Киднапирања или мистериозни исчезнувања?

  • Креатор на темата Ајсшутер
  • Време на започнување

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
На темава можам да кажам само дека посакувам сево ова да заврши со среќен крај. Никој од нас никогаш веројатно нема точно да дознае што се случило, можеме само да претпоставуваме, но јасно е дека во овој момент не сакам да сум во кожата ни на семејството на Ангела, ниту па на братучетка и која ја испратила. Ако не се најде Ангела, тоа девојче до крајот на својот живот ќе има грижа на совест и ќе живее со прашањата „Зошто не ја испратив до дома?“ „Зошто па и воопшто ја пуштив да си оди дома?“ и сл.

Да се надеваме дека се` ќе се заврши во најдобар ред.
 

violet

<3 SwEeT DaRkNeS <3
Член од
17 јуни 2008
Мислења
99
Поени од реакции
7
тоа веке значи дека никој не видел ништо сомнително, зарем до толку е можно?
не знам како функцонира таков изопачен ум за да можеш да киднапираш некој, ама сигурно не седнуваат во кола земаат мапа и одат во нјабиското село.. грозно ми е да помислам дека родителите имаат врска со киднапирање, но повеке веројатно ми е дека некој од селото (или некој што добро го познава селото и жителите во него) има вмешано прсти во настанот.
и секако се надевам дека не е ништо од ова и дека девојцето ке биде наскоро пронајдено
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
А јас пред малку кажав


Повеќе на претходната страна од темава или денешниот број на Дневник.

:)

не видов брат моја грешка, само ме чуди што на вестите не спомнаа дека било од ЕВН, кажаа кола со тетовски таблички идела предходно е сеа што барала тоа не кажаа...ама не е важно колата важно е девојчето да е живо
 
M

MIL

Гостин
Tatko mi kaza deka ke staneme kako Bugarija pred da vleze vo Evropska unija koga imase ubistva masakri kidnapiranja krazbi istoto e kaj nas kriza nevidena i se misli kako da se izvade nekoj denar seto toa e poradi ovaa kriza so ne snajde mozebi ako vlezeme vo Evropa ke sopre se :pishtoldz
 

Vetrence

...believe in yourself! :)
Член од
2 јули 2007
Мислења
7.469
Поени од реакции
676
Статија во дневниот весник Вест за последните случување за исчезнувањата.

ПОВЕКЕ
 
M

marsovka

Гостин
Малце ми е смешна приказната за киднапирање и човечки органи а уште повеќе продавање на детево на трговци кога во тој реон децата на прсти се бројат и секој ги знае и ако ги снема одма прашуваат за нив.
Второ :околу 7% до 11% од Ромите родени во рм не се заведени во книгата на родените тие буквално како да не постојат ,што значи и лесно можат да испарат никој не се интересира за овие деца дали се живи или мртви дури ни социјалните служби кои редовно ги собира
Некако нелогично ми е да киднапираат дете во реон каде нема многу деца и каде сите се знаат ,зошто би иделе во мариово кога ене каде им е шутка и дури ида пријават цајканите сериозно нема да го сватат случајот ќе мислат дека нивното дете некаде питачи или се проституира.
 

Љупка

CLAW
Член од
30 јули 2008
Мислења
69
Поени од реакции
5
ako se znaese deka kidnapiranje e vo prasanje ke bese polesno prvo za nejzinite najbliski a posle i za nas ...
a prethodno sto citav deka mozat roditelite da go imaat prodadeno , sigurna sum deka toa ne e tocno i ja isklucuvam taa moznost zatoa sto iako se siromasno semejstvo ne bi se somnevala vo tie lica ... ima sekakvi ama tie ne spagaat vo niv ...
jas sto e do mene , ke dadam svoe mislenje kako sto e red na forumov no ne i deka so ova bi im pomognala na roditelite iako toa sakam da go napravam barem na nekoj nacin da pridonesam vo pronaoganjeto na devojceto ...
zalno e toa sto ne se znae tocno barem sto e vo prasanje , dali kidnapiranje , dali ne znam sto ... svetov e poln so misterii pa vo momentov bi pomislila na sesto ... samo Gospod da mu pomogne na devojceto i na nejzinite roditeli da im dade sila da go podnesat seto ova zatoa sto decata se najgolemo bogatstvo ...
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Од моето скромно искуство и познавање на правото, криминалот и криминалистиката си направив неколку можни комбинации и можни (не можни) ситуации кои би можеле да се случиле.
- Девојчето е на возраст од 5-6 години, тоа е селско дете, попргаво, појако дете, итро, снаодливо.
- Вообичаено си одело по селото, и за негова возраст солидно го познавало реонот.
- Да е киднапирано, тоа сепак треба да било сторено на пр. со возило. Доколку имало поставено возило пред селската црква, ќе било видено од селаните, ќе слушнеле звук од автомобилот, траги од гумите (највообичаена трага), масло од моторот. Сепак траги од гуми не се забележани!!!!
- Невозможно е возрасен човек да дошол на сред село и пешки да го однесе девојчето во непознат правец. Таков незнаник што прв пат доаѓа во село, ќе го сетат селските кучиња, ќе лаат, повторно ќе постои можност да биде виден од некој од селаните.
- Значи, автомобил и човек, по секоја логика, мала (скоро невозможна) е веројатноста.
- На крајот сметам дека се можни две сценарија :
1. Или Ангела доживеала несреќен случај од блиските нејзини (родители, роднини, соседи), несреќно загинала (паднала од високо, настрадала при некој контакт со роднините), па сега овие се прават недоветни и глумат дека девојчето го нема.
2. Или повторно, некој од селото, го има продадено детето на некој странец кој во невообичаено време (доцна навечер) би можело да дошол во селото, или пак девојчето е однесено во некој од околните градови, па од таму е продадено. *ова ми е сепак по не за верување, одошто варијантата под бр. 1.
 
Член од
21 јули 2008
Мислења
19
Поени од реакции
1
Стварно ми е жал за девојчето и се надевам дека ништо лошо му се нема случено и дека ќе го пронајдат, а баш вчера или некни гледав на вестите дека го празнеле бунарот што е најблиску до куќата на девојчето.Дури сега му текна а помина повеќе од 1 недела...да не му се мешам во работата веројатно знаат што прават но некако безвезно ми е прво да ги испразнат сите други бунари а овој што е до куќата дури сеа на крај :toe:
 

B. Boop

Princ: Најозбилна...
Член од
19 мај 2006
Мислења
1.302
Поени од реакции
263
- На крајот сметам дека се можни две сценарија :
1. Или Ангела доживеала несреќен случај од блиските нејзини (родители, роднини, соседи), несреќно загинала (паднала од високо, настрадала при некој контакт со роднините), па сега овие се прават недоветни и глумат дека девојчето го нема.
2. Или повторно, некој од селото, го има продадено детето на некој странец кој во невообичаено време (доцна навечер) би можело да дошол во селото, или пак девојчето е однесено во некој од околните градови, па од таму е продадено. *ова ми е сепак по не за верување, одошто варијантата под бр. 1.
Зошто за првиот наведен случај би имале потреба од толкави сценарија и вклучување на интернационални моменти? :)
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Зошто за првиот наведен случај би имале потреба од толкави сценарија и вклучување на интернационални моменти? :)
Сметам дека како селски луѓе, не толку упатени во модерниот (урбаниот) начин на живот им е страв од тоа да не бидат притворени веднаш од кога (евентуално) полицијата би го нашла детето (скриени траги од крв, гробно место...), и заради тоа сакаат да привлечат публицитет, за да на крајот би се испоставило (кога би го нашле девојчето мртво), дека тие не се виновни за тоа, туку сакаат да го престават како несереќен случај.

Сето ова го пишувам од причина што, доказите кои ги пишав во првиот текст не постојат. Така на пр. не се видливи, траги од гуми на земјениот пат, нема масло од автомобилот, селаните не забележале брчење на мотор од автомобил, не е виден некој непознат да дошол во селото итн....

*сето ова е можно сценарио, и имагинацијата на авторот е главен виновник :)
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.838
Поени од реакции
20.304
И сега кај сме со муабетот, ете и премиерот ги посети, и незнам што ти не, ни трага ни глас, ни нешто пострикно околку изчезнувањето на детето, ја разбирам таа селска идила никој не очекува дека ќе дојде некој од улица и ќе им го земе детето на врвење, и навистина ми е нејасно за што се работи ептен ми се исплткани работиве и секој ден се шпекулира и сите имаат одговори од многу блиски луѓе на истрагата или на семејството и се се врти во круг а од девојчето ни А нема?
Ако станува збор за киднапирање значи ние што живееме во поголемиве градови децата не смееме да помислиме до пред зграда да ги пуштиме, страшно богами да ти земе некој челад сред бел ден и ни еден нишан да нема ем страшно ем чудно, навистина немам коментар а и немам намера да шпекулирам да си ја грешам душава, никогаш не би сакала да се ставам во кожата сега на мајка и, само што нема да седам ко нејзе ко што рече Леандра сите сме различни ја има да колам по пат се по ред дур не си најдам трага од детето и нема да се вратам дома дур не си го најдам, но тоа сум јас, не си сите толку желни за крв ко мене излгеда.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
И сега кај сме со муабетот, ете и премиерот ги посети, и незнам што ти не, ни трага ни глас, ни нешто пострикно околку изчезнувањето на детето, ја разбирам таа селска идила никој не очекува дека ќе дојде некој од улица и ќе им го земе детето на врвење, и навистина ми е нејасно за што се работи ептен ми се исплткани работиве и секој ден се шпекулира и сите имаат одговори од многу блиски луѓе на истрагата или на семејството и се се врти во круг а од девојчето ни А нема?
Секогаш кога се работи за вакви работи, фамилијата е прва осомничена. Мене ми е чудно (не знам дали во денешен или вчерашен весник прочитав), кога мајката ја однеле на информативен разговор (нормална постапка), некој од роднините бил нервозен и луто реагирал кога новинари го прашале како се одвива настанот. Според мене ,невообичаено.
 

Луси

extreme
Член од
17 септември 2008
Мислења
6.838
Поени од реакции
20.304
Секогаш кога се работи за вакви работи, фамилијата е прва осомничена. Мене ми е чудно (не знам дали во денешен или вчерашен весник прочитав), кога мајката ја однеле на информативен разговор (нормална постапка), некој од роднините бил нервозен и луто реагирал кога новинари го прашале како се одвива настанот. Според мене ,невообичаено.

Зошто да се лутат, тие не треба да се лутат или кријат баш треба да стојат пред станицата пред институциите, незнам како место ги фаќа, не ма да ме внесе никој дома па што сака да биде, секогаш ќе бидам достапна нема зошто пратња да иде некој со мене или други да се мешаат или па да се лутат?!
Баш и не вообичаено а и доста енигма станува случајов.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
645
Зошто да се лутат, тие не треба да се лутат или кријат баш треба да стојат пред станицата пред институциите, незнам како место ги фаќа, не ма да ме внесе никој дома па што сака да биде, секогаш ќе бидам достапна нема зошто пратња да иде некој со мене или други да се мешаат или па да се лутат?!
Баш и не вообичаено а и доста енигма станува случајов.
Токму затоа, таквиот нивен гест, ме води уште повеќе да се сомневам дека тие се вмешани.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom