Македонија пред рецесија

Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
e recesija de,znaime deka ne fati odamna,do koga ke trae samo,stratford predvidi deka Makedonija ke ja zafati so najmali posledici,ke vidime dali dobro predvidele.........sea za sea ne se oseka tolku kolku vo drugite zemji,ama mene me plase dali ke ispadneme brzo kako oni...........ili ci plivkame u ist pravec...........vodoravno
 

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
e recesija de,znaime deka ne fati odamna,do koga ke trae samo,stratford predvidi deka Makedonija ke ja zafati so najmali posledici,ke vidime dali dobro predvidele.........sea za sea ne se oseka tolku kolku vo drugite zemji,ama mene me plase dali ke ispadneme brzo kako oni...........ili ci plivkame u ist pravec...........vodoravno
narednite...20 i kusur godincinja....dusa si dalo za raznorazni prerodbenicki, nacionalni...vidoviti i slicni pastiri....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.810
Поени од реакции
12.299
stratford predvidi deka Makedonija ke ja zafati so najmali posledici
Можда но за малите мачиња и малата вода е погубна. Ќе се удават ако барем малку не претнат и ако не се борат за воздух. Малку е релативно затоа што, иако медиумите ликуваа за Јапонија и големиот кризен талас кај нив, тие веднаш ќе скокнат на нозе. Огромна економија, јапонски менталитет, железна дисциплина...огромна подмачкана машина.

И секако добар машинист.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
e recesija de,znaime deka ne fati odamna,do koga ke trae samo,stratford predvidi deka Makedonija ke ja zafati so najmali posledici,ke vidime dali dobro predvidele.........sea za sea ne se oseka tolku kolku vo drugite zemji,ama mene me plase dali ke ispadneme brzo kako oni...........ili ci plivkame u ist pravec...........vodoravno
Aбе ние и без официјално објавена рецесија “си пливкавме“ како да сме во најдлабоката “рецесиона бара“,па сега одкако и официјално се објави,кој знае каде ќе ни биде крајот.Словенците “кубат коси“ со 80 000 невработени,како “сите лаѓи да им пропаднале“ со скоро ист број на жители како и во Македонија.Си замислуваш ли како би ја нарекле состојбата доколку имаат 400 000 невработени како и ние?Ќе избираат нешто како Цунами,Катаклизма,Армагедон или нешто слично,оти зборот рецесија би им бил премногу “нежен“ за состојбата во која би се нашле,а би била слична на оваа во која ние сме со години.Истото тоа би се случувало со секоја земја во ЕУ,ни една од нив не може да го издржи товарот на 8% администрација од вкупниот број на жители што кај нив изнесува 2-4%,или незамисливо би им било дека некоја држава сеуште функционира со 35-40% невработеност од вкупниот број работоспособни,зошто 20% за нив е веќе “погубна бројка“ како и 40% администрација од бројот на официјално вработени во една држава.:toe:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Сега кога ќе ја објават веста „Македонија во рецесија“ на никој нема да му е интересно.Сите испаѓаат ние влегуваме.Ете ги споредбите со Германија и Франција:pos2:Они нагоре,ние надоле,ама кој да му каже на Ѓорчев де.
 
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.107
Поени од реакции
150
Македонија во рецесија...... и врапците на дрво знаат дека сме во рецесија, само нашиве политици неможе да сватат такво нешто, или не сакат да си признаат, па ајде да ги поверуваме па нели тие се нај нај во државава...............
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Македонија во рецесија...... и врапците на дрво знаат дека сме во рецесија, само нашиве политици неможе да сватат такво нешто, или не сакат да си признаат, па ајде да ги поверуваме па нели тие се нај нај во државава...............
Види,знаците дали една земја е во рецесија или не се мерат по неколку показатели од кој најбитни се порастот на невработеноста и падот на индустријското производство,односно БДП.Е сега,ако кај нас се знае дека невработеноста нема да падне никогаш повеќе од колку што е во моментов,зошто владата на секој избркан работник од индустријата прима по двајца во Администрацијата,значи ја намалува стапката на невработеност,а БДП нема да падне премногу затоа што никогаш не бил ни сериозно висок,тогаш едноставно може да се заклучи дека и никогаш нема да бидеме во некоја сериозна рецесија.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
А, замисли, АБЦ, некогаш и да излеземе од повеќедецениската криза?
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
А, замисли, АБЦ, некогаш и да излеземе од повеќедецениската криза?
Замислувам,тогаш сигурно сите ќе не вработат во администрација,па така Македонија ќе се нарекува “Административна географска дистинкција Македонија“,чие население воглавном се занимава со административни работи и дејства,шетајќи по ходници како “мува без глава“.Нема да имаме потреба од досадни земјоделци,сточари,млекари или пак од стечајни работници,затоа што администрацијата скоро никогаш не објавува стечај.:smir:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Замислувам,тогаш сигурно сите ќе не вработат во администрација,па така Македонија ќе се нарекува “Административна географска дистинкција Македонија“,чие население воглавном се занимава со административни работи и дејства,шетајќи по ходници како “мува без глава“.Нема да имаме потреба од досадни земјоделци,сточари,млекари или пак од стечајни работници,затоа што администрацијата скоро никогаш не објавува стечај.:smir:
Такви пак ќе има...голем дел од вработените си земаат боледувања и одмори за да си гледат нивите, стоката по селата...
Затоа, немаме ни земјоделство ни администрација.
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
193
Такви пак ќе има...голем дел од вработените си земаат боледувања и одмори за да си гледат нивите, стоката по селата...
Затоа, немаме ни земјоделство ни администрација.
Сакаш да речеш дека и земјоделците ни се претежно “болни административци“?:pos2:
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Сакаш да речеш дека и земјоделците ни се претежно “болни административци“?:pos2:
Не баш...:pos2:
Друго ми беше муабетов...
Струмица е нели земјоделски крај...уште во 60-тите и 70-тите миграцијата село-град си го направила своето, па има премногу луѓе со потекло од село, кои си обработуваат имотите по селата, се занимаваат со земјоделство.
Многумина такви се административци, и луѓето си земаат плата и си работат земјоделие...
Сите земјоделци бараат работа...
Првите не се секираат колку ќе се продаде нивното производство, а вторите не се замараат премногу со висината на платата...си сметаат дека другото им е екстра приход :)
И, така, ништо не функционира како што треба...
 
M

marsovka

Гостин
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=AB60DAEFECE8FE4EA8D3B2FD3386ACC3




Буџетот скратен за 80 милиони евра

Експертите не се согласуваат со мислењето на Ставрески дека ребалансот на буџетот отвара можност да се намалат банкарските камати. Пречка за тоа се фиксниот курс на денарот, кој се' повеќе тоне, и домашните економски проблеми
Предложениот ребаланс со кој се кратат околу 80 милиони евра од буџетот е доволен за да се намалат каматите, сугерираше вчера министерот за финансии Зоран Ставрески на Народната банка. Според него, предложеното кратење на буџетот е доволно само без финансиска поддршка од Меѓународниот монетарен фонд да се извлечеме од кризата. Ставрески убедува дека парите од втората еврообврзница се доволни за да се затвори дупката што во буџетот ја отвори глобалната економска криза.

Според економските аналитичари, 175-те милиони евра од еврообврзницата нема да бидат доволни да не' спасат од глобалната криза, а состојбата е толку очајна што Владата и понатаму ќе крати од девизните резерви за да го покрие кусокот во државната каса.


- Се прави сериозно приспособување на расходите за да се приспособи трошењето на државата, на јавниот сектор во целина и на она што се случува во реалната економија. Ќе се заштеди во сите категории кај расходите, а најмногу кај помалку продуктивните ставки и проекти и тие што го поттикнуваат увозот. На овој начин ќе се одржи макроекономската стабилност и нема да расте дефицитот во платниот биланс. Ќе настојуваме да ја задржиме динамиката на проектите што се значајни за економската активност - рече Ставрески.

Според министерот за финансии, во буџетот ќе се заштеди со тоа што Владата ќе се откаже од покачувањето на платите на административците, ќе стави мораториум на нови вработувања, на изградбата на музејот на ВМРО и на жичницата на Водно, а набавката на автобусите за Скопје се одложува за в година. Од истите проекти Владата се откажа и во првиот ребаланс.

Трошоците за плати ќе се намалат за 11 милиони евра, расходите за дневници и службени патувања ќе се скастрат за 50 проценти, а капиталните расходи за 18 отсто. Владата нема да чепка во социјалните трансфери и гарантира редовна исплатата на пензиите и на другите социјални надоместоци.

Според економскиот аналитичар Ден Дончев, тоа не е доволно.

- Ребалансот е добар, но задоцнет чекор. Кратењата се неопходни, но недоволни. Тоа што Владата испланирала целиот дефицит да го покрие од парите од еврообврзницата практично е признавање дека економијата ни е толку очајна што и понатаму ќе се трошат девизните резерви - смета Дончев.

Тој смета дека владиниот план за справување со кризата е неостварлив бидејќи се нереални клучните параметри врз кои го скроила планот, пад на економијата од 0,6 отсто и самостојно финансирање на дефицитот.

Ставрески вчера тврдеше дека во економијата се појавиле првите сигнали за заздравување. Во преработувачката дејност велат дека партнерите од Европската Унија уште не прават никакви нарачки кај нив. За да заживее стопанството, неопходен е прилив на капитал. Него го блокираат високите каматни стапки. Ставрески вчера тврдеше дека со тоа што Владата веќе нема многу да се позајмува дома и го намалила буџетот, отворила простор за Народната банка да ја олабави монетарната политика. Дончев тврди дека тоа нема да се случи поради фиксниот курс на домашната валута, која се повеќе тоне под притисокот на меѓународниот пазар, и домашните економски проблеми.
------------------------------------------------------------------------
Дали се овие нормални уште ли ќе ги делкаат девизните резерви
а бе да му се плукнам до кога бе?:uvo:
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270

concrete

alte Esel
Член од
22 март 2005
Мислења
12.248
Поени од реакции
1.703
Докато врз валутата притисок не стане хептен голем и да се наложи промена на курса.
fmi.........ај оди шетај.....не ја ни чувствуваш фрекфренцијата , а камоли да ја модулираш... :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom