Македонија - Исланд 2-0

Статус
Затворена за нови мислења.

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Победааа ПОООБЕДААА:... Градски ечеше ... браво што конечно направија правилен потег и ги отворија вратите барем за учениците.... и така имаше доволно навивачи кои ја бодревме репрезентацијата... и кога почнаа да се губат имаа зад нив потпора и се виде дека ја возвратија со вториот погодок кога почнав баш да се нервирам како можеа све тоа да промашат али тоа си е пусто македонче до крај со маки :pos2:
Браво за момците денеска.... изигравме... храбро ... и кога правевме киксови и кога судијата не ДЕМОЛИРАШЕ сеуште продолжуваа да се борат и со сите сили напаѓаа а не се откажуваа по 20 минути ко секад што знаеле да прават а сега и покрај водство пак напаѓаа и играа до крај а одбраната па посебно беше пожртвувана и се спречуваше...
жал ми е што се повредија Јане и Величе ама се надевам не е ништо посериозно :smir:
и само вака да продолжиме натака и ниеден пораз до крај ни на гостински терен не смее да се откажуваме никад ... секогаш вака борбени до 90 минута сакам да бидат... и имаме шанси реални :helou::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe::oeoeoe:
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
Сепак, немаме шанси за Јужна Африка. Имаме уште 2 утакмици и максимум ќе имаме 13 бода, а додека пак повеќето од другите репрезентации коисе второпласирани веќе имаат 12-13 бода. Ептен треба на некој надолу да му тргне.

Тоа тие бидејќи играме 2 утакмици помалце од другите групи.

не а разбираш ти тааа,тешка математика е тоа за тебе,нека ти објасне некој,јас неможам сеа

Панчев освоил европски куп , но не ЛШ. Тогаш е КПК. И тоа со одиграни 6-8 натпревари....

А кога Панчев ке постигне толку голови во странство, може да конкурира:smir:

рики шо лафиш бе,кпк,седи таму ти мал беше тогаш,незнаеш,кој доби златна копачка,ПАДНЕВ тапа е,ама ја нека навлекува играчи ама и да додава,џабе го браните струмичани,бидете реални

ај че ви објаснам(на тие шо незнаат)како се оди во бараж,
9 групи=9 второпласирани
8 групи со по 6,една со 5 (нашата)
9 група а 8 места,значи еден отпаѓа
бидејки нашата е со 5,втроиот колку бода ке освои толку и ке има на заедничката табела,додека во другите 8 групи на вториот ке му бидат избришани резултатите со последниот:baeh:

сеа е појасно,нели

kako se vmetnuvase eksel tabela,zaboraiv,da vi ja pokazam momentalnata situacija na vtoro plasiranite
 

RIZTETO

Somebody stop me
Член од
3 јуни 2007
Мислења
2.508
Поени од реакции
75
Не е само да лафам и да го бранам бе оти е струмичанец бре. Јас признавам дека овие 2 натпревари е тапа, а не може само според 2 натпревари некој да осудува кој каков е и да се јаде трици за цел живот и за цела кариера:toe::toe:
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Ајде и мое мислење!!!

Како прво честито победа на сите момци што беа таму долу на и тоа како жешкиот терен за играње! Браво и за дебитантите кои се покажаа како клучни играчи за нашата победа.

На почетокот почнавме фуриозно и со голема храброст против веке предаддената Исландска репрезентација која дојде со бело знаме на Филип 2. Добра игра на нашите во средина Шумуликовски, Деспотовски и Георгиевски. Деспотовски навистина изненади со неговата желба за игра, но највеке што мене ме изненади е Шумуликовски. Човекот како препороден како да не е тој кој сме навикнати ние да го гледаме 54 утакмици (или повеке беа) трчаше ко луд, додаваше навремено. Играше со повреда но сепак покажа и желба за игра и победа што на мене посебно гледано и од претходните натпревари ми беше чудно но едноставно браво. Да се вратам на Деспотовски, браво за детето, едноставно желен за игра, играше со срце сите 90 минути. Герогиевски иако помалку незабележителен со топка но без топка беше одличен знаеше да пополнува дупки, кои и тоа како ги имаше кога тргнувавме во напад, исто така едно големо браво и за него. Гроздановски конечно да добие адекватна за него позиција а не оној словенскиот бурекчија го играше дури и Бек. Браво и за него и се покажа дека со таква позиција е многу попродуктивен за тимот отколку десен бек.
Нападот е приказна за себе, премногу пропуштени шанси како да беа исплашени дека нема да победиме.
Стојков постигна постигна ефикасен гол, но што ли ке беше ако само оној Гунлеифсон мислам беше ако ја пружеше само раката. Имаше да се мачеме цело прво полувреме, и да чекаме прво да дехидрираат па потоа нешто да биде. Шознам некако сите потфрлија како и вообичаено кога станува збор за реализацијата. Пандев еве и јас конечно ке го критикувам, делуваше како да бега од топката, кога ке ја земеше премнпогу солираше, не додаваше на време промашуваше од идеални за него позиции гол каде во Лацио мајтап си играше со најмокните одбрани и постигнуваше голови од неизградени позиции, овде како да некој со сила го терал да дојде на натпревар или колку да се рекло дека играл. Наумовски одличен во соработката со фудбалерите во додавањата во освојувањето на позициите, но требаше и мораше да постигне минимум 2 гола, ситуации каде не смееше да погреши. Стојков сега одличен со отварањето за топка и навремените пасови но исто така кога станува збор за влегувањето во шеснаесетник некако тешко одеше. Мислам дека нападот не беше баш во најдобро светло но целиот кредит за мојата критика не оди се на нападот овде е и одбраната.
Додека нашите 3 момци Шумуликовски, Деспотовски и Георгиевски си го растурија г`зо од трчање мораше да бидат сите одбрамбени играчи барем малку поактивни и да пртискаат и да додаваат. Немаа премногу работа во одбраната но некако премногу лежерно одиграа бековите. Ги нема тие продори по страна ги немаше оние долги топки каде требаше да ја префрлаат одбраната на Исланд кога овие истите излегуваа премногу напред кон центарот. Имаше Лазаревски 1 или 2 пробиви но тоа мислам дека сепак не е доволно, Попов исто така го немаше никаде по таа лева страна. Шо знам дали јас сум грешка но така ја видов.

