Шкотска - Македонија 2-0

• Креатор на темата Креатор на темата Ddime
• Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Одиме на победа,ова ни е најголема шанса за бараж до сега која не смееме да ја пропуштиме.:oeoeoe:

Чекав некој да постира за да не ми се спојат мислењата предолго е првото. Еден извадок од текст во Шкотските медиуми за натпреварот утре:

Од Македонија не треба да се плашиме, но мора да и пристапиме со целосен респект. Барли инсистира на тоа дека Шкотска заслужила бод во Скопје. Глупост!

Македонија направи повеќе шанси и беше чист и јасен победник. Неколку недели пред ова, играа пријателска со Шпанија. Македонија поведе со 2-0 со головите на Горан Пандев, многу талентиран напаѓач. Шпанија, со Фернандо Торес, Давид Виља, Чави и Чаби Алонсо во првата постава и Фабрегас во второто полувреме, успеа да го сврти резултатот. Македонија подоцна погоди пречка.

Доаѓајќи на сантиметри од 3-3 со Шпанија е и тоа како пристојна форма. Состојбата на Горан Пандев исто така е фактор. Тој е талентиран фудбалер заглавен во клуб за кој не сака повеќе да игра. Во многу лоши односи е со Лацио. Јасно, неговата состојба се одрази како некоја искра на теренот против шпанците. Ако дојде во Глазгов со истиот „ќе-ме-видите-кој-сум“ менталитет, Шкотска ќе си има многу проблеми со него.

Посебно со проблемите кои ги има Барли со последната линија...

„Тие се одлина екипа“ - вели Барли. Ја гледав снимката со Шпанија. Играа одлично, посебно во првото полувреме кога поведоа со 2-0 со головите на Пандев.Тие покажаа дека со нив нема шега, ќе мора да дадеме се од себе.

Играат со три напаѓачи и навистина се авантуристи. Обично првото полувреме го играат подобро, во последните 20-тина минути тешко играат. Не треба да запнуваме по секоја цена, како ќе поминува времето ќе имаме повеќе шанси...

Патем, вчера читав доста по шкотските медиуми, исто и како и предходниот натпревар. Ретка прилика да се читаат текстови од новинари кои се разбираат од фудбал. Во нашиве весници, ми се чини дека го читам истиот текст, цел живот...

[FONT=&quot][/FONT]

Christophe Berra has been ruled out of Scotland's World Cup qualifier with Macedonia on Saturday due to illness.

ајде со ослабен состав се.Одиме на победа

Можеби на некој ке му затреба!:kesa::pos2:

Scotland-Macedonia ticket info

Thursday, 13 August 2009 23:48 News - Miscellaneous

Regarding the match between Scotland and Macedonia that will be played on 5th September in Glasgow, the Scottish FA have set up a telephone number for all the Macedonian fans who are interested in buying tickets for the West stand on the Hampden Park stadium.

The number is 0141 564 4233.
The ticket cost is £25 per ticket (+ postage).

Има информација некој дали ќе има македонски навивачи на стадионот?

Патем, вчера читав доста по шкотските медиуми, исто и како и предходниот натпревар. Ретка прилика да се читаат текстови од новинари кои се разбираат од фудбал. Во нашиве весници, ми се чини дека го читам истиот текст, цел живот...

[FONT=&quot][/FONT]

Тоа е батка. Само имињата на екипите ги менуваат. Истите изјави, истите коментари во весници ги има пред секој натпревар. Колку да се рече дека има нешто напишано. Ама затоа пак, кога ќе има некој скандал од типот на шамар на тренинг или некој се налутил зошто не игра, тогаш весникот е претесен за коментари. :toe:

Шо не пратија од владата или од амс неколку души.Наместо во Полска шо не отидоа за Глазгов.

Ах, од Илчо не очекувај голови, само картони може од него.
Ивановски сакам да го видам прва постава !
Не сакам да бидам песимист, ама не ми изгледа дека ќе победиме...Шкотска е квалитетна како и секоја друга репрезентација од Британија. Имаа лош ден кај нас на жешко време, таму ќе биде поинаку.
Инаку, у квалификацискиот циклус немаме постигнато гол на гости , ниту имаме освоено поен. Така да не очекувајте хет-трикови.

На која странска телевизија ке ја даваат утакмицава се знае нешто ?

Ах, од Илчо не очекувај голови, само картони може од него.
Ивановски сакам да го видам прва постава !
Не сакам да бидам песимист, ама не ми изгледа дека ќе победиме...Шкотска е квалитетна како и секоја друга репрезентација од Британија. Имаа лош ден кај нас на жешко време, таму ќе биде поинаку.
Инаку, у квалификацискиот циклус немаме постигнато гол на гости , ниту имаме освоено поен. Така да не очекувајте хет-трикови.
Велс и Северна Ирска се квалитетни репрезентации ??? Шкотланѓаните не знаат да играат добар фудбал.Одат со високи топки и повеќе трчање.Единствено што треба да направиме е да играме со ниски топки и брзи пасови.Со тоа мислам дека ќе ја разбиеме нивната игра и се надевам ќе победиме(барем да имаме некаква надеж до среда).

Ај види Северна Ирска во групата со кои репрезентации се наоѓа и каде е пласирана мометално. Wales ? Ај види му го ростерот. Сите играат во Англија, предводени од Белами.

Инаку, сосема си во право со тоа ниските топки, Шкотска врска немат од игра по земја. Пандев треба и мора да ги растура со неговиот стил на игра.

Ај да го доживееме и тоа чудо победа на гости:) До душа последниве години на гости играме можеби и подобро од дома, бидејќи нашите фудбалери го немаат притисокот од македонската публика, но резултати пак немаме ни од гостувањата.
Ако можевме да се носиме рамноправно со Англија на Олд Трафорд зашто да не можеме ни утре.

Во основа по нерешеното со Норвешка реков дека немаме повеќе шанси така да не можам да бидам разочаран, само позитивно изненаден и израдуван доколку не бидеме поразени.

Едноставно нашите момци треба да играат со помислата дека немаат што да загубат. На жешкиот терен Шкотска е секако фаворит така да ние можеме само да добиеме.

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom