Ќе пробам да ти помогнам, со еден доста ефикасен (барем за мене) метод на изведување на корнери, и поставеност на играчите при изведување на истите.
Значи, како прво и основно, поставуваш корнерите да ти ги изведуваат играчи со повисоки оценки за изведување корнери, што е нормално. Пожелно е корнерите од лева страна да ти ги изведуваат леваци, а тие од десна деснаци, но не е морално, доколку има над 16-17 оценка за корнери, нема врска со која нога ги изведува.
Потоа, местиш корнерите да ти бидат изведувани на поблиската статива. Ако не знаеш како се прави тоа, одиш у Tactics, Instructions, Team instructions, и имаш доле, ќе се снајдеш.
Е сега, клучниот дел... Одиш во Тасtics исто, и во полето Views, oдма над играчите, бираш Attacking corners. Местиш твојот најјак играч со глава да напаѓа од поблиската статива (Attack Near Post). На најцврстиот играч (тој со најмногу станима, баланс и сл.) му местиш опција Challenge Keeper, што значи дека ќе биде веднаш пред голманот и доколку гојде топка до него, гарант ќе ја пикне у гол. Обично, овој играч реагира при одбрана на голманот при ударот со глава на играчот на првата статива, а со оглед на високите оценки за гурање и боди баланс, нема да има проблеми да ја укова у гол. Потоа, им местиш на еден или двајца играчи со висока оценка за шут од далечина опција Lurck Outside Area. Овие играчи ќе седат надвор од шеснаестерецот, и ќе чекаат одбацени топки, и со оглед на тоа шо имаат јак шут од далечина, полесно ќе можат да дадат гол од таа ситуација. Другите играчи, можеш по свој вкус да експериментираш со поставеноста. Гледај само да имаш двајца кои ќе ти седат констатно назад (пожелно е крилните бекови, со оглед на тоа што се побрзи, добри се во дефанзива, а слаби се при корни). На останатите играчи, можеш да им местиш опции по твој вкус, експериментирај.
Еве јас како ги поставувам, и имам супер ефикасност при корнери:
Со среќа, па кажи шо си напраил. :smir: