голем фактор е и дали му е погоден денот... против Ноле беше 100-ка расположен за игра и незнам дали и имаше некоја позабележителна грешка, додека вчера одеше од грешка во грешка, само погледнете го процентот на прв сервис па сами ќе сфатете :toe:...

Денес или утре ќе испадне и новата АТП листа па да видиме после овој турнир ќе има некој позабележителни промени на врвот... :smir:
 
Честитки за Дел Потро..Легнав при резултат 2:1 и 5:5 во 4-тиот сет..неможев да издржам повеќе,ама мака ми е шо не ја гледав завршницата..Поздрав!

Едит: Еве го 5-тиот сет сникма моментално е 0:2...ТОО Ќе го изгледам крајот :)
 
Дел Потро го направи невозможното, возможно. Да се победи Рожер Федерер, кога тој го достигнува врвот на својата кариера, е стварно феноменално. Честито нека му е победата, и со среќа понатаму.
 
AAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAAA AHAHAHAHHAHAHAHAHAHAHHAHA !!!


Не го гледав мечот, кога видов дека го освои првиот сет Федерер се завртев на друга страна и сум заспал , кога видов во школо дека победи Дел Потро почнав да се чудам и да се смеам !!! ХАХАХ БРАВО!!!

Инаку кај се тие што плукаа за Надал дека изгубим од Дел Потро, посебно навивачите на Федере а сега молчат и си викат ФЕДЕРЕР Е НАЈДОБАР.
ХАХАХАХАХ.

Марјан Мики, за кој си ти бе, еднашка за Надал, еднашка за Федерер и сега гледам за Дел Потро ???
Од кога си тука те читам и се различни постови околу навивањето.:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom