Armin Van Buuren @ Colosseum - 16.07.2009

Член од
25 септември 2008
Мислења
8.785
Поени од реакции
1.554
Аууууу немам зборови....многу беше јако се изнарипав за до следната журка...најтоп..поз до сите шо беа:back:
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.733
Поени од реакции
9.725
Одлично, нема што! :vozbud::vozbud: Што направи одлична журка Армин, направи! Феноменален почеток имаше, веднаш почна со неверојатно добра трака (Gaia - Tuvan). И Глен беше одличен исто, супер ја загреа атмосверата. Али претерано многу гужвааа имаше. Не се е*ено дишеше... Плус 90 посто (минимум) од тие што беа, појма си немаа кои се песните што ги пуштаат Армин и Глен али нвм. :) Се очекуваше тоа... ипак Армин доаѓа. :wink:Иначе, требале малце лимит со картите, али ипак, феноменална вечер.. ијако не можев да доседам до крај, ми се слоши :) Памет за друг пут (на Маркус), да не јадам од 7-мица пред журката.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
151
Значи мора да усерат на крај :tapp: алооо ставете ограничен број на влезници!!! Нека биде и 1000 денари карта ама тоа што се случуваше вчера се граничеше со лудило :lud: Штета за музика која беше повеќе од феномална како Армин така и Глен :vozbud: ама имаше тродупло повеќе луѓе отколку што собира диското...:toe: како и да е ја се изнаскокав изнажуркав и сега сум топ :je:
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Значи Арминчо не акна од земја, лудила беше , исто и Глен пред то тамам си беше, , и да не се повторвам , гужва, второ шо е ова некултура бе , сум бил во еден куп дискотеки низ балканот нигде не се туркале за да поминат, земаат газат се пред себе ни извини ни ништо како да ќе му избега некој па трчаат низ гужвата. Така после 3 беше најубо се разоде масата на луѓе шо беше дојдена за да бидат видени дека се на армин и колосеум и можеше комотно да се откачи.

Се на се супер 9 ка :) заради гужвата :)


И еве тазе случиња, а за видеата вечер ом да поспијам сега се прибрав дома :)







 

Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Журка што ќе ја памтам цел живот, ти да бидеш наежен 5 саати не е заебанција.
За гужвата не праам муабет,за народот па ич,некултура невидена,па ај кажи ми како може да шеташ на подиум во први борбени редови на секое,ме интересира кај одат што им е целта на секое што се движат,нели им е смрт во таа гужва да шеташ.:jaj: Иначе траките што сакав скоро сите ми ги пушти иако сакав да ја пушти Serenity(знаев дека нема).
Во секој случај журкава со самата атмосфера ги засени Above and Beyond,која ми беше најтоп журка пред оваа.
 

bebush

Portable Heater
Член од
4 септември 2007
Мислења
4.468
Поени од реакции
5.166
Еве и од мене некои сликички од првите борбени редови:pipi:







едни од поубавите:).
 

Mangavadu

пролетер
Член од
23 март 2009
Мислења
695
Поени од реакции
42
Колосеум продале 5000 влезници, а уште којзнае колку луѓе влегоа внатре. Реално таму повеќе од 1500 луѓе не собира по некои си стандарди. До 3 саат не моеше да се претне, во постојана борба за позиција бев. После тоа се олабави па можеше дури и да се игра.

Што бараа тие мороните што се качија на сцена и што се сликаа со DJ-от на сред сет?

Има ли Колосеум некое обезбедување?

Не дај боже да снемаше струја или да имаше некоја тепачка, не дај боже пукање, во таа гужва ќе загинеше некој.

Браво за Van Buuren, УА за Колосеум.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
5.882
Поени од реакции
23.798
3 и пол саати чиста 100% енергија. Дефинитивно го направи еден од најјаките клабинзи на кои сум присуствувал било кога. Мислам дека дел од душата и уште поголем дел од колената и кичмата ми останаа на подиумот вчера. И ја пушти Communication на сам крај :), браво бе друже. Јасно е се кога Колосеум беше полн до 5 сабајле, глетка што ретко се дешава и сите беа на нозе нешто што е уште поретко. Сега комотно можам да играм шах наредни 2 недели и да си легнувам во 10.

 

Mr.Deni

Животна грешка си ми ти...
Член од
4 мај 2007
Мислења
3.508
Поени од реакции
2.646
Немам зборови за АРМИН.Едноставно феноменално над очекувањата.Трипати се врати на сцената.Два пати го викнавме ние :pos: :pos: и еднаш самиот не изненади :) Многу скромен дечко со оглед дека прв пат го гледам на живо не е некој си нафуран дигнат.Само со кој памет толку луѓе на толкаво место па плус и напиени бе...за малце 2 тепачки ке си извадев додуша ни самите не знаат што прават пијан па иде право мисли нема никој пред него.Преголема гужва сите испотени за среќа знаеше малце ветерце да дувне да не освежи :) Накај 3 навистина почна да се празни дискотеката почнаа да се качуваат тинејџерките на сцена да се сликаат со Армин за нив нема обезбедување.А да пробаше некое машко да се слика со него немаше шанси....ДИСКРИМИНАЦИЈА :pos: Како и да е невидена журка,нозете не ги осеќам али дефинитивно вредеше :)
 

Razor

u jelly?
Член од
26 јануари 2007
Мислења
2.543
Поени од реакции
167
Интересно беше, особено кога ја пушти Tuvan и Bliksem :)
инаку многу гужва, им правиш место да поминат они ти се тупнат пред фаца и снимат видео клипови со к750и не знам што ке видат после од тоа
Али супер беше вредеше да се иде
btw уште ми зујат ушите
 
G

Gray Foxx

Гостин
Armin Gay Buuren. :)
До душа не е он крив коа очајната наша публика се пали на In&Out of love или како и да е. Очај е најблагиот збор што можам да го кажам за вчерашната журка.
2007 пушташе ем подобра музика, имаше помалце народ и поубава атмосфера.
Ај барем кај 3-30 почна и подобри траки да мава и се расчисти малце од ретардирани фаци.
 
Член од
19 мај 2008
Мислења
1.927
Поени од реакции
486
Феноменално беше. Одлична журка со најдобриот DJ. Дефинитивно го потврди приматот. Уште ме болат нозеве од скокање :). А за гужвата немам коментар. Половина час ми требаше да земем пиење и да се вратам кај што бев претходно. Ама ајде Армин беше па ќе им се прости некако. Сакале што повеќе луѓе да го видат :)
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
Wow... Вечерта беше незаборавна... Траките, немам коментар... Како порачани... On A Good Day, There's Not Enough Time, Aztec, Tuvan, Never Say Never, Communication, Sunset Boulevard, Freefalling... Прекрасно, прекрасно... Уште долго време нема да има во Македонија ваква журка. Слики, видеа, после/утре/друг ден... Сега немам сила... :vozbud:

Никифор пушти една трака, нешто Love пееше. Да не знаете која е? (за тие што дојдоа порано)
 
Член од
4 јуни 2007
Мислења
2.885
Поени од реакции
189
Беше стварно ОК журка иако според мене во 2007 беше каде подобро...

Имаше добри траки иако uplifting сепак не ми го направија меракот, но затоа On a good day vs Metropolis (Gareth Emery) беше вистинско уживање.

Иако беше јако синоќа, сепак Above & Beyond беа подобри.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom