Премиерот ќе гласа „против“ на референдумот за промена на името
недела, 25 април 2010
Во интервју за магазинот НИЕ, премиерот Никола Груевски одговара дека предлогот за промена на името ќе го стави на референдумско изјаснување пред граѓаните, а тој ќе гласал против промена на името
„До колку биде ставен предлогот Северна Република Македонија, за севкупна употреба, и официјално тој предлог биде доставен од преговарачот Нимиц, јас тој предлог ќе го ставам пред граѓаните на референдумско изјаснување. А, доколку ве интересира мојот личен став, јас ќе гласам против", вели премиерот Груевски за магазинот НИЕ кој ќе се емитува денеска на Сител Телевизија.
Премиерот појаснува дека неговиот став и ставот на Владата бил одсекогаш познат и запишан во нивната програма со која дошле на власт. Според Груевски, тој како премиер и како Влада имаат одговорност да организираат референдум бидејќи само граѓаните имале право да одлучуваат дали ќе го прифатат наметнатиот предлог од страна на Грција, Северна Република Македонија име за севкупна употреба.