МАНЧЕСТЕР, ПРЕКУВРЕМЕНО
Манчестер Јунајтед добива многу повеќе време во продолжението на мечевите кога губи или е нерешено, отколку кој било друг тим од Премиер лигата, покажала анализата на Гардијан.
По спорниот гол на Мајкл Овен во 96-та минута на неделното градско дерби против Сити, весникот направил математика на продолженијата на мечевите кога игра Јунајтед во последниве три сезони.
Во последните 48 меча на кои актуелниот шампион водел, просекот на траењето на продолженијата бил 191,35 секунди, додека во 12-те натпревари кога резултатот бил нерешен или Јунајтед губел, просекот е 257,17 секунди.
Покрај тоа, просекот на продолженијата на Олд Трафорд е 205 секунди, за разлика од Енфилд (Ливерпул) каде мечевите се продолжуваат за 210 секунди, на Емирати (Арсенал) 224 или на Стендфорд Бриџ (Челзи) 229 секунди.
По натпреварот во кој Јунајтед победи со гол во 6-та минута од продолжението, иако четвртиот судија покажа четири минути, реагирал менаџерот на Сити, кој изјавил дека се чувствува "ограбен."
Овој тренд започнал во сезоната '06-та - '07-ма, кога во 15-те меча кога водел, Манчестер Јунајтед добивал продолженија во просек од 194 секунди, наспроти 217-те кога губел или било нерешено.
Следната сезона разликата била уште поголема, за во минатата година односот да биде 187 наспроти 258 секунди. Истиот тренд продолжил и во првите три меча од новата сезона во кои резултатот не бил поволен за Јунајтед .
Последна промена: 23.09.2009 #
http://www.guardian.co.uk/football/2009/sep/22/manchester-united-goals-stoppage-time