Значи комплетно ДА ја надигравме репрезентацијата на Исланд но, и тоа како едно големо НО, не знам според мене една од најслабите репрезентации што некогаш гостувала овде заедно со Норвешка а ние пак со старата болка, РЕАЛИЗАЦИЈА.
Можеби одлична вест за нас е тоа што Филип Ивановски се покажа дека има во него и тоа како голем квалитет и дека знае да се избори за позиција за гол а истата да ја реализира, но тоа е далеку од добра реализација кога ке се погледне во вкупната проценка. Се некако како да се чека да влеземе со топката во голот. Немаме никакви шутеви надвор од шеснаесетник, и тоа ама баше никакви како небаре Јонуз ке ги шамара ако шутнат надвор од 16 метри. Прашање е колку и ке погодат од таа далечина но исто така прашањето стои и кога ке шутнат за да видиме дали ке погодат од таа далечина.
Значи не смееме ова вака да биде мора да се работи. Вака нема шанси да играме против Шкотска на гости и да очекуваме победа, затоа што во Шкотска вака нашите противници нема да се предвреме предаваат или пак да ни играт до толку одбрамбено. Што ке се случи ако ги промениме улогите, да тие не надиграат а ние се браниме цело време, и кога ке ни дојде ЕДНА единствена шанса за гол а ние треба да ја реализираме.
Значи ова нема шанси вака да оди. Играта Е ветувачка но исто така мора да признаеме играта и не се мери вака против толку слаби противници.

Ете тоа е моето видување досега,можеби сум грешка но секој со своето мислење..


Еве како стои табелата:

Team________MP_____W____D____L____GF___GA__P
Netherlands__7_______7____0____0____16___2___21
Scotland_____5______2____1____2_____4____6___7
Macedonia___6_______2____1____3_____4___7____7
Iceland______7_______1____1____5_____6___12___4
Norway______5_______0____3____2_____2___5____3


12.08.09 Norway - Scotland
05.09.09 Iceland - Norway
05.09.09 Scotland - Macedonia
09.09.09 Norway - Macedonia
09.09.09 Scotland - Netherlands


3
Huntelaar, Kuijt (NED)

2
Guðjohnsen (ISL), van Bommel, van der Vaart (NED), Iversen (NOR)

1
V. Gunnarsson, Helguson, I. Sigurðsson, K. Sigurðsson (ISL), Ivanovski, Naumoski, Pandev, Stojkov (MKD), de Jong, Mathijsen, Heittinga, Ooijer, Robben, van Persie (NED), Broadfoot, S. Fletcher, McCormack, McFadden (SCO)


Еве ги головите!!!

 

MAKEDONEC_PP

ПОБЕДАШ
Член од
7 декември 2007
Мислења
778
Поени од реакции
74
Јас само накратко да го искритикувам Скопје и Скопјани!!!! 6-7 000 гледачи за репрезентацијата на МАКЕДОНИЈА и покрај високите цени е премалку!!! Па и на исток беше празно, а беше 200 ден. картата со Норвешка, а безпари со Исланд!!!

Скопјани изгледа се презаситени од РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ФУДБАЛ!!!:smir:

Мора да се прилагоди стадионот во Прилеп за такви натпревари и барем Исланд и Норвешка да ги нагостиме ако немаме капацитет (сместувачки) за Холандија и Шкотска!!!

Поздрав и да се надеваме на уште две победи, па и на бараж!!!
 
Член од
4 ноември 2008
Мислења
1.330
Поени од реакции
80
Јас само накратко да го искритикувам Скопје и Скопјани!!!! 6-7 000 гледачи за репрезентацијата на МАКЕДОНИЈА и покрај високите цени е премалку!!! Па и на исток беше празно, а беше 200 ден. картата со Норвешка, а безпари со Исланд!!!

Скопјани изгледа се презаситени од РЕПРЕЗЕНТАТИВЕН ФУДБАЛ!!!:smir:

Мора да се прилагоди стадионот во Прилеп за такви натпревари и барем Исланд и Норвешка да ги нагостиме ако немаме капацитет (сместувачки) за Холандија и Шкотска!!!

Поздрав и да се надеваме на уште две победи, па и на бараж!!!
Е да бе што е стадионот уште да се срамиме таму да играме....ако збориме за играње на друго место прво треба да е Тетово најубав стадион после Филип 2 + блиску е Скопје за хотел:toe:
 
Член од
31 јануари 2007
Мислења
18.562
Поени од реакции
22.320
Браво апсолутно заслужена победа...
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Е да бе што е стадионот уште да се срамиме таму да играме....ако збориме за играње на друго место прво треба да е Тетово најубав стадион после Филип 2 + блиску е Скопје за хотел:toe:

А шо му фали на стадионот таму во Прилеп!!!!???
Шо има да се срамеш ти таму од шо од шо во Скопје не можат стадионот да го напунат а во Прилеп ке го наполнат до ВРВ. Ако од тоа се срамеш тогаш оправдано!:toe:
 
Член од
8 август 2008
Мислења
1.309
Поени од реакции
151
1 Русија 5 4 0 1 12 б
2 Франција 5 3 1 1 10 б
3 БИХ 5 3 0 2 9 б
4 Унгарија 4 2 1 1 7 Б
5 Швајцарија 4 2 1 1 7 б
6 Ирска 5 1 4 0 7 б
7 Сев. Ирска 5 2 1 2 7 б
8 Шкотска 5 2 1 2 7 б
9 Хрватска 4 1 2 1 5 б


еве ги моментално второпласираните,може да трпе многу измени до крај,ама навистина многу
 
П

Паган-др

Гостин
Да да да! :vozbud:
Заслужена победа! Честитки за победата! :oeoeoe:
 
Член од
27 јуни 2008
Мислења
9.024
Поени од реакции
5.947
А шо му фали на стадионот таму во Прилеп!!!!???
Шо има да се срамеш ти таму од шо од шо во Скопје не можат стадионот да го напунат а во Прилеп ке го наполнат до ВРВ. Ако од тоа се срамеш тогаш оправдано!:toe:
па мормално дека ќе се напуни коа собира 2.000 души
 

CIL

Член од
21 август 2008
Мислења
750
Поени од реакции
55
Што има бе да се критикуваат скопјани за посетеноста на стадионот. Прво треба да се критикуваат играчите и играта нивна со Норвешка, после скапите цени. Каква врска имаат скопјани со сето тоа. Како главен град на Р. Македонија таму треба да се игра, а ако толку сакаат прилепчани да одат на стадион сите би дошле во Скопје, тоа важи и за сите од Македонија.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
па мормално дека ќе се напуни коа собира 2.000 души

Синкаааа!!!
Имаш 14 години па така да можам да претпоставам дека никогаш не си бил на тој стадион, така да не треси зелени само колку да се пише!!!:toe::smir:
 
В

Вори

Гостин
Честитки за победата..Ах да ги тепавме Норвешка ќе беше јако.
 

superstarpizza

Unsurpassed Сasual Dating - Verified Damsels
Член од
20 септември 2008
Мислења
6.025
Поени од реакции
1.363
Што има бе да се критикуваат скопјани за посетеноста на стадионот. Прво треба да се критикуваат играчите и играта нивна со Норвешка, после скапите цени. Каква врска имаат скопјани со сето тоа. Како главен град на Р. Македонија таму треба да се игра, а ако толку сакаат прилепчани да одат на стадион сите би дошле во Скопје, тоа важи и за сите од Македонија.
А шо си има веза ако е главен град. Ко ние шо не сме од СК како народ да не сме , како ние копилиња сите а??? за тоа ???:uvo:

Ако толку сакате вие скопјаните да гледате фудбал ( а видовме колку сакате) шо не отидете вие во Прилеп, Струмица ..... итн итн.

Ако Камчев кажал една работа паметна досега во неговиот живот, тоа е на КОД коа беше емисијата, Дадените пари од УЕФА за изградба на стадионите беа баш за таа намена да се изградат стадион со пропишаните стандарди за да може да Репрезентацииите играат таму на тие стадион а не само на Скопскиот, а тие шо направија?
На 3 стадиони поставија столчиња и толку, колку да се рече дека имало инвестирано нешто!:toe: Па и одозгора вие ги охрабрувате као демек репрезентацијата морала да игра на Филип 2! Брејјј како на другите стадиони и во другите градови тие не разбираат фудбал, го мешале многу со крикетот! ГЛУПОСТИ!:nenene:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom