Ја сум поддржувач на ЛГБТ популацијата, со исклучок на оние гејови што ми ги крадат пред нос типците што прва си ги видов!
...Jас сум само една либерална жена која е огорчена од фактот што сите убави мажи што ги запозна во последно време се геј.
Уосталом, што има да мислам за популацијава? Не сум припадник на истата, ама воопшто не ми пречат. Не сфаќам какво стручно мислење се бара од постирачите на темава. ЛГБТ постојат, и се како и секоја друга група на планетава, а најпосле како и целото човештво во глобала. Во секој круг на луѓе има такви кои чинат и такви кои не чинат. Ама тоа „чинењето“ се рачуна по други критериуми, во кој НЕ спаѓаат сексуална ориентација, боја на кожа, етничка припадност, религија или социјален статус... Барем не во мојот поглед кон светот.