Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    624
.ал немам џоинт бе:(...истрошив,вчера поправив компјутер ми даде пријатело гратис4 двојки и ојдоа...квотата е исполнета-треба недела да помине.

Туку да за Сида геевите се виновни,ама за експерименти мора на животни првен...ама ај тоа е оф топик.

Да ојме на Скопје јас разбирам дека решението со кастрација и вакцини на скитниците барем нема да го сруши угледот и имиџот на градот(и Народот) и како решение ќе има ефект за 10 години максимум,но проблемот е што еве нема КОЈ ДА ФИНАБНСИРА,понатаму нема Капацитет...шинтерите немаат место...а и на крај краеви има раја кои ПАК ќе ги трујат кучињата...јас ко мал имав шарпланинец бланка се викаше...многу бев приврзан кон него и додека не бевме дома некој Идиојт го расекол со секира ил лопата по телото па доби гангрена....аххх шо убав шарпланинец..а јас дете ко дете знаеш приврзан кон него...поентата ми е ПАК има народ кои ќе ставаат отров,кои ќе тепаат кучиња.

До културата е.

П.С за пиповски-не знам зошто да се чеша кога нема болви.
 
Ќе се чеша, ќе се чеша, не мора болви, само нека труе и понатаму.

А за другото, има пари, се нејќе.
 
Незнаев дека има малодушници кои труат кучиња и други животни од задоволство на форумов...правдајќи се дека го прават тоа во општонародна корист...копиљи
 
peta1.jpg

За жал кај нас оваа мода ја тераат грди ликови ко Зоки Фаци (припадник на расата Клингонци), Весна „Бејби“ Петрушевска и слични. Едино за поштовање е Мелита (кога нема модрици од жените на нејзините швалери).
 
Акцијата, со помош на власта и се разбира граѓаните, кои несебично помагаа при отстранување на непожелните од нивните населби, во изминатиов период имаше резултати.
Не знам дали ги дислоцираат или елиминираат кучињата, но на потегот од влае до центар, немам оддамна забележано глутници.
Се надевам дека со несмален жар, акцијата ќе продолжи.
Мене не ми е проблем ако има кучиња во помалку среќните населби, нпр. бутел, чаир, автокоманда, топана и слично, важно ми е да ги нема во пристојните населби како Карпош, Тафталиџе, Козле, Ѓорче каде живее фин, фамилијарен народ.

п.с. Инаку ПЕТА ги убива кучињата до кои ќе добере, бидејќи нивната филозофија е дека во никој случај човек не може да има куче, тоа било заробеништво.
 
Види, кога мене ме бркаа на Кале во 2 саат навечер, јас требаше да им застанам?
Тоа што ме бркаа 4, а не едно како што викаш ти (фраерот нели), ја руши твојата хипотеза и покажува дека не си во право. Плус, едното беше на 5 сантима од мене и тргна накај мојата нога.
Тоа исто го руши твојот случај.

Но сериозно, зар мислиш дека апсолутно во секој случај треба да им застанеш додека те бркаат на точак и со тоа ќе го решиш проблемот? :)

Mac)), ништо од ова што го напиша не ја руши мојата “хипотеза“ туку само покажува колку малку знаеш за кучињата а и не си ме разбрал целосно.
Да тврдам дека во секоја ситуација кога те бркаат улични кучиња додека возиш точак, треба да ЗАСТАНЕШ. Едноставно застани и еве ако ти е страв постави го точакот меѓу тебе и кучињата. Јас не реков дека од чопорот само едно куче ќе те брка туку дека едно куче ги води а другите само го следат. Без разлика дали накај тебе трчаат три, четири или повеќе кучиња ти всушност треба да се справиш (разбереш) само со едно т.е. со водачот (фраерот :) ) Кучето што ти било на 5 см. од нога упорно сакало да ја фати бидејќи таа нели се движи. Ако “пленот“ бега инстиктот на кучето му вели да го гони. Ако моментално си закочел и застанал (криејќи се зад точакот) автоматски и кучињата ќе застанеле и само од пристојна далична (неколку метри) би ти лаеле. За по некое време и да го загубат целосно интересот и да си заминат. Верувај дека не зборам на памет туку во многу случаи (лични) проверена работа. Ако ти е страв тоа со точак да го пробаш, пробај го првин со кола. Ти се стрчуваат кучиња по колата и ти веднаш застани. Веднаш прекинува потерата. :smir:

