Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
Обожавателите во чест на Тоше...

03A276C12E19C248AF1E9AE47E9E33CA.jpg

Песната Без тебе, посветена на музичката легенда Тоше Проески, која неколку недели по трагичното загунување во негова чест ја сними неговата обожавателка Елена Попоска, доби видео-издание. Оваа Македонка, која живее во Холандија, песната ја објави само на форумот на обожавателите на Тоше и на YouTube, а видеото го објави на својот фејсбук профил.

Го направив спотот да потсетам некои луѓе како тој не спои и каква задача ни даде на сите. Видеото го правев сама, за една ноќ. Во него има приватни снимки од моите посети на Крушево и снимки од настапи на Тоше, од концертот во Скопје 2006, од промоцијата на Игри без граница во Загреб и слики на членови на фејсбук форумот на Тоше. Немам намера овој спот да го објавувам официјално, но кога ќе одам во Крушево ќе ја замолам Фондацијата Тодор Проески да изаде дозвола да биде објавена за да го видат повеќе обожаватели, вели Елена за Време.

Младата девојка на Тоше му посвети рап песна и пред трагичниот настан. Со својот идол се сретнала два пати, во Охрид во 2004 година, и следната година во Холандија , за време на еден негов многу пријатен и опуштен концерт.

Има една снимка на YouTube, каде тој во сала ми предлагаше да снимиме песна или да пееме заедно на Евровизија. Тоше е незаборавен, секогаш знаеше како треба да постапи со своите обожаватели, додава Елена…
 
Конечно на најголемиот македонски форум се отвори тема за нашата поп икона. Добро што некој се сети на тоа. Не дека не е добро отворена темава, јас само да предложам некој модератор или админ да ја едитира и да даде основни информации за ликот и делото на Тоше. Толку.
 
Постхумно, уште две платинести плочи за Тоше

BB54079117F4024892738BB9C43B8A0B.jpg

Во рамките на 14-от Хрватски Радиски Фестивал, продукцијата Хит рекордс во Опатија вчера дедели платинести, златни и сребрени плочи на своите најуспешни изведувачи.

Менаџерката на нашата музичка легенда Тоше Проески, Љиљана Петровиќ превзема две платинести плочи, за англискиот албум The Hardest Thing, но и за цедето Ако ме погледаш у очи, кое лани за прв пат се најде на хрватскиот пазар. Наградите и ги предаде директорката на Хит рекордс – Кристина Крајна.

Да потсетиме, токму со албумот Ако ме погледнеш во очи (кој ја имаше својата македонска и српско-хрватска верзија), Тоше ја започна соработката со Љиљана Петровиќ.

Ова нам многу ни значи, а сигурно му значи и на Тоше – да знае зошто живееше и зошто постоеше – изјави Љиљана Петровиќ.

Главен музички уредник на Хит рекордс, Мирослав Рус истакна дека во рамките на ХРФ 2009 по прв пат ќе биде доделена наградата Тоше Проески, и тоа за најдобра вокална изведба.
 
Луѓе незнаев каде да пишам, па затоа овде пишувам.
Ми требат ноти за пиано за Небо од Влатко Илиевски. Ги има некој дешифрирано? позз
 
Ме интересира дали дене има пејачи на Балканот (вклучувајќи и во Македонија) кои се приближно популарни и универзално сакани како Тоше?

Доколку не се ни приближно сакани како Тоше, кои потенцијално можат да се развијат во таја насока?

Не сум свесен дека има вакви пеачи, но можеби грешам, па живо ме интересира вашето мислење.
 
Според мене никој не би го заменил Тоше на балканот,еден е Тоше и не верувам дека некој би го постигнал тоа што тој го постигнал...доколку некој се обиде да го замени односно да го копира би бил само бледа копија од оригиналот.
 
Добро, разбирам, но кој друг е популарен (не велам на негово ниво, Тоше е единствен) но приближно или пак да оди во таа насока?

Еве тебе лично, кој ти остава впечаток денес?
 
Никој не може да го замени, ниту пак треба да се труди да го прави тоа. Секој треба да си гради кариера, но никој не треба да очекува дека ќе биде втор Тоше. Тоше е еден и нема да има друг како него.
 
Никој не може да го замени.
И лошо е ако се трудат младите да го заменат.
Тоше е легенда. Не се раѓаат такви пејачи. Не само гласот, него харизмата и она што тој го носеше во себе го возвишува.

Секој млад пејач подобро е да твори на свој начин. Не може да се замени Тоше и подобро да не се имитира Тоше.
Има млади со одлични гласовни можности. Ама да се има тој шарм и да се привлечат толку многу фанови не е возможно.
Тоше зрачеше. Го имаше тоа во себе. Него прекрасниот глас му беше додаток.
Други музичари имаат глас, но го немаат сето останато.

Не ги сакам споредбите со Тоше и тие прашања кој би можел да го замени. Можеме само да одговориме кои се надежни музичари во Македонија. Но како Тоше нема да видиме никој во блиска иднина.

А како што гледам стагнира нашата музичка сцена и се појавуваат пеачи со по песна две и после никаде ги нема.
Ќе ги исклучам тука ЈЈ и Врчак копанија кои се слушани и немам ништо против нивната музика. Но поголема слава тие нема да достигнат а и не заслужуваат.
Гласот на Влатко Лозановски ми се допаѓа. Надарен е. Но како ќе напредува во кариерата тоа е негово.

Јас си кажав за Македонија, за Балканот не знам. Балканска музика слушам само од некои веќе познати ѕвезди. Млади таленти не знам посебно.
 
Добро, разбирам, но кој друг е популарен (не велам на негово ниво, Тоше е единствен) но приближно или пак оди натаму?

Еве тебе лично, кој ти остава впечаток денес?


Јас од Балканските пејачи го слушам само Здравко Чолич(нема врска што не е млад)...и ми е омилен пејач,ама тој си има своја кариера и е еден заедно со Тоше успешни пејачи кои успеале во кариерата,респект за него.Има одлични хитчиња и неговите стари песни од кога бил на години како нашиот Тоше и денес се слушат а тоа покажува дека е супер.Треба да помине време некој од младите да го замени,толку и ги слушам.

Велеа дека Александар од операција триумф е наредниот Тоше...ма нема никакви сличности со него ни приближно,реков веке и ке повторам тешко ке е да се замени Тоше...
 
Изгледа лошо се изразив во насловот со самото тоа што го спомнав Тоше, а не ми беше таква намерата.

Има ли пејачи на Балканот кои вознесуваат денес, и кои се сестрано популарни?
 
Добро луѓе, сфаќам се тоа со Тоше. Респект направи огромен успех како пејач и како човек и никој неможе да го замени во тоа, но авторов на темава спомна кој ке го замени во популарноста а не целосно да го замени како човек и пејач. Популарноста е доста апстрактна работа. Нема мерило за тоа и според мене секој може да биде популарен на кој било начин. Тоше го знае цел Балкан но еве и Цеца ја знае цел Балкан а разликата во квалитетите е очигледна. Се надевам дека ке се појави некој кој ке стане мегапопуларен како Тоше но секако како свој човек.
 
Зар некој може да го замени?:uvo:
 
За кариера и популарност во брзо време мислам дека нема да може никој да го направи тоа. Сепак, колку и да постигне некој, барем сега ќе останува во сенка на Тоше и сите коментари ќе бидат дека никој не може со славата на Тоше. Ќе треба да помине време за да се признае постигнувањето на други ѕвезди без притоа да се споредува со она на Тоше.
 
Изгледа лошо се изразив во насловот со самото тоа што го спомнав Тоше, а не ми беше таква намерата.

Има ли пејачи на Балканот кои вознесуваат денес, и ако да, кои се тие?


Сосема е во ред насловот...како што кажа некој погоре секој би требал да си гради сопствена кариера а не да биде сличен како него...секој си има свој стил на пеење,не е финтата да се копира и да биде приближен како него.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom