Од моето скромно искуство и познавање на правото, криминалот и криминалистиката си направив неколку можни комбинации и можни (не можни) ситуации кои би можеле да се случиле.
- Девојчето е на возраст од 5-6 години, тоа е селско дете, попргаво, појако дете, итро, снаодливо.
- Вообичаено си одело по селото, и за негова возраст солидно го познавало реонот.
- Да е киднапирано, тоа сепак треба да било сторено на пр. со возило. Доколку имало поставено возило пред селската црква, ќе било видено од селаните, ќе слушнеле звук од автомобилот, траги од гумите (највообичаена трага), масло од моторот. Сепак траги од гуми не се забележани!!!!
- Невозможно е возрасен човек да дошол на сред село и пешки да го однесе девојчето во непознат правец. Таков незнаник што прв пат доаѓа во село, ќе го сетат селските кучиња, ќе лаат, повторно ќе постои можност да биде виден од некој од селаните.
- Значи, автомобил и човек, по секоја логика, мала (скоро невозможна) е веројатноста.
- На крајот сметам дека се можни две сценарија :
1. Или Ангела доживеала несреќен случај од блиските нејзини (родители, роднини, соседи), несреќно загинала (паднала од високо, настрадала при некој контакт со роднините), па сега овие се прават недоветни и глумат дека девојчето го нема.
2. Или повторно, некој од селото, го има продадено детето на некој странец кој во невообичаено време (доцна навечер) би можело да дошол во селото, или пак девојчето е однесено во некој од околните градови, па од таму е продадено. *ова ми е сепак по не за верување, одошто варијантата под бр. 1.