Моментално почнувам втора сезона Со Њукасл. Го освоив Чемпионшипот релативно лесно, јбг добар тим имаат Њукасл.
Играм формација 4-2-3-1 , многу е ефикасна и стабилна.
Го купив Смоларек како слободен играч и даде 37 гола.
За оние што играат со помали тимови ги препорачувам Мигуел Перез од Елче и Муса Н даје, се зимаат за помалце од пола милион , и особено Пациенца, играч од калибарот на Чаби Алонсо.
Од тие што играат во Њукасл ѕвер е десниот бек Рајан Тејлор, левиот бек рајан тејлор и голманот Тим крул(толку рапидно растење на скиловите неам видено одамна). не е лош ни Дени гатри, а како таленти ги препорачувам Енди керол и Најл рејнџер и двајцата напаѓачи и одбрамбениот играч Тамаш Кадар.
Никако не ги купувајте Кевин Нолан, Џои бартон, Алан Смит и колочини. Овие четворица заедно со Тејлор и гатри го прават мојот тим на Њукасл најагресивниот до сега што сум го менаџирал. оваа сезона имав околу 100 жолти и дваесетина црвени картони , и ради тоа не можев да играм со хард таклинг.
Е сега во премиер лига ќе ми требаат јаки ама ефтини играчи со оглед на тоа што Њукасл има мал буџет од околу 20 мил.
Особено чекам предлог за AMR , ST , AMC.
И ми требаат бекап играчи на позиции DR, DL i GK.
Сите предлози се добредојдени, малце сум зафатен неам баш време да копам таленти
