Тоше Проески

Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Објективно гледано кај нас треба некој да го нема и да фали за да сватиме дека бил добар,т.е. одличен во тоа што го прави,а кога е тука меѓу нас само знаеме да го ругаме и плукаме.Неблагодарници сме ние на балканов - СИТЕ! :smir:
 
Член од
17 март 2005
Мислења
11.493
Поени од реакции
1.588
Добро, Гледам го спомнувате Чолиќ, Џибони, можеби и Оливер Драгоевиќ и Балашевиќ припаѓаат во таа група. Ме зачудивте дека никој не го спомна Леб и Сол односно Влатко Стефановски.

А дали има некој помлади БЕНДОВИ кои може да одат во таа насока или веќе се на пат?
 
Член од
20 август 2007
Мислења
2.252
Поени од реакции
312
Добро, Гледам го спомнувате Чолиќ, Џибони, можеби и Оливер Драгоевиќ и Балашевиќ припаѓаат во таа група. Ме зачудивте дека никој не го спомна Леб и Сол односно Влатко Стефановски.

А дали има некој помлади БЕНДОВИ кои може да одат во таа насока или веќе се на пат?
Се знае за бендови,треба нешто тука да се полемизира? Бјело Дугме по нив Чорба,а тек после и сол и вода и леб и црн бибер и таканатаму.
Како и да е,темава нема смисла,глупа е на некој начин шо и да се кажи треба да чекаме да умри некој (недајбоже) па тек после да видиме во кој правец ќе му се движи популарноста.Ради тоа што факт е дека Тоше има сега повеќе фанови од билокога :smir:
 
N

n/a

Гостин
Никој и никогаш.
Просто е неможно.

Можеби некогаш ќе има некој нов манга кој што добро ќе пее и луѓето ќе го сакаат,
ама тешко дека ќе ја има истата аура и чар како Тоше.
 
Член од
19 јуни 2007
Мислења
3.422
Поени од реакции
116
Фан-клубот на Тоше го продолжува неговото дело



Сите знаеме - со својата хуманитарна работа, отворено срце за сите и најблескавите човечки доблести, нашата мега-ѕвезда Тоше Проески ја освои публиката во целиот регион, а сега, кога Тоше физички не е меѓу нас, неговата хумана мисија ја продолжуваат неговите многубројни фан клубови на Балканот, и подалеку.

Најновата информација ни пристигна од Хрватска, каде преку страната www.tose.bloger.hr фановите собираат средства за да и помогнат на Мелиса Паскова, осумгодишното девојче од Ново Село кај Струмица, кое боледува од леукемија, исто како што Тоше би и помогнал, кога би бил меѓу нас.

Информацијата ни ја проследи Бојана Јакимовска, и преку МММ ги замоли сите хумани луѓе да се вклучат во проектите на фан-клубот.


ИЗВОР!!!
 
Ф

ФорцаМилан

Гостин
Нашиот ангел ТОШЕ и неговите песни.....

Рани години


Тоше на детскиот фестивал Златно славејче - Скопје, 1992 година


Првите почетоци на музички план Тоше Проески ги прави уште во раното детство настапувајќи на детскиот фестивал „Златно Славејче“ во 1992 година со песната „Јас и мојот дедо“ испеана на влашки јазик. Тоше Проески ја започнува својата музичка кариера на фестивалот “Мелфест” каде во 1997 година победува со изведбата на Yesterday на Битлси. Истата година учествува и на “Макфест” со композицијата “Пушти ме". Тоше работи со еден од најпознатите македонски композитори и текстописци Григор Копров, соработка која ќе му донесе два од најголемите хитови Усни на усни и Сонце во твоите руси коси. Во 1999 година го издава својот деби-албум "Некаде во ноќта" кој содржи единаесет песни. Летото истата година, Тоше го одржува својот прв концерт, кој, и покрај дождот и лошото време, останува незаборавен за неговите обожаватели.


