Не ја честитав објавата на рецесијата,но некако тивко помина,без галама.Се мери во пад на бдп во две тромесечја по ред.Кај нас -1,4%,од кој најголем пад има производствениот сектор,а раст има на државната потрошувачка.Значи целиот бдп се држи од трошењето на државните пари,а приватниот сектор сеуште е во кома.Или според статистиката:
-Статистичарите вчера објавија дека најголем пад на производството од 13,6 отсто во периодот април-мај, годинава бил забележан во секторите вадење на руди и камен, во преработувачката индустрија и кај снабдување со електрична енергија, гас и вода. Во ова тримесечје најголем раст од 10,8 отсто имало во градежништвото, јавната управа и одбраната и задолжителна социјална заштита. Раст од 4,1 отсто имало во секторите образование и здравство и социјална работа. Во ДЗС соопштија дека кај увозот на стоки и на услуги е забележано најголемо намалување од 28,5 отсто.
http://www.stat.gov.mk/statistiki.asp?ss=09.04&rbs=1Спореддефиницијата за бдп,кај нас само G е во раст,што значи се е моментално удрено на државни пари.Инвестиции њама
,увезуваме и трошки од леб,а единствено што моментално извезуваме се земјоделски производи во Украина,Полска,Романија и преработувачките капацитети во Бугарија.Поголема динамика на извоз се забележува со порастот на челикот и никелот на светските берзи,но тоа е сеуште болникаво.Како најголем извозник се јавува Фени од Кавадарци,но сопствениците не се македонци,така да распределбата на парите се одлива од кај нас.Но аферим и за тоа што го допринесува за макроекономските показатели.Се останато,работи болникаво,со еден извоз до два месечно,а при тоа увезуваат репроматеријали.Затоа и имаме таков размер на х-м.
БДП= C + I + G + (X-M)
C= потрошувачката на домаќинствата (лична потрошувачка)
I = инвестиции
G= јавна потрошувачка (трошењ од страна на владата и нејзините органи)
(X-M)=извоз - увоз
Мерењето на рецесијата преку бдп е тема за дискусија помеѓу економистите.Една од најактуелните дискусии е проширување на дефиницијата и вкалкулирање на невработеноста, односно дека рецесија се случува кога невработеноста ќе се зголеми за 1.5% во период од 12 месеци.
Според оваа дефиниција,Македонија е точно 19 години во рецесија или економси кажано во голема депресија.
Нас ништо не ни менуваат овие -1,4%,но моменталните чекори за надминување,ја оптеретуваат и иднината.