Тоше Проески

  • Креатор на темата Креатор на темата ZOTE
  • Време на започнување Време на започнување
нема замена
едноставно е
Тоше е еден и единствен, на уникатен начин си се проби со труд и маки, имаше уникатен шарм и уникатна популарност
може да се појави некој пеач(ка) и да достигне голема популарност со што повеќето на балканот ќе го(ја) обожаваат ама под услов нмикако да не се споредува со Тоше, зш се што не е оригинално е однапред осудено на пропаст
 
Само насловот го читате ? Прашањето е дали некој може да доживее таква популарност.

Јас би рекол дека на добар пат е само Giboni. Али и тој е уште далеку од тоа.
Налет то, со прераната смрт на Тоше неговата полуларност порасна дупло. Факт.

Нешто слично како 2pac во Америка.
 


Зар некој може да го замени?:uvo:

Читате ли вие? Не да го замени како пејач, човек, целосно како индивидуа - туку во популарноста а убаво се знае како може да се менува популарноста.

Мисирков побарај да се смени насловот. Вака темава ке отиде на добро позната страна.
 
А бе друго ве прашувам, кои пејачи се УНИВЕРЗАЛНО популарни (не “само’’ популарни како Цеца што ја спомена некој - мада не сакам да ја навредувам со ваквиот пристап), туку се добри пеајчи кои додаваат нешто повеќе од само да се пејачи, кои инспирираат, претставуват поттик, итн.

Има ли такви?

Дури сега го видов постот на Dark King, исто сме напишале...
 
Ме интересира дали дене има пејачи на Балканот (вклучувајќи и во Македонија) кои се приближно популарни и универзално сакани како Тоше?

Доколку не се ни приближно сакани како Тоше, кои потенцијално можат да се развијат во таја насока?

Не сум свесен дека има вакви пеачи, но можеби грешам, па живо ме интересира вашето мислење.

Тоше беше популарен во цела бифша Југославија, значи во која и да било земја да отиднеше беше пречекуван како најголема ѕвезда и сите го сакаа.
Е сега, за да биде некој популарен и да ги обедини луѓето од цела бифша Југославија како Тоше, според мене не може да биде српски или хрватски пејач/ка. Едноставно мислам дека секогаш, колку и да го прифатат во Србија или Хрватска, ќе им смета! Во Македонија кој сака може да се пробие, ние не сме проблемот.
 
А бе друго ве прашувам, кои пејачи се УНИВЕРЗАЛНО популарни (не “само’’ популарни како Цеца што ја спомена некој - мада не сакам да ја навредувам со ваквиот пристап), туку се добри пеајчи кои додаваат нешто повеќе од само да се пејачи, кои инспирираат, претставуват поттик, итн.

Има ли такви?
Би си го преформулирал претходниот одговор за да одговара повеќе на прашањево.
И да има, сите ќе го ставаат едно скалило подолу од она што го имаше направено Тоше. Поточно сенката на она што го направи Тоше ќе биде тука уште долго време и поради тоа нема да се дава многу значење на туѓите напредоци, успеси и популарност.
Инаку, мислам дека има многу потенцијални пејачи и пејачки кои би достигнале таква слава, само некако на Балканов музиката губи од значење. Ги нема тие форсирања кои ги имаше порано.
 
Инаку, мислам дека има многу потенцијални пејачи и пејачки кои би достигнале таква слава...

Е кои се тие???

Кој пејач или бенд ти би сакал да видиш на концерт, кој те инспирира?
 
Е кои се тие???

Кој пејач или бенд ти би сакал да видиш на концерт, кој те инспирира?

Дефинитивно сакам да ги видам ЕТ, Влатко (Морал) како и Соња (од Операција Триумф)...
Мислам дека овие би биле доста успешни во кариерата (приближно на она што го имаше Тоше) само дококу има кој да ги исфорсира доволно.
 
Да ви кажам искрено не знам кој ќе го замени. Да се разбереме да не напаѓате. Знам дека не како човек, туку како ѕвезда. По популарност. За овие од македонската естрада не би типувал на некој, за од балканската не ги знам за да коментирам.
 
Од Македонија сега засега никој а од Балканските никогаш нема да има некој кој ќе биде целосно прифатен на цел Балкан. Како што кажаа погоре ако е Србин нема да го прифатат Хрватите и обратно. Сепак се појавуваат некои нови пеачи кај нас кои без упадно форсирање и со текот на времето би можеле барем делумно да ја достигнат славата која ја имаше Тоше. Сепак тоа зависи и до човекот. Има многу пеачи со одлични гласовни способности но тоа не е доволно. Треба харизма, однесување и ред други работи кои публиката ги цени и кои всушност ја прават разликата од обичниот пеач до ѕвезда.
 
Ме интересира дали дене има пејачи на Балканот (вклучувајќи и во Македонија) кои се приближно популарни и универзално сакани како Тоше?

Доколку не се ни приближно сакани како Тоше, кои потенцијално можат да се развијат во таја насока?

Не сум свесен дека има вакви пеачи, но можеби грешам, па живо ме интересира вашето мислење.

Не го сакав како музичар како личност го почитував ама сега ова некако од ко умре се попопуларен е... уште господ не го напрае и тогаш шо имат потреба некој да го заменит??
 
Ако зборуваме за популарност и харизма мислам дека на најдобар пат (што секако не значи дека ќе стигне барем до половина од мегапопуларноста на Тоше) од македонските пејачи се наоѓа Влатко Лозаноски. Човекот има глас, харизма и е доста популарен меѓу македонската публика. Издаде 4 песни од кои две се закитија со прва награда. Е сега споредбите со Тоше се неминовни поради сличноста на бојата на гласот, меѓутоа надвор од тоа човекот си има квалитетни вокални способности кои се надевам во наредниот период ќе бидат уште посилно и пошироко (надвор од РМ) изразени.
 
Навистина е тешко да се направи таква проценка кој од моменталните пеачи може да ја достигне барем пола од популарноста што ја имаше Тоше.
Факт е дека никој веќе не може да биде сосема ист како него, никој нема да се роди со исти таков глас, иста таква харизма, иста таква хуманост и човечност. Некој можеби ќе ги поседува сите тие квалитети, ама барем за мене никогаш нема да биде она што беше Тоше.
Некои ги спомнаа Џибони, Чолич- па тие си биле доста популарни во своето време, популарни се и сега, ама мислам дека ја немаат таа ѕвезда што ја имаше Тоше.

Не велам дека никогаш нема да се роди некој што би станал мега ѕвезда како Тоше, меѓутоа за сите оние што го знаевме, слушавме и почитувавмеТоше (или барем поголем дел од нас) самиот тој е превисок критетиум и тешко дека ќе дозволиме некој да го достигне или совлада тој критериум.
 
Апсолутно никој, таков човек се раѓа еднаш во 100 години. Не верувам дека и некој иде во таа насока туку само пробуваат да копираат и слично.
 
Ме интересира дали дене има пејачи на Балканот (вклучувајќи и во Македонија) кои се приближно популарни и универзално сакани како Тоше?

Доколку не се ни приближно сакани како Тоше, кои потенцијално можат да се развијат во таја насока?

Не сум свесен дека има вакви пеачи, но можеби грешам, па живо ме интересира вашето мислење.

Мисла дека не е коректно зададено прашането.
Тоше бе голем, но бе популарен предимно во земите от поранешна Jугославиjа. Во Бугариjа, Грциjа, Романиjа, Албаниjа и Турциjа тоj бе непознат.
Ако сборим за балканска звезда - според мен това може да биде само некоj грк како Сакис или нешто слично. Може и некоj от Романиjа - техниот шоу бизнис е наjразвиен. От тамо излезоха Озон и Моранди.
Ако сборим за звезда от Западните Балкани /поранешна Jугославиjа/, то е возможно да биде некоj от Босна и Херцеговина - мисла техната музика се харесва во сите земи от поранешната федерациjа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom