Геј парада во Скопје?

Статус
Затворена за нови мислења.
P

Princ

Гостин
Прво одговори ми дали затоа се различни па потоа ќе ти одговорам дали заради тоа се посебни.
Штом сакаат да парадираат, да прават нешто посебно, нешто што друг/и не го прави, сами сакаат да си се направат посебни и невообичаени. Самиот збор парадирање не оди кај нас. Ние немаме ни воено парадирање.

Некој рече сакаат да парадираат за да не ги гледале накриво кога ќе се драпаат во јавност... па јас со девојка ми не се драпам у јавност бе :icon_lol:

Едит: туку BliND, те гледам доста активен на темата за педофилија... Дај кажи ми нешто. Како тоа одобруваш една перверзија и ненормалност (хомосексуализам) ама не и друга (педофилија)? Кога веќе ќе почнат да се кршат нормите, јас мислам дека сите треба упм да одат... а не некој селекција да прави.
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
сами сакаат да си се направат посебни и невообичаени.
Некој рече сакаат да парадираат за да не ги гледале накриво кога ќе се драпаат во јавност... па јас со девојка ми не се драпам у јавност бе :icon_lol:
И трето, па сакаат да запознаат луѓе од нивни калибар. :tv:

На темава се изјаснив, само уште ќе кажам... Мене ми е океј да видам геј, ама не ми е океј да видам куп гејови на парада. Мене ми е океј да видам гејови на улица како се бакнуваат,драпаат, или што и да прават, ама не ми е океј да видам куп гејови како шетаат по улициве и го прават истото. Едноставно не знам зошто, не гледам која им е целта, вака само можат да не` згадат.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
Ти се случило да се бациш со дечко ти на јавно место, некаде на улица?Сигурна сум дека да, некогаш, барем еднаш.

Што му е на светот гајле ако си стрејт?! Треба цел свет да знае дека си иста?:nesvest:

:)
Пронајди ја разликата:

Член од
26 август 2008
Мислења
2.165
Поени од реакции
58
a be stoznam ne mislam deka homoseksualnosta e prirodna rabota,ama ako nekoj saka da bide gay i da paradira niz gradot kako takov,jas so toa nemam nikakov problem ,se dodeka gi pocituvaat zakonite i se dodeka nikogo ne zagrozuvaat.
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Пронајди ја разликата:
На секакви паради учесниците се шминкаат, маскираат и изгледаат чудно и екстравагантно.

Зошто имаш проблеми да гледаш мажи у фустани? На 1.април на нашион плоштад пола од маските се мажи во миничи, перики и шминка. Тие ти се смешни, а овие одвратни, а?

А далеку од тоа дека сите хомосексуалци се транвестити, ако тоа ти беше поентата.
 
Не ми беше тоа поентата :)

Сакав да кажам дека е едно да бидеш стрејт/геј пар, а друго е да го однесеш фактот за твојата сексуална определба до бизарност. И токму она второто го прават хомосексуалците со таквите паради.

Едноставно, си прават лоша услуга и не придонесуваат за своето прифаќање.
Од една страна велат дека нејќат да се посочува со прст кон нив, а од друга сами се посочуваат. И си лепат негативна конотација.

Не им се потребни екстреми и бизарности за да се изборат за своето, патем заслужено, прифаќање во општеството.

Затоа и реков, дали фактот дека, рецимо, сакам само анален секс, значи дека треба со парада да ја соопштам таа моја префернеца?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
[vladimir];1836915 напиша:
Да, се различни и за мене тоа е настрано.
Јас, како и многумина сум против геј парада во скопје, значи не наоѓам причина зошто да парадираат.
Ок е, нека се движат по геј клубови или незнам каде, ама немора да го прават тоа толку јавно, предизвикуваат повеќе негативни отколку позитивни реакции од средината.
не знам кој,ама мислам псај убаво ви кажа..и вие „нормалните“ се лапате и драпате по улици,правите паради на вљубени и никој не ви суди дека го правите тоа јавно.
аман,и хомосексуалците имаат чувства,различни,ама сепак ги имаат.
зашто да не споделат со светот кои се и што се?!?
подобро е да се затвараат во барови и места спецјално за нив,па да бидат исфустрирани,да лажат дека се стрејт,да се чуствуваат лошо во своја кожа или подобро е да бидат прифатени од нормалните.
и што има настрано во тоа да се биде хомо?
тоа се чувства,таков си роден.не можеш да се правиш со сила нешто што не си само за да ја задоволиш околината,тоа е дел од тебе и негирањето енма да направи ништо позитивно

Напишано од Princ
Како тоа одобруваш една перверзија и ненормалност (хомосексуализам) ама не и друга (педофилија)?
како може воопшто да споредиш педофилија со хомосексуалност?
секс со мало дете и со ВОЗРАСНА личност од ист пол се две сосема различни работи.
а и не верувам дека некое од децата кое за жал е дел од сексуалниот акт на еден педофил го прави тоа доброволно и со чувства,за разлика од хомосексуалците кои знаат што и зашто го прават тоа.

јас сум за геј парада,ако тоа направи да се чувствуваат нормални,сакани и прифатени-нема проблем.
 
ada

Модератор! ок?
Член од
21 август 2006
Мислења
5.706
Поени од реакции
566
не знам кој,ама мислам псај убаво ви кажа..и вие „нормалните“ се лапате и драпате по улици,правите паради на вљубени и никој не ви суди дека го правите тоа јавно.
аман,и хомосексуалците имаат чувства,различни,ама сепак ги имаат.
зашто да не споделат со светот кои се и што се?!?
подобро е да се затвараат во барови и места спецјално за нив,па да бидат исфустрирани,да лажат дека се стрејт,да се чуствуваат лошо во своја кожа или подобро е да бидат прифатени од нормалните.
и што има настрано во тоа да се биде хомо?
тоа се чувства,таков си роден.не можеш да се правиш со сила нешто што не си само за да ја задоволиш околината,тоа е дел од тебе и негирањето енма да направи ништо позитивно
Не да се затвараат, кријат, лажат...Еве нека се држат за раце, нека се љубакаат, нека се ебат на Водно и сл...Штом тоа го прават стрејт особите, имаат апсолутно право да го прават и оние шо се геј.

Али да узурпираат јавно време, место и внимание со безвезе паради, кои постигнуваат само контра-ефект, не.
Како што јас не ја малтретирам јавноста со мојата секусална определба, така не треба ни они.

Поентата е, дека си прават ептен лоша услуга, а се и контрадикторни...Као оставете не на мира, тоа е наш приватен живот, не не посочувајте со прст...А, од друга страна, ние нон стоп ќе ве потсетуваме дека се ебеме со особи од ист пол и сами ќе си се посочуваме со прст као ептен различни и неуклопени у општеството.

На крајот од краиштата, ќе поверувам дека им е удобно у нивната сексуална определба дури тогаш кога ќе се одважат да се држат за раце и љубакаат, како секој нормален пар, а не да се штитат и кријат преку топлпа собрана у бизарни паради.
 
P

Princ

Гостин
како може воопшто да споредиш педофилија со хомосексуалност?
Како можеш воопшто да си дадеш за право да ми кажуваш дека нема споредба помеѓу педофилија и хомосексуалност?
За мене едниот грев е поголем од другиот ама и двата се = грева.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Како што јас не ја малтретирам јавноста со мојата секусална определба, така не треба ни они.
не конкретно ти,но многу други стрејт двојки на слични паради

*овие слики се дел од многубројните кога на гугл ќе пишеш love parade

зашто стрејт двојките да имаат право да ја покажуваат својата љубов вака јавно а геј паровите да несмеат?!?!?
луѓе се сите нели?
или предрасудите се побитни од чуствата на овие луѓе?
 
wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.609
Поени од реакции
33.964
Како можеш воопшто да си дадеш за право да ми кажуваш дека нема споредба помеѓу педофилија и хомосексуалност?
За мене едниот грев е поголем од другиот ама и двата се = грева.
Кај едниот и двајцата се согласуваат на истиот, за разлика од другиот.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Кај едниот и двајцата се согласуваат на истиот, за разлика од другиот.
мај појнт екзекли.
мене оваа споредба ми е иста ко да ми речеш дека силување и секс е иста работа
 
BliND

Raptus regaliter...
Член од
16 јануари 2006
Мислења
3.963
Поени од реакции
361
[vladimir];1836915 напиша:
Да, се различни и за мене тоа е настрано.
Јас, како и многумина сум против геј парада во скопје, значи не наоѓам причина зошто да парадираат.
Ок е, нека се движат по геј клубови или незнам каде, ама немора да го прават тоа толку јавно, предизвикуваат повеќе негативни отколку позитивни реакции од средината.
И зошто толку лично го сфакаш тоа?
Зошто си за геј парада?
Прво на тебе да ти одговорам , колку геј клубови познаваш во Македонија? Можат на прсти да се бројат. И тебе ако ти е настрано тоа а на нив хетеро им се настрани , пак ништо. Ние ги иаме сите права да се лижеме по клубови ,а они ако ги примети јавноста добиваат најчесто закани , тепања, бркања и друго.
Инаку не го сваќам лично воопшто , само не ми е јасно зашто они немаат исти човечки права како нас ?

А во однос на тоа што го кажа Princ , се согласувам со Магде , Педофилија и Хомосексуалство не се исти работи .Хомосексуалноста не е грев , двајцата се сложуваат , а педофилијата е !
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Педофилија,зоофилија,некрофилија,хомосексуалност,промискуитет,инцест,и другите разноразни садо мазо глупости се духовни болести.Од нив цели цивилизации во историјата пропаѓале,па како се застапени и денес и на оваа цивилизација и се гледа крајот(западноевропската).
 
PSYtisfaction

Царевата ќерка
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.922
Поени од реакции
527
Tи искомбинирав изјави од два различни поста. :icon_lol:
Како што јас не ја малтретирам јавноста со мојата секусална определба, така не треба ни они.

Затоа и реков, дали фактот дека, рецимо, сакам само анален секс, значи дека треба со парада да ја соопштам таа моја префернеца?
Ти не ја малтретираш јавноста со твојата секс определба затоа што немаш потреба од тоа. Стрејт си и светот те прифаќа пошто си „нормална“. Кога они би биле прифатени од јавноста еднакво исто како што си прифатена и ти, тогаш не би се замарале да ја малтретираат јавноста во обид да докажат некаква поента.

Фактот што ти сакаш анален секс прво не е твоја сексуална определба, туку само една од многуте нешта што ги сакаш во сексот, значи има разлика; а второ, јавноста не тепа девојчиња што сакаат анален секс, туку момчиња што истото го сакаат со други момчиња.

Парадата не е за да „соопштат“ гејовите дека се гејови; туку вид на бунт против општеството кое не ги прифаќа и им ги ускратува основите човечки права.
Како можеш воопшто да си дадеш за право да ми кажуваш дека нема споредба помеѓу педофилија и хомосексуалност?
За мене едниот грев е поголем од другиот ама и двата се = грева.
Не можеш на една ваква глобална тематика да гледаш од религиозен аспект. Колку луѓе, толку религии, толку верувања, толку неверувања, толку свети книги, толку религиозни правила и критериуми за грев што секаде се разликуваат.

Ако ти не прифаќаш гејови зошто хомосексуалноста е грев, тогаш дали не треба да прифаќаш ни христијани зошто јадат свинско, што според твојата вера е исто така грев?:uvo:

Глупава споредба, ама колку за илустрација.

Патем, Магде фино ви ја долови истата ситуација со love парадите, каде СТРЕЈТ двојки јавно ја искажуваат својата љубов. Со тоа немате проблем, м?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom