повторно бегаш од темата, јасно дека секој човек различно ги искажува своите емоции ..но што кога некогаш ќе се надваладее себе. стравот го допушта тоа а во моментите на незмерна болка нема размислување ..тоа се неконтролирани чувства и можат кај секој да испливаат на површина, а во вакви моменти тоа не е ништо невообичаено..
Мене навистина не си ми јасна, зошто се обидуваш да направиш профил на родителите кога многу работи ептен по школски пример ги тераш.
Значи што тоа треба да исплива на површина, сите чувства? Епа добро, испливале и ете тоа се реакциите на родителите, едноставно не умеат поинаку да реагираат.
Не можеш никогаш да се водиш само по реакциите на луѓето зошто профилите не се така прозирна работа ко што ти сакаш да ја направиш . Кога би посматрала профил на сериски убиец или ладнокрвен силувач одма би ги открила?
Еден педофил кој зема дете го силува и го убива, седнува до тебе на маса и кафе пиете , ти според неговите реакции одма го откриваш што монструм е?
Немој девојко, полека со психоанализите зошто теоријата со праксата никогаш нема иста математика а премногу е сурово без докази да ги обвиниш тие луѓе зошто не знаеш низ каква агонија поминуваат.