Tи искомбинирав изјави од два различни поста.
Како што јас не ја малтретирам јавноста со мојата секусална определба, така не треба ни они.
Затоа и реков, дали фактот дека, рецимо, сакам само анален секс, значи дека треба со парада да ја соопштам таа моја префернеца?
Ти не ја малтретираш јавноста со твојата секс определба затоа што немаш потреба од тоа. Стрејт си и светот те прифаќа пошто си „нормална“. Кога они би биле прифатени од јавноста еднакво исто како што си прифатена и ти, тогаш не би се замарале да ја малтретираат јавноста во обид да докажат некаква поента.
Фактот што ти сакаш анален секс прво не е твоја сексуална определба, туку само една од многуте нешта што ги сакаш во сексот, значи има разлика; а второ, јавноста не тепа девојчиња што сакаат анален секс, туку момчиња што истото го сакаат со други момчиња.
Парадата не е за да „соопштат“ гејовите дека се гејови; туку вид на бунт против општеството кое не ги прифаќа и им ги ускратува основите човечки права.
Како можеш воопшто да си дадеш за право да ми кажуваш дека нема споредба помеѓу педофилија и хомосексуалност?
За мене едниот грев е поголем од другиот ама и двата се = грева.
Не можеш на една ваква глобална тематика да гледаш од религиозен аспект. Колку луѓе, толку религии, толку верувања, толку неверувања, толку свети книги, толку религиозни правила и критериуми за грев што секаде се разликуваат.
Ако ти не прифаќаш гејови зошто хомосексуалноста е грев, тогаш дали не треба да прифаќаш ни христијани зошто јадат свинско, што според твојата вера е исто така грев?:uvo:
Глупава споредба, ама колку за илустрација.
Патем, Магде фино ви ја долови истата ситуација со love парадите, каде СТРЕЈТ двојки јавно ја искажуваат својата љубов. Со тоа немате проблем, м?