[уреди] Ѕвездена слава

Откако минува одредено време заедно со својата нова менаџерка Лилјана Петровиќ снимајќи во студио во Атина, Грција, Тоше го пушта во продажба својот трет албум "Ако ме погледнеш во очи" на македонски и српски јазик. Следи период на интензивна промоција во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија. Во април 2003 година, Тоше победува на фестивалот "Беовизија" со песната "Чија си" која станува огромен хит во поголем дел од балканските републики.
Со цел да го подобри своето пеење, Тоше оди на часови кај маестро Вилијам Рајли во Њуjорк кој е в својата кариера е и учител на Лучијано Павароти. По враќањето, Тоше одржува низа хуманитарни концерти низ Македонија. Ја добива Хуманитарната награда Мајка Тереза а во 2003 година станува регионален УНИЦЕФ амбасадор.
Следната година МРТВ го избира Тоше за претставник на Евровизискиот настап кој се одржува во Истанбул, Турција. Во февруари, со помош на теле-воутинг, жири и лично мислење, избрана е песната Ангел си ти. Во април Тоше го издава албумот "Ден за нас", двојно це-де на кое се сместени осумте песни изведени на изборот за песна на Евровизија. Следниот месец, Тоше го освојува 14тото место со песната "Life", англиската верзија на “Ангел си ти”. Пред изборот, станува омилена личност меѓу репортерите, преку демонстрација на неговите инзворенди оперски квалитети на прес-конференциите.
Во 2004 година, именуван е за Амбасадор на Добрата Волја на УНИЦЕФ. По тој повод ја снима песната За овој свет која има и англиска верзија - This World и која станува химна на УНИЦЕФ. Тоше потпишува договор со Dallas Records за издавање на неговиот следен албум во Хрватска и Словенија. Тоше ја снима “Krajnje Vreme” со словенската пејачка Ања Рупел. Во 2005, неговиот петти албум “По тебе” е издаден низ целата територија на поранешна Југославија. По тебе е сѐ уште еден од најуспешните албуми било кога издадени на Балканот - неколку недели останува на врвот на листите во Република Македонија, Србија, Хрватска, Словенија и Босна и Херцеговина. Сингловите од овој албум пак, со месеци се задржуваат на највисоките места на музичките топ листи во овие земји.
Неговиот следен албум - Божилак - е компилација на 14 избрани македонски народни песни пропратени од симфониски оркестар. Во 2007 година, Тоше го издава и Игри без граници - неговиот последен албум.
Неговиот последен концерт (уште еден во низата хуманитарни концерти) оддржан на 5 октомври 2007 година на градскиот стадион во Скопје беше посветен на ревитализација на македонското школство. На концертот беа присутни повеќе од 40.000 посетители.

Тоше Проески загина на 16 октомври 2007 во трагична сообраќајна несреќа на автопатот Загреб - Липовац, кај местото Нова Градишка во Република Хрватска, на возраст од 26 години.[2] Во мигот на несреќата, Тоше се наоѓал на со-возачкото седиште во возилото Volkswagen Touareg кој со голема брзина удира во приколката на камионот пред него и потоа во крајпатната заштитна ограда. Останатите двајца патници - возачот Ѓорѓе Георгиевски поминува со потешки додека неговата менаџерка Лилјана Петровиќ со полесни повреди. И двајцата се вон-животна опасност. [3] [4] [5].

Не видов тема за нашиот ангел па си помислив да отвирам ако има(не сум ја забележал)тогаш избришете ја
 

devojka111

i'm real
Член од
28 декември 2008
Мислења
1.937
Поени од реакции
148
Две нови песни на Тоше Проески ќе бидат промовирани на 5-ти октомври
Крушево и Се уште сонувам дека сме заедно се насловите на двете нови песни од Тоше Проески кои ќе бидат подготвени и промовирани на 5 октомври, потврдија денеска од фондацијата и од семејството Проески, при предавањето на тридимензионалниот кардиоваскуларен ехо апарат на здравствениот дом во Крушево.

Никола и Доминика, родителите на Проески, сакале фондацијата да ја продолжи хуманоста на Тоше. Да издвои 25 илјади евра. И да ја набави оваа медицинска опрема.

Со својот ангелски глас, секавично брзо чекореше по ѕвездените патеки, со твоето хумано срце големо како галаксија и со топлите прегратки постојано велеше - Ве сакам сите - напишаа на училишниот портрет од големата поп икона Проески учениците од О.У. Никола Карев во знак на благодарност и сеќавање за финансиската помош за новиот музички кабинет опремен по терк на Тоше.

На Гумење се гради и неговата спомен куќа. Догодина треба да биде готова. Фондацијата и семејството Проески, на големо се подготвуваат за годинашниов традиционален хуманитарен концерт. Следната акција е медицинска опрема за скопската детска клиника. Оти, децата беа негова голема љубов.


Фондацијата „Тоше Проески“ додели донација на Здравствениот дом во Крушево

Крушево, 10 јули (МИА) - Претставници на Меѓународната фондација „Тоше Проески“ денеска на Здравствениот дом во Крушево му предадоа кардиоваскуларен ехо апарат.

- Ова е современ апарат кој е од големо значење за превентивата во здравството во Крушево, а особено за граѓаните на Крушево и околината, кои токму заради немањето на ваков апарат во крушевскиот Здравствен дом, мораа да патуваат до Скопје, што во наголем дел од случаите, влијаеше на влошување на состојбата на пациентите, рече Џоџи Дамчески, директор на Здравствениот дом Крушево.

Тој изрази благодарност кон сите што го продолжуваат хуманото дело на Тоше и помогнаа да се реализира оваа донација за Домот.

- Тоше не беше само наш сограѓанин и од сите сакана голема поп ѕвезда, тој беше пријател на луѓето, на хуманоста, на Здравствениот дом, вработените и пациентите. Тој секогаш помагаше и се уште помага, сега преку граѓаните на нашата Македонија и Фондацијата, на кои искрено им благодариме, додаде Дамчевски.

Фондацијата „Тоше Проески“ набавката на оваа донација за Здравствениот дом во Крушево ја реализираше од средствата собрани од донациите од Концерот „Те сакаме сите”, кој се одржа на 5-ти октомври 2008 година на Градскиот стадион во Скопје.

- Средствата за набавката на овој апарат се во висина од 25.000 евра. Со овој квалитетен и современ апарат кој е од јапонско производство знаеме дека се решава еден проблем и вистински се помага на подобрување на состојбата во здравството, а директно на градот Крушево, каде Тоше секогаш сакаше да вложува и гледа напредок таму каде е добро за народот. Оваа донација е дел од веќе реализираните донации од собраните средства од хуманитарниот концерт. Вистина е дека Управниот Одбор на Фондацијата и комисијата за донации, имаше тешка задача, во која сепак најмногу се водевме од познавањето на желбите и настојувањата на Тоше, рече директорот на Фондацијата Андреј Николоски.

Тој ги наведе и другите до сега реализирани донации, како донацијата во ОУ „Никола Карев“ во Крушево во вредност од 6.000 евра за опремување на кабинет по музичко образование, со музичка опрема, кој го носи името на Тоше и донации на физички лица за итни операции во износ од 10.000 евра.

Како наредни активности, директорот, посочи на Донација на медицински апарати за Клиниката за Детски болести во Скопје, за чии цели до сега се веќе остварени повеќе средби со надлежните во Клиниката.

Од списокот на другите активности, директорот на Фондацијата Николоски ја наведе финансиската поддршка за снимање на два нови спота на Тоше, како и поставување на билборди со ликот на Тоше во родното Крушево.
 

Music_Lady

Kralica
Член од
25 јуни 2009
Мислења
181
Поени од реакции
6
Нормално дека имавме сцена..Ама прашањето е колку квалитетна ни била и ни е та сцена?
Еден пејач не ја прави сцената, може само да придонесе за поквалитетна или не, ама во случајов зборувате како, Тоше го нема и ништо не е квалитетно веќе и никој не вреди, нема сцена во МК.Може придонесуваше и беше еден од подобрите во МК,ама не треба сега да сечиме вени, ако го нема Тоше и ај музика да не слушаме сега. :cuc:
 
Член од
30 јануари 2005
Мислења
7.397
Поени од реакции
1.308
Знам дека сите ќе напишете “не, јас не го правам тоа“ ама поштедете ме од перфектноста ваша.

Песните на Тоше Проески се препеани на српски, хрватски, монголски, не знам веќе кој друг јазик, но во Македонија не се пуштани македонските верзии на радио, а многу луѓе си ги слушаат и дома на српски. Мене ме интересира, дали уживаат тие луѓе да се осеќаат као амеби, зошто никој не реагира кога на радио пуштаат “српски Тоше“ и дали сочуствувате со мојот ненормален револт и ме сфаќате кога се ежам на муабетов?

п.с. Една песна која постои само на српски не е доволно релевантна и не станува за неа збор.
п.п.с Можеби во општи Тончи?
 

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Некои песни од Тоше едноставно звучат подобро на српски, помилозвучен е српскиот за слушање...некои па се подобри на македонски. Зависи како ќе ти влезе во уво.

Знам дека некои песни не ги ни има на македонски, како срце није камен (поправете ме ако грешам) и многу други од последниот албум
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Aх да и мене ме нервира тоа.
Пример песната По тебе ја слушам постојано на српски по нашиве радио станици. А што и фали на македонската верзија? На верзијата на мајчиниот јазик на Тоше?
Кога бев во Хрватска слушаа таму песни од Тоше на македонски, а во Македонија може да слушнеш повеќе српски препев него македонски.
Не знам кој филм го тераат радио станиците. Вината јас во нив ја гледам.
Српските песни на Тоше се препеани за негова афирмација во бившите југословенски земји, а не за да се слушаат тие и во Македонија. Тоше тука си ги пееше исклучиво македонските верзии. Истите тие ние треба да ги слушаме по радијата, нема потреба од српско. Мене не ми е милозвучен тој јазик и многу поубави ми се македонските песни. Лошо е што ако прво излезе српска песна ние се навикнуваме на неа и потоа македонската некако ни е понеубава. А нималку не е понемилозвучна. Јас сум против тоа да се слушаат српски песни кај нас на Тоше.
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.831
Поени од реакции
22.869
Јас искрено во компјутерот што ги имам песни од Тоше сите се на македонски јазик..Ниту една немам на српски...
 

Божино

4815162342
Член од
27 јуни 2007
Мислења
8.603
Поени од реакции
13.301
Знам дека сите ќе напишете “не, јас не го правам тоа“ ама поштедете ме од перфектноста ваша.
Не слушам радио ко прво, а ко второ дома иако ја имам целосната дискографија на Тоше (на сите јазици на кои тој интерпретираше) јас си го слушам на македонски... Последно време поретко, нормално дека не можам секој ден, веќе почнувам и да подзаборавам, но кога го слушам и кога сакам да слушнам негова песна, тогаш гледам да биди на македонски. Не само од патриотство, едноставно поубави ми се на македонски, на неговиот мајчин јазик и тоа е тоа.

п.с Многу си драстичен во размислувањата и влегуваш од крајност во крајност. Моја мала примедба, извинете за оф топик. :)
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.060
Кога јас си пуштам музика го слушам на македонски.На српски песните не ги знам зашто ги немам слушано.Се сеќавам на концертот лани што беше на Градски гостите пејачи од Србија пееја на српски, а цел стадион пееше на македонски.Имаше многу луѓе што се нервираа што не ги научиле песните на македонски и си пееја на македонски.
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
По дома секој може да прави и слуша што сака, за ова радијата си имаат одговорност и никој не им замерил официјално и они ќе продолжат да си го пуштаат на српско-хрватски. И мене ме нервира, особено кога ќе ја пуштат Игри без граници на српско-хрватската верзија, затоа што сметам дека јачината на песната едноставно ја нема и чувствата на песната според мене не се доловуваат на ист начин како што е тоа на македонски јазик. Друго е кога ќе ги пуштат песните како : Срце није камен и Вежи ме за себе на пример, кои немаат македонска верзија, нормално е да си идат на јазикот кои се напишани, но и мене ме револтира кога од македонски пејач (посебно Тоше) ќе пуштат српска верзија на песна која веќе си има македонска верзија. Не знам, мене тоа ми изгледа на потценување на сопствениот јазик со ваквиот чин, посебно затоа што се пушта на официјално гласило кое се слуша низ целата (или дел од неа) земја.
.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom