Прво не можам да се согласам тука дека Армин пуштал лоша музика на журката, сетот му беше партали, ја во живот толку не сум се изнарипал и не сум се изнавикал, гласот ми се фати. Имав повеќе чувство дека се наоѓам на концерт отколку на журка, со оглед на целото тоа вриштење и еуфорија. А тоа дека имаше премногу луѓе, тоа е точно, и сега не можеш да им се наљутиш на луѓето што дошле, па макар и да не го слушаат Армин, тие едноставно дошле за да си пројдат убаво, на крај краева не се криви они туку организаторите кои што прават журка во клуб кој што е премал да ги собере сите обожаватели на Армин. И јас бев испогуран и испогазен, и се препотив од што беше премногу топло и не можеше да се дише, меѓутоа ова е една од подобрите журки која што се десила во Македонија, едино ова може да се спореди само со Тиесто кога дојде првиот пат пред 6 години, исто така атмосферата беше доста позитивна. Мојата забелешка е до луѓево кога идат на журки е тоа што не мора да ја сваќаат журкава ко селски панаѓур и да ја кружат дискотеката по 12 пати пошто им е досадно, ако им е досадно фино лепо нека си искочат и нека не ги малтретираат другите. А што се однесува до журката на Абов енд Бијонд, едноставно не е возможно да се направи споредба, затоа што за таа журка можам да кажам само дека беше просечна, уште у три саат ме здрви дремка и едвај доседов до четири од што ми беше многу интересно.