Остатоците од телото, што беа пронајдени деновиве кај месноста Самовилец и припаѓаат на малата Ангела Ѓорѓиоска од мариовското село Дуње, која изчезна на 23 јули минатата година. Ова беше објавено во понеделникот во Скопје во просториите на Судска медицина, каде што заврши неколкудневната ДНК анализа.
Резултатот од ДНК анализата е 99,99 отсто точен, беше речено на денешната прес конференција.
Остатоците од телото беа пронајдени пред две недели кај селото Пештани, по што веднаш беа земени примероци од родителите за споредба на ДНК профилот.
Родителите на малата Ангела деновиве изјавија дека не веруваат оти нивната ќерка е мртва. Тие обвинија дека нивната ќерка била киднапирана, за што, според нив, биле
вмешани и луѓе од полицијата
Не можам да бидам прецизен заради тоа што коските се со дефинитивни промени и врз основа на постморталните промени на малиот број на ковчиња кои што се најдени е невозможно да бидеме прецизни со точното време на умирање“ изјави професор доктор Алексеј Дума. Тој додава дека коските биле долго време изложени на атмосферски влијанија, на сонце, дожд, снег, влијанија на животни, на инсекти.
Според Дума, по смртта телото било растргнато од животни. ДНК анализата потврдила дека татко на шестгодишната Ангела е Борче, покрај шпекулациите во јавноста дека тој и бил очув.
Со ова завршува работата на судска медицина. Анализата му се предава на истражниот судија, кој треба да го утврди текот на понатамошната постапка.
Остатоците од телото беа пронајдени пред две недели кај селото Пештани, по што веднаш беа земени примероци од родителите за споредба на ДНК профилот.