Нека не ве чуди шо во Милан играт играчите до 35+ години како да се во топ форма (своја форма прајме муабет, не споредено со други). Милан ја има далеку најдобрата лабораторија на светот. Не постои ништо слично никаде во фудбалот, за ова и емисија цела гледав и кажаја дека се работи за нешто огромно високо професионално и друг тим барем за сега нема такво нешто, барем не од таков калибар.
Видете ги Сидорф, Неста, Кафу, Малдини во кои години постигнуваат одлична форма. Сидорф на 30 години го постигна својот фудбалски максимум, Малдини некаде од 32 до кај 36, Кафу 31 до кај 33 беше најдобар бек, Сержињо до пред да се повреди беше ѕвер на 33 години, Неста сега е во најдобра форма.
Исто така и бројот на тешките повреди во Милан е намален за 70% по формирањето на лабораторијата. Кузнај со шо ги ранат, видете го Бориело шо му се дешава, лани кузнај шо апој приме дигурно сам не ги земал. Од исхрана, до тренинг до секакви испитувања. Зато да не ве чуди шо сите играчи постигнуваат максимум во Милан.
Ако не ви се верва, размислете само во другите тимој до колку години играт играчите. Не е случајност сигурно.
П.С. И не го спомнувајте Каладзе, грешка секој можи да напрај. Ѕвер е со Неста имат одлична соработка. И престанете еднаш со глупи коментари после пораз. Играта беше иста како со Наполи, иста како со Удинезе, ама не секогаш зависи од играта, зависи и од среќата и од грешките. Со Аталанта примивме 2 гола од грешки и од единствените шанси, со Удинезе пак појќе страдавме од контри па не примивме гол. Играта не е променета, зато ви викам гледајте фудбал, не Лајвскор и Гол.ком.