US Open 2009

Статус
Затворена за нови мислења.

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
ОМГ :nesvest: Друштво, дали сонувам или стварно Дел Потро го победи Федерер :vozbud: :vozbud:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.280
Поени од реакции
17.959
Готово е:vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
Дел Потро е ШАМПИОН:aplauz::pehar: Заслужено си го освои и нека му е честито.
БРАВО

ОМГ :nesvest: Друштво, дали сонувам или стварно Дел Потро го победи Федерер :vozbud: :vozbud:
Не бе не се секирај не си у трети сон, јаве е :):vozbud:
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
На Федерер и не му е нешто посебно мака бе.... Дел Потро е не е Надал :pos2: :pos2:

Честито нека му е победата и да продолжи со вакви игри.... Титулава уште повеќе добива на тежина затоа му е освоена против Федерер !!! :aplauz:
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
ОЛЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ ОЛЕ ОЛЕ ОЛЕЕЕЕЕЕ!!!!!!!!!!!!!!

:eek:lee::eek:lee::eek:lee:
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Драматично финале кое траеше 4 часа и 6 минути, неверојатни 5 сета... финале за паметење, финале полно со пресврти и брејкови, финале кое оваа година на US Open му припадна на Аргентинецот Хуан Мартин Дел Потро, на кој ова му е прв Гренд Слем турнир, турнир кој ќе го памети додека е жив... големиот Федерер е на колена денеска, неможеше против брилијантниот денеска Дел Потро... нека му е честита победата, има само 21 година и иднината е пред него... честитки и за Федерер кој денеска сепак не беше на нивото од вчерашниот натпревар...
 
Член од
8 август 2007
Мислења
1.541
Поени од реакции
48
Надал води против Гонзалес 6-3 во меѓусебни дуели. Последен пат Гонзалес го има победено 2007 на Australian Open. Последните 5 меча ги има добиено Надал. Тешко да изгуби од Гонзалес и сега, а во полуфинале од Дел Потро да, може да изгуби. Според мене, од Дел Потро моментално сите можат да изгубат...
:baeh:

Дел Потро е иднината на машкиот тенис.
 

Гробар Мкд

Не дамо Титулу !!!
Член од
19 ноември 2008
Мислења
5.335
Поени од реакции
1.442
Федерер, Надал, Џоковиќ, Мареј, сега и Дел Потро... млади тенисери на кој иднината им е пред нив (освен Федерер :wink:), родени шампиони, уште сега освојувачи на Гренд Слем турнир (освен Мареј)... што може повеќе да посакаме во иднина во тенисот... едноставно да уживаме пред ТВ екраните и да гледаме фантастични наптревари помеѓу овие натпреварувачи... следен на ред Мастерс турнир во кој исто така ќе има фантастични натпревари, бидејќи ќе настапуваат најдобрите 8 светски тенисери во моментот, а нормално ќе присуствуваат и горе споменатите... :smir:
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Одличен тенис, иако не го гледав од почеток. Искрено не верував дека Дел Потро ќе победи, иако играше одлично и на претходните дуели особено против Надал. Очекував неизвесен и тежок дуел, но мислев дека Федерер на крај ќе победи со помош на искуството.
Сепак Дел Потро со своите нецели 21 година покажа зрелост и одлучност во последниот сет така што заслужено го освои турнирот. Верувам дека ова нема да биде негова последна титула и од наредна година веројатно ќе биде многу поголема закана за останатите тенисери на сите турнири.
 
Член од
3 август 2009
Мислења
417
Поени од реакции
56
Браво за Дел Потро а воедно и фала ми спаси 2000 ден. кладба:tv: Иначе натпреварот беше лудница со многу пресврти и на крај конечно малку се покажа дека и Федерер е сепак човек од крв и месо и згреши неколку чисти поени Напред Мареј:vozbud:
 
Член од
3 декември 2007
Мислења
2.681
Поени од реакции
182
Беше добар натпревар иаку Џоковиќ заслужи барем 1 сет. А што направил толку Федерер мале мале, цц абе секој тенисер во ваква ситуација ке го направи, секој тенисер треба да го знае ова, а сега битна е и прецизноста, Надал имаше ваква ситуација со Дел Потро, беше потешка ситуацијата но излезе аут од тај обид. Не велам дека нема врска овој поен што го доби меѓу нозе, туку се запаливте сите како никој да не го може ова.
Точно така... скоро сите се запалија на поенот на Федерер оти беше како шлаг на тортата, односно точка на брилијантно одиграниот наптревар... а секој тенисер би го направил тоа во ваков случај, само вчера и среќата беше на страната на Федерер, и тој кога се сврте и кога виде дека е поен се изначуди на земаниот поен... а памтам и Себастијан Грожан, а и не ми текнува други тенисери го имаат направено ова, ама реков, ова ќе се запамети оти беше како точка на овој фантастичен натпревар :toe:

Инаку вечер, ако игра Дел Потро како што играше со Надал, тешко ке биде.[/QUOTE]
Ударот tweener го викаат, на youtube има клипчиња. Иако ударот се тренира поретко успева, ама треба и среќа за да успее. Еве еден поинтересен tweener лоб од Џејмс Блејк:





Заслужена победа на Дел Потро. Може да се каже дека форхендот му ја донесе титулата.
Иако мораше многу подобро да изигра на некои клучни моменти, особено на крајот на третиот сет, сепак успеа да остане стабилен во најважниот, петти сет.
Многу сличен натпревар со тој на Роланд Гарос. Уште тогаш покажа дека има игра да го победи Федерер. Сега имаа обратна улога, Федерер беше тој што психички не издржа во петтиот сет.
 
С

сашенко

Гостин
Super sega konkurencijata se zgolemuva.Federer, Nadal, Murray, djokovic, Del potro sega ova se novite top 5 i mislam deka do kraj na sezonata ke bide mnogu interesno.Sepak mislam deka do kraj na sezonava najmnogu so poeni ke profitira nadal zasto on e edinstveniot od site ovie sto lani ne nastapi na kupot taka da ne brani nikakvi poeni i sekoj mec ke mu nosi poeni a drugite ne veruvam da napravat nekoja tolku golema promena vo poenite.So sreka na site.:vozbud::vozbud:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom