Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:


  • Вкупно гласачи
    624
Не знам што има забегано во тоа човек да си ја штити околината и да ја чува и надградува по сопствен интерес.
Ники како угледен ученик и наследник на учењата на Хитлер и Мусолини царува во својот подрум и со двоглед во едната рака и метла во другата постојано демне дали некој пес ке се посере кај него во двор бидејќи може утре кога ке "излезе" да згазне на него,да се слизне и да скрши врат или нога а ако му потече крв може во истиот момент да помине некој педер и да му кивне во рана па Ники да се зарази со ХИВ.
Кучињата се опаснот Никииииииии!
Седи си во подрумот!
 
Мене не ми е проблем ако има кучиња во помалку среќните населби, нпр. бутел, чаир, автокоманда, топана и слично, важно ми е да ги нема во пристојните населби како Карпош, Тафталиџе, Козле, Ѓорче каде живее фин, фамилијарен народ.
Длабоко несреќен е тој што живее во твоја близина.
 
Големо НЕ за успивање на кучињата скитници.

Решение: да се собираат во комбија и да се пуштат...некаде...во некое планинско село на пример:tv:
 
Големо НЕ за успивање на кучињата скитници.

Решение: да се собираат во комбија и да се пуштат...некаде...во некое планинско село на пример:tv:
и да умрат од глад пошто во селава луѓето нема што да јадат а камоли кучиња да хранат...единствено треба како што Гарфилд во предходните постови напомена да се воведе некој данок пошто итака ги има многу а за безвезни работи...и волкот сит и овците на број
 
Сите заштитници на правата на животните, ајде заеднички да го пресметаме степенот на веројатност напад на волк на човек да заврши со фатални последици. Откако арбитрарно ке одлучите дека податоците се во ваша полза, да бараме да биде воведен закон според кој ваквиот напад не смее да биде осуетен, дури и да бидете во посед на огнено оружје. А?
 
абе сеедно ми е мене, ко мал обично им фрлав пола оброк и дома идев ненајаден... али затоа сеа ме чуваат кај и да одам, не ми треба Лупус :icon_cool
 
Една овца и задоволен ќе биде.
М, да. За него е доволно да се најаде и напие, као и брачед му домашниот пес...а човекот? дали нешто у живот му е доволно?
Ебати статус на животни у Македонија кога "мора" да се бира меѓу нивно тивко мачење по сокаците и умирање (со болештини кои го распаѓаат нивното тело-а ги боли као што нас не боли кога имаме грип или било кое воспаление...во крајна линија) и од друга страна убивање, а од трета граѓанско уради сам со отров или ситно стакло (btw кога некој сака да ги труе, нека им погледне во очи додека крварат и умираат цвилејќи во болки-нема да издржи гарант повеќе од неколку секунди).
Иако сум против кучиња на улица, решенијата се повеќе од разочарувачки.

изгледа ни животните немаат среќа штом се родиле у Македонија.

М, да...башка интересни размислувања коа некој не знае како се пунеа одредени населби...живеење во "елитни населби" добро и ефикасно као плацебо иљач :nesvest:
 
изгледа ни животните немаат среќа штом се родиле у Македонија.

М, да...башка интересни размислувања коа некој не знае како се пунеа одредени населби...живеење во "елитни населби" добро и ефикасно као плацебо иљач :nesvest:

Кога државата не се грижи да биде се во ред, граѓаните постапуваат како сметаат дека е правилно.
Ако имаше закони и механизми за нивно спроведување, ниедно куче скитник немаше да има по улици.
Бидејќи не е тоа случај, бидејќи државата не е држава каква има обврска да биде, самите граѓани се снаоѓаат како умеат.

Сега за некого ќе е истото неприфатливо, но човек и нема многу опции при обидот за заштитување на себе си и блиските,
А за полнењето, што како било во населбите, воопшто не ме интересира.
Ја регистрирам денешната состојба и во неа барам населби кои се мирни, со куќи, со пазарче, со зеленило.

Сигурно нема да кажам дека центар, аеродром, ново лисиче и слични бетонарии, со луѓе стуткани како хрчаци по станови дека се убави населби, или маџир маало, што ако е дел од старо скопје?.
Подобро да е некој од некое село или забутан град ко велес, берово и слично, барем има имот, земја, куќа, дом, него ли човек во стан во Скопје.
 
Иде до таму да има цензура и на една сатирична емисија како што е еднооки. Епизодата каде Коце со манлихерка пука едно куче (за препарирано да му го поклони на Грујо) ја нема на интернет. :nesum:

Не постои цензура од тој тип. Ако си фан на Едн00ки кој добива мејл секојпат кога епизода од таа емисија ќе биде закачена на ЈуТјуб ќе забележиш дека кревачите на епизоди онлајн сега не се ажурни во снимањето. Јас за жал веќе немам пристап до опрема за снимање ТВ, така да не би можел да помогнам.

Големо НЕ за успивање на кучињата скитници.

Решение: да се собираат во комбија и да се пуштат...некаде...во некое планинско село на пример:tv:

И после селаните да кршат глава како да се спасуваат од кучињата. Или да купат муниција за нивните ловечки пушки, која патем не е ефтина. А сите знаат дека животот по тие села е многу тежок, тешко се обезбедуваат приходи, па уште и да се трошат за муниција.
 
Za zal Lurtz toa e surovata vistina.
Kaj i da e i pticite koi odat na jug ke kruzat za da ne zaobikolat kako mesto kade ne trrba da se odi, pomine, bide.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom