Македонија - Исланд 2-0

Статус
Затворена за нови мислења.

Hellz Guardian

We do what we want
Член од
2 февруари 2008
Мислења
6.868
Поени од реакции
1.251
Браво за играта,супер беше на Градски поготово кога се дадоа головите.Успеав да гледам само отприлика 65 минути дека не пуштаа на источна да се иде и некако се пикнавме на јужна и од тоа што го видов имавме добра игра,Пандев пак себичеше,неколку лоши пасови и грешки али сепак имавме игра,посед на топка и шанси и затоа тепавме :)))

Следен натпревар кога е?
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Со една победа и едно реми (4бода) вкупно 11 реални се шансите :helou:
 
Член од
28 октомври 2005
Мислења
8.293
Поени од реакции
1.646
Ево го моето видивуање на деншниот натпревар а воедно и овј денес докажа дека јонуз како тренер во првиот натпревар со норвешка од неискуство прво ги измеша позициите на пандев наумовски и стојков, а второ играњето на грнчаров се виде дека е статичен и не допринесува како владе лазаревски кој оди во напад. А денес такви одбранбени играчи се доста ценети и тоа е модерен фудбал. Значи ако не ги направеше овие грешки и измената со мазнов можеби че се радувавме и против норвешка, но здравје човек на грешки се учи и радува фактот што ги исправа тие грешки и така нека продолжи.

На денешниот натпревар навистина позитивно ме изненади играњето на деспотовски и особено гроздановски кој исто така беше одличен. За пандев ниошто ново си останува себичен мада морам д апризнаам сега многу помалку себичеше и нека продолжи да асистира зашто ова е репрзентација и во интерес е на државата било кој да дава голови а не некој поединец.

Исто така гледав вести и тоа го рече јонуз дека има доста празнини од центар до шеснаесетник и одбраната така слабо функционира и јас тоа го приметив на овој натпревар и тоа мора да се згусне тој дел зашто еден силанд таа линија полесно ја пробиваше.

Инаку нека ни е честита победата беше заслужена и тешко извојувана зашто можеше една шанса на шашма и исланд да не стаписа при резултат еден нула. Но затоа дадовме и уште еден гол и го решивме победникот.

Сега треба да се припремаме против шкотска на гости каде мораме да одиме на победа и со таква тактика да се спремаме.
 

Zemzela

носител на титулата ултимативен клабер
Член од
19 јули 2006
Мислења
5.045
Поени од реакции
152
Ај некој да ми даде краток извештај како игравме,за кој беше најдобар и кој потфрли!?

Цел ден варосувам, го пропуштив преносот :nesum:

Честитки до Јонуз и момците, добра работа.
Одлична игра на нашите од самиот почеток стиснавме...9 та минута гол со глава на Стојков по одличниот пробив на Деспотовски :vozbud: после уште 2-3 одлични шанси кои не ги искористија Наумоски и Стојков,втор дел падна играта на двата тима влегоа Ивановски,Пачовски ( се повреди Николовски :nesum: ) и Гроздановски...игра на средина од терен,повторно имавме некои шанси ама ништо до негде 5 минути пред крај кога по додавање на Гроздановски Ивановски стрелаше :vozbud: иако мислам дека беше од офсајт :toe: судијата под просек,прв меч суди во сениорска конкуренција-зборам меѓународен башак Французин :tapp: посетеност катастрофална зашто 500 денари за Исланд на 35 степени под сенка :nenene:...кога Стиков дали сте задоволни? :pos:
 
Член од
8 април 2007
Мислења
16.034
Поени од реакции
9.126
Не бе што ви е, Пандев е супер...мамата да му ја...Ама ако уште браните го, бидејќи сепак тој е нашата најголема ѕвезда, и најдобар е!!! Копиле, себичњак!! Изгледа сака само да дигне цена на репрезентативни настапи, ама очигледно многу му падна цената по овие два натпревари. Летово може само у Анкона да се врати, или па да му полиже гс на Лотито да му го продолжи договорот, очигледно многу се дигнал! Па добро бе, на Касиљас од 18м гол му даваше, во Италија играш курот со голманите, а овде неможеш еднаш асално да ја шутнеш педеру еден!!! Што изводи само незнам еј, да сум селектор нема ни на клупа да го стаем, а не па у игра! Тоа му треба, очигледно мисли дека е над сите овде, ама гадно се заебал! Нека учи малку од Ибра како се игра за реп. да трча од гол до гол! Копиле, све појќе и појќе го мрзим!! Нека иде у Италија и нека не се враќа више, кој к*р доаѓа овде незнам, ако не му се игра нека не доаѓа и крај! Ебаго сељакот!!

Инаку добар резултат, иако можеше и со повеќе голови да заврши во мрежата на Исланд ама тоа е тоа! Браво за Ивановски, детето е цар! Нека продолжи вака и све е супер!
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.552
Поени од реакции
1.606
А ќе има ли видео од натпреваров? Да се стави на YouTube, за да се знае што знае Македонија да направи. :)))))))
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Топкана цицки доби од подавање ебаго беља. Само ке речам ШАХ !!!!!! Незнаат да шутнат ако не се у шеснаесетник ... тоа треба малце да се поправи со шутирањата, Јонуз супер тактика има, ама сепак треба да се прилагоди малце вие одма го осудувате, знае да задржи време. Toа французот мамата негова судијска неписмена, мислам дека ја намесија некако со судењево, да не зборам на памет ама кога излагаа излегоа 5 мин послем определениот рок, Исланд и судиите, така да тука сумњам малце. Инаку оверал добра утакмица, интересни сплетки и супер игра од страна на дефанзивците. Томе добро ги организираше кога влезе и тоа ми остави впечаток многу.:smir:

Стадион.... На запад беше беснилаци. Јужна ко да немаа глас. Исток прво полувреме зверови, ама второ се испразни. :jaj:
 
Член од
28 јули 2008
Мислења
10.785
Поени од реакции
3.522
Пандев очигледно се чува и имам предчуство дека не игра со целиот капацитет за Македонија. Јасно ми е дека соиграчите се далеку од неговиот квалитет и не може сам да игра ама денес покажа дека може да биде страшно себичен и страшно лошо да игра на моменти не ми се веруваше. Кој што сака нека каже, јас никогаш не сум зборувал против него, ама денес одигра под нивото на еден просечен фудбалер.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Пандев очигледно се чува и имам предчуство дека не игра со целиот капацитет за Македонија. Јасно ми е дека соиграчите се далеку од неговиот квалитет и не може сам да игра ама денес покажа дека може да биде страшно себичен и страшно лошо да игра на моменти не ми се веруваше. Кој што сака нека каже, јас никогаш не сум зборувал против него, ама денес одигра под нивото на еден просечен фудбалер.
Kaжи си слободно дека ТИЊА игра за репрезентација. Што сака бе ??? со МАРАДОНА да игра ??? Што не шутна една како што ги шутира у калчо од 30 метри да го преврти она голманон што му се тресеа рацете. Катастрофа беше, мислам дека ни паметот не му беше у фудбалот, кога рогна у аут тоа беше мислам врв на неговата непрофесионалност, не е ни за у алумина да брани.
 

The Mummy

The world is not enough
Член од
3 мај 2006
Мислења
5.415
Поени од реакции
181
Денес нашите изиграа сосема солиден натпревар, иако секако секогаш има простор за подобро. Ми пречи тоа што и со Норвешка и денес на моменти делуваат анемично, без желба за трчање и премногу дефанзивно. Сепак со оглед на жешкото време донекаде може да се разбере тоа.
Одбраната игра добро на овие 2 дуела, иако мора да се земе во предвид дека ниту Норвешка ниту Исланд не играше напаѓачки па да бидат вистински тестирани.
Средниот ред играше одлично, особено на наша половина и на средина од терен, но секогаш проблем е кога ќе се стигне во противничкиот 16-ник.
Наумовски уште еднаш покажа дека не заслужува место во тимот, Пандев како по обичај не може да погоди, Стојков изигра подобро од саботата.
Според мене Илчо треба да се исфрли, еден од напаѓачите да го завземе неговото место како центарфор а Гроздановски да влезе како второ крило. Или пак да играме со 2ца класични напаѓачи.
За влез во бараж искрено не сум оптимист, но ќе видиме.
 
П

Паспарту

Гостин
Иако прогнозирав 1-1, сепак мило ми е што победивме... :) Но реално ако гледаме далеку од тоа дека одигравме одлично. Противникот беше премногу слаб, а нашиве како по обичај, кога треба гол да се даде тие шутираат во рамки околу тврдината Кале и панорамата во Луна Парк... Одбраната не изигра лошо, но како што кажав Исланд немаше ни еден шут во рамки на гол па тешко е да се даде реална оценка. Во средниот ред разликата ја направи Фичо Деспотовски,едноставно дечкото изигра феноменално! Величе дефинитивно потврди дека е цар за кратење акции и одземање на топка, но и дека дефинитивно пасовите и шутот му се (пре)слаба страна :) Пандев како по обичај, со паметот е на сосема друго место, премногу солирање, лакомење итн, едноставно БЕЗ КОМЕНТАР! Секоја чест за Ивановски, во ова дете се крие голем талент, па се надевам дека до крајот на овие квалификации ќе видиме уште некое ново име, едноставно моментално има доста играчи на кои местото не им е во репрезентација :toe:

За 2 место ни требаат 2 победи или 4 бода ако се погодат и резултатите, но според мене далеку сме од баражот... Многу слабо играме на гости, посебно кога треба да играме на победа, последен пат којзнае кога сме победиле на гости (Луксембург и такви анонимуси не рачунам). Шансата ја прокоцкавме во Исланд и дома со Норвешка така да... Се надевам дека ќе ме демантираат играчите :helou:
 

Chombe_United

Да ми бричите ташаците!
Член од
14 декември 2007
Мислења
8.809
Поени од реакции
452
Додека има шанса јас ќе се надевам:helou:
 

OrrCee

Сто посто проценти :)
Член од
8 јуни 2008
Мислења
1.524
Поени од реакции
23
зарем не можат да играат секој натпревар...по толку шанси се мораше да се постигнат два гола....значи одлична игра на играчите.,...иако пандев малку себичначеше ама добро е сепа се добро се заврши...се надеваме дека ке биде така и на наредните натпревари
 
Член од
12 јуни 2008
Мислења
5.227
Поени од реакции
972
Aj некој нека го постира голот на Ивановски:)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom