На темава се поставуваа разни линкови од весници и други медиуми, со вести за напад од кучиња. Нај страшните (опасните) опишани напади беа всушност од домашни односно од кучиња контролирани од луѓе. На водно го нападнале некој си биснисмен шарпланинци избегани од некоја викендица значи домашни, ама тоа не е проблем после текстот да продолжува со тоа како треба да се реши проблемот со уличните кучиња и побрзо да ги снема од улица и да се испоубијат. Не се наведе ниеден текст каде некој новинар истражил како некој несовесен “љубител“ на кучиња е казнет за злоупотреба на својот миленик и негово несоодветно чување. Такви текстови всушност и нема, бидејќи овие презентираниве се необјективни и се напишани по нарачка. Нејсе не ми е тоа муабетот сега сакав да пробаме да дефинираме НАПАД од куче. Што е напад и ако има напад, зошто се случил?
Не е напад од куче ако тоа ви лае. Лаењето на кучињата им е начин на комуникација.
Често нели кучињата лаат по коли а и по велосипедисти, порано и јас возев повеќе точак и често ми се “пуштале“ кучиња, но еве сеа ќе го земеме примерот на Тончи кој нели често е бркан од кучињата у мало, кога си се вози со точакот.
Како прво гумите и од кола и од точак произведуваат звук кој што ги иритира кучињата, не лаат на паркирана кола нАли.

Колата и велосипедисот во очите на кучето се големо гласно животно кое ги вознемирило и тие со гласното лаење и покажување на сила, пробуваат да го исплашат и со време да го избркаат од нивната територија како потенцијална опасност. Со колите нели стално им успева тоа, секогаш се оддалечуват и тие (храбрите од групата што и се пуштиле на колата) после се перчат пред другите. „А.. аа.. видовде како се исплаши од мене. Усвет фати. Тој нас ќе не ремети и ќе ни галами тука :wink: “
Е истово нели го пробуваат и со велосипедисти. И тука во најчест случај тој (велосипедисот) ќе се исплаши и што побрзо пробува да му избега на “разбеснетиот фраер“ и со сите сили врти ли врти и мислиш дека се спрема за на тур д франс :wink: Е па драги мои тоа е најголема грешка. Наместо да пробувате да му избегате на фрарот вие треба едноставно да застанете со точакот и да му покажете дека не се плашите. Тогаш засилениот фраер обавезно ќе застане на пристојно растојание од вас и само ќе ве лае. Да ви каже демек не сте пожелни а и да не испадне ептен коркач пред другите нема да се врати, него ќе почека вие полека да се одалечите пешки туркајќи го точакот. Не е лошо нели и со смирен глас да му “објасните“ дека само сакате е да си продолжите со патот и дека не му мислите лошо. Ова важи само за со вистински улични кучиња кои што израснале само водени од инстиктот за преживување. Мислам дека за такви кучиња правеше муабет Тончи (покрај некоја депонија) Така да следниот пат слободно застани и симни се од точакот верувај дека ништо нема да ти се деси. Ако ве брка да речеме пит бул, кој што идиотскиот газда го тренирал да напаѓа, бегајте колку ве држат нозете. :smir:
Не испровоциран напад од улично куче не верувам дека може да се случи. Не ми текнува кој имаше напишано како тој си играл фудбал со другарите и некое си куче (од комшискиот двор :jaj

го нападнало па завршил и во државна. Не ми е јасно како тоа куче (иако полу домашно) го нападна баш него покрај толку други деца и тоа така од чиста мира?

Очигледно некој податок се прикрива, за да се створи погрешна слика како тој е жртва.
За сите оние што мислат дека уличните кучиња се предатори а тие невини жртвити, да појасниме колку се во заблуда.
Предаторот кога и се приближува на жртвата за да успешно ја нападне пробува колку е можно по прикриено да и се приближи поблиску како нападот би бил успешен нели. Ниеден предатор не предизвикува галама (лае на цел глас) од далеку предупедувајќи ја потенцијалната жртва. КУЧЕ ШТО ЛАЕ НЕ КАСА.

Пробајте некогаш од страна да ги посматрате кучињата кога се собрани во т.н. улична глутница. Ќе видите дека сепак има некои правила по кои тие функционираат. Имаат ред, хиерархија и ништо не прават без ПРИЧИНА. Ако малку од малку ги спознаете законите по кои тие функционираат верувам дека никогаш нема да имате проблем да се “разберете“ со нив.
И предходно имам пишувано овде дека сум бил и напаѓан и ме бркале повеќе кучиња и тоа многу пати. НО никогаш нит сум помислил камоли да направам нешто, како што е труење и измачување на кучиња. Многу лош филм ми е тоа, не ми јасно некои како го живеат.:uvo:
Наведете ми пример на неиспровоциран напад од улично куче.
Од типот: „Си седите вие мирно на клупа во парк и од таму се задава некое “чудовиште“ (всушност му се бројат ребрата од што е слабо ама ај вам ви изгледа като лав :wink

и ви се нафрлува“