Ајде вака на пример, 3 саат навечер ја се враќам од искачање и од паркинг си тргнувам накај влезот мој и кога гледам пред влезот исполегнал цел чопор кучиња а надвор темно нема ни кола ни човек да пројде, и ја им се приближувам на суријава и на едно два метра од нив слушам ептен злобно ржење од едно куче по што почнуваат да ме залаајуваат и други кучиња, ја се повлекувам и они престануваат да лајат, зијам камења да ги размавам да се тргнат, и почнувам со камења да ги мавам они се потргнаа и ја таман да си влезам пак ми се утрчуваат да ме лајат и ја пак се повлекувам и на крај земав си седнав на ѕидчето од страна и чекав да се раздени за да на крај се смилуваат и да си заминат. Друг случај од пред недела дена ја одам да фрлам ѓубре и едно болно куче очигледно болно беше, очите му беа ептен закрвавени и пола влакна испопаѓани, од прва не се ни двоумеше, ја кога се појавив пред контињер заржа, и тргна накај мене по што ја му фрлив ќеса на земја па мислеше за јадење му давам и почна да ја буричка ќесата, или еве ко помал кога ме укаса куче, кучево се плеткаше цело време се затрчуваше дур игравме фудбал ама сите мислевме дека сака да си игра, и се погоди некако ја блиску до него да застанам а не го ни заприметив дека е до мене и ја се утрчувам по топка и ова по мене се стрча и ме касна за левата рака среќа вена ми промаши пошто длабоки запци имав на раката. А ако сакаш лично да се увериш дека во секое време може да те нападне куче оди у парк и помини по таа уличката кога го проаѓаш колосеум и се упатуваш накај кеј, еве ја колку пати поминувам и нема шанси да ме утнат кучињава

И јас сум забележал дека во некои маала кучињата се по агресивни, реагираат на секаква провокација. Но најверојатно тоа се должи на долгогодишниот лош однос на тамошните луѓе кон нив. Имаш многу примери каде луѓето од околните згради имат неверојатен пријателски однос со околните кучиња. (пишував за таков пример предходно) Децата од зградата слободно си играат и на лулашките и во тревата заедно со кучињата, без страв и никогаш немало инцидент. И предходно беше кажано дека ако наместо камен пробаш да им фрлиш малку храна вреувај дека “злобното“ р’жење инстант ќе се замени со мафтање со опашката и ќе имаш нови пријатечиња кои секогаш радосно ќе те пречекуваат кога се враќаш од искачање. Купи малку храна ( од најефтината онаа на рефус) за кучиња и носи си ја во чеб. Ти лежат пред влез фрли им малку. Следниот пат пак и многу брзо ќе те научат и ете ти решен проблем.

Да ти беше тој со кучето што те нападало додека си играл фудбал со другарчињата. По даденово дообјаснување испаѓа дека не си бил нападнат туку си имал НЕЗГОДА (недоразбирање) со локално полудомашно куче. Исто ко да си паднал несакајќи и си ја повредил раката. :toe: Едноставно не сте се разбрале со кучето дали си играте и до каде е дозволено да се оди во играта. И со домашен миленик понекогаш кога си играш може да се случи да се здобиеш со гребаница, дали од заби дали од нокти но тоа секако не спаѓа во напад.
За во луна паркот всушност во целиот парк знам дека има многу кучиња скитници но до сега, а верувај дека често сум таму со децата, не сум имал некој инцидент со нив. Можеби поради фактот што понекогаш им давам од пирошките купени за децата, можеби едноставно гледаат дека не сум им никаква закана и не им мислам лошо, незнам. Но никогаш не ми се стрчале. :toe: Во парк патеките наменети за пешаци не се дел од територијата на кучињата и сигурен сум дека не лаат таму. За некои скриени места незнам. :wink:

Во паркот сум имал неколку непријатни ситуации со кучиња шетани од идиотски сопственици. Големи кучиња без маска и слободно пуштени да трчаат. Како прво замуабетениот сопственик воопшто и не внимава што му прави кучето и е многу далеку од него за да реагира во случај на потреба. За таквите ригорозни казни му е мајката.
 
Mac)), ништо од ова што го напиша не ја руши мојата “хипотеза“ туку само покажува колку малку знаеш за кучињата а и не си ме разбрал целосно.
Да тврдам дека во секоја ситуација кога те бркаат улични кучиња додека возиш точак, треба да ЗАСТАНЕШ.
.....
Следниот пат пак и многу брзо ќе те научат и ете ти решен проблем.

Ја грешиш поентата на муабетот.
Целта е не да се адаптираме на кучињата скитници, туку да ги нема, па да немаме потреба да коегзистираме со нив.
Нема потреба човековата удобност да биде нарушена.
 
Категорично се согласувам.Местото на кучетата не е на улицата меѓу луѓете
 
Акцијата, со помош на власта и се разбира граѓаните, кои несебично помагаа при отстранување на непожелните од нивните населби, во изминатиов период имаше резултати.
Не знам дали ги дислоцираат или елиминираат кучињата, но на потегот од влае до центар, немам оддамна забележано глутници.
Се надевам дека со несмален жар, акцијата ќе продолжи.
Мене не ми е проблем ако има кучиња во помалку среќните населби, нпр. бутел, чаир, автокоманда, топана и слично, важно ми е да ги нема во пристојните населби како Карпош, Тафталиџе, Козле, Ѓорче каде живее фин, фамилијарен народ.

п.с. Инаку ПЕТА ги убива кучињата до кои ќе добере, бидејќи нивната филозофија е дека во никој случај човек не може да има куче, тоа било заробеништво.
Аман бе Никола поделбава ти вришти. :vozbud:
Во останатите населби (како водно, аеродром, драчево, ченто... ) живеат дивјаци. :tapp:

На почеток добро осмислената акција од градот за хумано решавање на проблемот со кучињата многу брзо се претвори во масакар. Многу од заловените кучиња без никаков третман од ветеринар се прогласуваа за „тешко болни“ и се “успиваа“. Кучиња кои си биле здрави и со пријателски однос со околината едноставно исчезнаа. Станарите од зградата кога отидоа да ги побараат во вардариште од 4 кучиња (заловени од пред нивната зграда) најдоа само едно.
Стои фактот на Тончи дека Коце ете се нафати да го решава овој проблем, но стои и фактот дека многу брзо го промени првичниот план. Иде до таму да има цензура и на една сатирична емисија како што е еднооки. Епизодата каде Коце со манлихерка пука едно куче (за препарирано да му го поклони на Грујо) ја нема на интернет. :nesum:

Ја грешиш поентата на муабетот.
Целта е не да се адаптираме на кучињата скитници, туку да ги нема, па да немаме потреба да коегзистираме со нив.
Нема потреба човековата удобност да биде нарушена.
За мене поентата на муабетот е дека не постои односно е неприфатливо (како масакар на кучињата) инстант решение и затоа уште некое време треба да “коегзистираме“ со нив.
Човековата удобност е нарушена и од многу други работи па никому ништо. А и зошто па се толку “специјални“ луѓето за се да е по нивна мерка.
 
Аман бе Никола поделбава ти вришти. :vozbud:
Во останатите населби (како водно, аеродром, драчево, ченто... ) живеат дивјаци. :tapp:

На почеток добро осмислената акција од градот за хумано решавање на проблемот со кучињата многу брзо се претвори во масакар. Многу од заловените кучиња без никаков третман од ветеринар се прогласуваа за „тешко болни“ и се “успиваа“. Кучиња кои си биле здрави и со пријателски однос со околината едноставно исчезнаа. Станарите од зградата кога отидоа да ги побараат во вардариште од 4 кучиња (заловени од пред нивната зграда) најдоа само едно.
Стои фактот на Тончи дека Коце ете се нафати да го решава овој проблем, но стои и фактот дека многу брзо го промени првичниот план. Иде до таму да има цензура и на една сатирична емисија како што е еднооки. Епизодата каде Коце со манлихерка пука едно куче (за препарирано да му го поклони на Грујо) ја нема на интернет. :nesum:

За мене поентата на муабетот е дека не постои односно е неприфатливо (како масакар на кучињата) инстант решение и затоа уште некое време треба да “коегзистираме“ со нив.
Човековата удобност е нарушена и од многу други работи па никому ништо. А и зошто па се толку “специјални“ луѓето за се да е по нивна мерка.

Извини, не спомнав уште неколку. Муабетот ми е претежно за населби со куќи и места каде живее што би рекол Жика на нивоу народ.
Види, мора да се среди проблемот. Бидејќи нема пари, ќе се оди на елиминација.

Ако градот не сака да го направи тоа, граѓаните ќе го направат.
Видиш за ваква, навидум ситна работа, имаме мали градски буни, каде со консензус се превземаат акции.

Демократија на мало, децентрализација каква секој би посакал.
Не знам и не ме интересира што кој прави, се додека ги нема.
А за домашните тоа е посебна прикаска.

Секој треба да си е одговорен за постапките на кучето.
Треба да има некој регистер, дури и да се плаќаат даноци за поседување на куче.

Истото треба да биде проверувано барем еднаш годишно и да се даде мислење дали тој стопан заслужува и понатаму да го има.
Ако постои евиденција, ако постои волја, ќе има и резултати.

Мора сопствениците да се научат дека поседувањето на куче не е само кеиф и задоволство, туку и обврска.
И сосема професионално и согласно со законите(евентуални) да се однесуваат.

Треба да се препише од запад каков е законот и да се спроведува. Најмалку 100 вработени кои ќе се грижат за контрола на ова ќе има.

За жал, ништо околу скитниците.
Тие ќе мора да бидат отстранети од улиците.
 
Акцијата, со помош на власта и се разбира граѓаните, кои несебично помагаа при отстранување на непожелните од нивните населби, во изминатиов период имаше резултати.
Не знам дали ги дислоцираат или елиминираат кучињата, но на потегот од влае до центар, немам оддамна забележано глутници.
Се надевам дека со несмален жар, акцијата ќе продолжи.
Мене не ми е проблем ако има кучиња во помалку среќните населби, нпр. бутел, чаир, автокоманда, топана и слично, важно ми е да ги нема во пристојните населби како Карпош, Тафталиџе, Козле, Ѓорче каде живее фин, фамилијарен народ.

п.с. Инаку ПЕТА ги убива кучињата до кои ќе добере, бидејќи нивната филозофија е дека во никој случај човек не може да има куче, тоа било заробеништво.

Господе боже што све нема да прочиташ на форумов:tapp:
 
Искрен е , ама забегано размислување има :toe:

Не знам што има забегано во тоа човек да си ја штити околината и да ја чува и надградува по сопствен интерес.
Ако секој се грижи, може и погоре споменатите скопски вукојебини да станат убави населби.
 
Не знам што има забегано во тоа човек да си ја штити околината и да ја чува и надградува по сопствен интерес.
Ако секој се грижи, може и погоре споменатите скопски вукојебини да станат убави населби.

Оф топик али...

пример Автокоманда и другите населени места од општина Гази Баба ,да се распределат парите според приходот од општината ..кој колку заслужува, а не легачите преку врски и администрацијата да си го полни џебот и добива кеш за шминкање на дворот од трета општина која е запоставена од надлежните.
Луѓето и немаат којзнае колку влијание , баш тие шо ги спомна за чисти , се еби ветар со растурени фамилии , разводи итн..
 
Што знам, воздухот и земјата ми се почисти во Карпош.
Имаат луѓето влијание и тоа како.
И јас да не бидам оф топик, но со успешни граѓански акции, успеавме во многу нешта.
Силата е во народот, народот ја дава власта, но и ја зема, тоа не го заборавајте. Луѓето не се само бројки, власта не е безусловна.
Требењето на кучињата е маргинално нешто, има доста граѓански иницијативи, како на пример не дозволување за изградба на центар за зависности во Козле, педер бар спроти основно школо во Тафталиџе, бунт против изградба на бензиска во Карпош 3 итн.
Треба да си верувате во себе си и да се залагате. Нема потреба од апатии и некој друг е виновен и семоќен размислувања.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom