Лига на Шампиони 2009-2010

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Синоќа со победата на Баерн Герман ија го зема третото место. Вечер Интер ако се пласира во финале Италија го враќа. На Хамбург не се надевам многу па мислам дека во директен дуел во финале ќе се решава.

Не ги знам сите математики зш од наредна сезона веќе се знае прашање е дали уште од оваа ама не ми се верува...

Вака е Германија е сега пред италија 64.207 а Италија 63.910. Е сега за победа у регуларен дел се зема 2 бода за нерешено 1 бод. Ако Интер земе 3 бода пример реми со БАрса и Победа во финале во 90 минути

тоа е 3/7 (7 екипи има италија) 0,429 + 63,910 = 64,339 што е пак над Германија ама тоа значи дека Хамбург мора да загуби во регуларни 90 минути од Фулам утре :smir:
 
bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Боби[Мкд];3514605 напиша:
Those who want to live, let them fight, and those who do not want to fight in this world of eternal struggle do not deserve to live. - Адолф :icon_cool

земав пред некој ден макета од лунатиков, морав :tv:

за вечер предвиѓуем - 2-1 пол. 3-2 финиш.
Интер намалува на 3-2 во 91. со гол на Аѕурото Марио!
________

и шо уствари го величиш будалава ко за Шалке беше, исто ко ја да му се дивам на Бенито Лацијалот :uvo:
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Вака е Германија е сега пред италија 64.207 а Италија 63.910. Е сега за победа у регуларен дел се зема 2 бода за нерешено 1 бод. Ако Интер земе 3 бода пример реми со БАрса и Победа во финале во 90 минути

тоа е 3/7 (7 екипи има италија) 0,429 + 63,910 = 64,339 што е пак над Германија ама тоа значи дека Хамбург мора да загуби во регуларни 90 минути од Фулам утре :smir:

Така нешто сега проверив и по германски форуми. Ако Хамбург игра финале скоро сигурно е ама како што кажав Хамбург се хаос ин лаос во моментов па не очекувам ништо од нив задутре. А вечер типувам на Интер па затоа мислам во директниот дуел ќе се решава во финалето.

Како и да е - вечер ќе знаеме повеќе за тоа кои математики се во игра :tv:

Тапа...

http://www.uefa.com/uefa/footballfirst/matchorganisation/disciplinary/news/newsid=1482249.html

Сам си е крив... топ е и Алтинтоп ама за ова финале труби Рибс веќе три сезони. Сега кога стасавме таму ај што Робен му го украде шоуто нема ни да игра во финале... Јбг срања се дешаваат... :tapp:
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.331
Поени од реакции
46.983
Т

http://www.uefa.com/uefa/footballfirst/matchorganisation/disciplinary/news/newsid=1482249.html

Сам си е крив... топ е и Алтинтоп ама за ова финале труби Рибс веќе три сезони. Сега кога стасавме таму ај што Робен му го украде шоуто нема ни да игра во финале... Јбг срања се дешаваат... :tapp:
Заслужено друже, нема везе што '' немало " намера ( ова е само претпоставка, со сигурност ништо не може да знаеме ), стартот беше за чист црвен, му остана на нога, не ја ни тргна ногата по стартот, а правилата налгаат минимум 2 меча неиграње.

Нејсе тоа, незнам дал жалби малби ке успеат, али сериозен сум кога ке кажам дека Баерн повеќе корист ке имаат од турчинот у финале него од Рибери, без разлика на противникот, дал Барса или Интер, оние бочно што играат у Баерн ке мораат да помагаат и во одбраната а Рибери констатно тоа никад не го правел, знаел и да стои на терен, па со оглед на фактот дека Ван Гал игра со само двајца централно у средина, турчинот повеќе корист би имал.

И Интер и Барса играат со тројца централно у средина, плус крилата помагаат и у средина и у одбрана и у напад, а само Ван Бомел и Швајни на истово тешко дека ке се спротистават асално, без помош од Робен и Алтинтоп, плус Милер. :toe:
 
Со цела почит кон Хамит, ако некој тогаш јас во фан клуб цела сезона труби за ротација и дека Турчето и Тимошчук треба да добиваат многу повеќе минути на терен и никако не смее да се пуштат да си одат такви вредни, лојални и флексибилни играчи, сепак финале на ЛШ заслужува играчи со класата на Рибери.

Знам дека Хамит пак ќе даде 130% од себе - во тоа немам ни грам сомнеж, ако треба и нога ќе остави на терен - ама на крајот на денот сепак ја нема класата на Рибери.

Ако успее да изигра како со Манчестер и како синоќа ќе е супер секако... Ако... time only knows...
 
Член од
10 јули 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
197

Kolku i da igra jako Hamit igrac ko Ribery da fali za finale ova e navistina greota:se_ molam
 
Bavarecot

Доле Влада !!!
Член од
4 март 2008
Мислења
2.813
Поени од реакции
358
Со цела почит кон Хамит, ако некој тогаш јас во фан клуб цела сезона труби за ротација и дека Турчето и Тимошчук треба да добиваат многу повеќе минути на терен и никако не смее да се пуштат да си одат такви вредни, лојални и флексибилни играчи, сепак финале на ЛШ заслужува играчи со класата на Рибери.

Знам дека Хамит пак ќе даде 130% од себе - во тоа немам ни грам сомнеж, ако треба и нога ќе остави на терен - ама на крајот на денот сепак ја нема класата на Рибери.

Ако успее да изигра како со Манчестер и како синоќа ќе е супер секако... Ако... time only knows...
Секоја чест за "клетиот" и јас трубам цела сезона дека треба да го пушта како замена на Рибс кога без потреба го замара на терен.

Мислам дека е престрого што го казнија 3 натпревари(ваков класа играч да не игра во финале е жално ама тоа е:toe:)Од друга страна ми е мило што Ван Гаал ќе увиди веќе еднаш дека Хамит е добар играч и ќе му го продолжат договорот.
 
Член од
24 декември 2007
Мислења
12.694
Поени од реакции
4.520
Вчера му беше животна утакмица на Хамит изигра одлично навистина и да го продаде Баерн Рибери ќе има добра замена..заедно со Контенто играа одлично вчера.Милер изигра навистина слабо промаши една чиста шанса..
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Тоа нема кукање и мене ми е криво ама ако не можеш да замениш еден играч во финале, макар бил и Рибс, тогаш не смееш да се буниш ако изгубиш.

А сезонава ние докажавме дека можеме и без Рибс и без Робен добро да изиграме. Со Јуве 4:1 ни едниот ни другиот не играше, со Манчестер првата Робен не играше, втората повреден играше, со Лион Рибери одигра се на се 30 минути првата и го немаше на реваншот...

Нема збор дека се светска класа играчи Робери и без некој од нив финалето ќе е далеку посиромашно и ние ослабени но тоа е што е :toe:. Рибс нема да биде во комбинација за Мадрид - да се концентрираме на тие што ќе бидат!
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
Се случуваше низ нашиве села. По регионалните лиги. Доаѓа гостинската екипа со автобус. Пред воопшто да се симнат играчите, ги пречекува маса од 50-60 навивачи на домашните, кои малку им го нишаат автобусот во знак на добредојде. Откако гостите ќе си поседат така добри 30 минути во автобусот, опкружени со навивачи кои кои го гаѓаат со се и сешто, во автобусот влегува едно „официјално лице“ на домашниот клуб кое им го соопштува конечниот резултат на гостите.

Ако сето ова не е доволно гостинската екипа да ги разбере пораките, тогаш се преминува на втора фаза, која вклучува невиден притисок врз судиите од публиката и од играчите, притисок врз клупата на резервните играчи на гостите и груби стартови насекаде по теренот.

Оваа стратегија генерално, во над 95% од случаите вродуваше со плод. Инаку немаше толку често да ја користат некои селски екипи за кои се тврдеше дека со сигурност нема да изгубат и од најсилните европски екипи на свој терен.

Иако беше најавуван жесток пречек на Неразурите во Барселона, морам да признаам дека сум зачуден од методите кои европскиот и светскиот првак ги применува, а на кои некои наши третолигаши можат да им завидат. Да се разбереме, нема ништо лошо во носење мотивирачки маици, давање мотивирачки изјави, гласно навивање на стадион, паради по улиците... Но она што се случуваше вчера и во Барселона ги надмина границите на нормално однесување на било кој професионален клуб, и секако фрли црна дамка врз актуелниот фудбалски владетел во Европа.

Клубот домаќин во својот град треба да обезбеди услови за непречено одвивање на сите активности на гостинската екипа. Наместо тоа, се случија работи кои се незамисливи за натпреварување какво што е Лигата на Шампионите. Автобусот на гостинскиот тим беше гаѓан со се и сешто, автомобилот со кој Мурињо се враќаше од прес конференција беше нападнат, а капак на се, цела вечер беа фрлани петарди во ЕЛИТЕН ХОТЕЛ во кој што беа сместени Неразурите, и никој не презема ништо ова да се спречи. Многу играчи останаа без сон и Мурињо е бесен поради тоа.

Следната фаза е на Камп Ноу. Цела недела кружат повиците да се направи максимален притисок врз судиите од публиката и од играчите на Барселона. Во пракса, ова значи дека судиите ќе бидат бркани по теренот за секоја ситница. Дека Каталонците ќе паѓаат околу и во 16-никот и во истиот момент кога некој ќе падне, 5 играчи ќе сигнализираат кај судијата а публиката ќе станува на нозе барајќи прекршок. Секоја чест на нивното фудбалско знаење и квалитет, но фудбалерите на Барселона се познати „нуркачи“. Се случуваше и на првиот натпревар во Милано, оној кој заврши 0-0. Секогаш кога ќе изгубеа топка и Интер ќе тргнеше во против напад, еден нивни играч ќе лежеше на теренот барајќи прекин на играта. Тиаго Мота го изјави ова пред некој ден, човекот одлично ги познава.

Се надеваме дека овој притисок нема да вроди со плод но ретко кога е така. Затоа не смееме да чекаме. Не смееме да се браниме и да се надеваме дека ќе има фер-плеј надигрување. Мораме да постигнеме гол, додека бркаат резултат, додека им гори под нозе. Мораме да ја повториме играта од Милано и да ги поразиме во секој поглед.

Мурињо не беше во право, кога изјави дека ова е фудбал, а не војна. Можеби така го доживува Интер, но не и Барселона. Во право беше сепак, кога рече дека финалето е сон за Интер, а опсесија за Барса. На играчите е да покажат колку е голем тој сон и да се вратат триумфално од Шпанија.
Колумна: ова е фудбал, а не војна... веројатно...

Ова е постирано и во фан клуб Интер, ама нека прочитаат сите. Браво за колумнава...
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.674
Поени од реакции
59.792
Јас лично сакам да настапи Рибери ама од други причини. Дека заслужува казна од два натпревари заслужува и треба да го пропушти финалето. Ама работата е што го гледав Баерн некои 10-тина натпревари пролетва, и имам впечаток дека Баерн игра многу подобро кога Рибери не игра, едноставно затоа што тогаш Робен доаѓа до полн израз. Така да кога не би играл Рибери, Баерн би одиграл подобро, во тоа сум сигурен. Затоа сакам да игра, ако се пласира Интер, или да не игра, ако се пласира Барселона, пошто во вторив случај ќе навивам за Баерн.
 
Член од
6 април 2009
Мислења
6.147
Поени од реакции
2.988
Вечер мислам дека не очекува одличен натпревар, подобар дури и од првиот. Но, тоа ќе се случи само доколку Барселона постигне гол. Е дури тогаш ќе биде лудница на теренот. Доколку Интер се затвори може и да не прими гол, но и доколку Интер постигне гол се ќе биде готово . . . Сепак доколку Барса одигра како што знае и умее мислам дека може да ја анулираат предноста на Интер.

Како и да е очекувам брилијантен натпревар со многу голови, во кој мислам дека Интер ќе се радува на финалето. :smir:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom