Фан Клуб: Милан

  • Креатор на темата Креатор на темата zocipro
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.


Изигра 7 и даде 1 гол само и за купот мислам даде уште 2 гола таму сигурно изигра појќе утакмици. Бориело незнај да игра со топка многу, пргав гнасен играч е и многу цврсто копиле е и има невидена градба, ѕвер е во телото. Него играта му се заснова на физичкото присуство, не на техниката исто како и Џилардино, само шо Џила е во многу аспекти подобар. То ми беше муабетот.

Ако најдам слики ќе видите каков ѕвер е, атлета е батето.
Го знам бе, само да не го даде Анчелоти нека си го врати назад.Еве место тебе слика

Borriello.jpg
boriello.jpg
26398_detail.jpg


Сеа кога ќе ни акне некој гол ќе видиме убаво :):)



 
Бориело се утепа од давање голови и си кажал нешто у стил демек ''Нека гледаат сега Милан '' исто и оној Оливеира и тој се тури од голови у Шпанија што бидна бе ова кој си отиде човек стана sd

Иначе мене таа терорија за ''старост и квалитет'' што обесувте на минатине страни ми е многу дебилна и типична за мисири со 16 минути спортска програма и многу саати Менаџер играње ама за тоа друг пат да не ми се фаќаат бан до бан.:bil:
 
Бориело се утепа од давање голови и си кажал нешто у стил демек ''Нека гледаат сега Милан '' исто и оној Оливеира и тој се тури од голови у Шпанија што бидна бе ова кој си отиде човек стана sd

Иначе мене таа терорија за ''старост и квалитет'' што обесувте на минатине страни ми е многу дебилна и типична за мисири со 16 минути спортска програма и многу саати Менаџер играње ама за тоа друг пат да не ми се фаќаат бан до бан.:bil:
Да бе и кој дојде титула освои (барем виделе како е да си шампион)
 
Он игра добро али другите не ?И мене во школо ја учам али професорите ме мразат?Можеби игра добро,али тоа не е доволно,спореди го Малдини пред 10 години и сега?Не треба добро,треба одлично,а Милан итно им треба нов состав,им треба подмладување,и подобро да почнат да го прават тоа,затоа што подмладување на тимот и смена на генерации трае долго време,а јас не гледам како со купување на еден млад играч ќе им се оствари.Од голман до напад,се треба да се смени.


Малдини игра одбрана, сакаш тој да дава голови?
Сакаш да кажеш дека ако не играше Малдини Милан ќе играше подобро?
 
Не ама дека му е време за во понзија , уште со тој Малдини човек да не спомне ништо :uvo:
 
ПАОЛО МАЛДИНИ СО СВОЈА ПРОГНОЗА
Серхио Рамос е мојот наследник
Капитенот на Милан, Паоло Малдини, по долгата и богата играчка кариера на крајот од сезоната најави повлекување од зелените терени. За свој евентуален наследник во дресот на Милан, легендарниот италијански фудбалер го гледа одличниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

"Мојот наследник ќе биде Серхио Рамос. Претчувствувам дека во иднина тој ќе стане најдобриот одбранбен играч во светот и така ќе остане долго време", смета Малдини.

По 23 години во тимот на Милан, од кои речиси една деценија како капитен на "росонерите", Малдини пред почетокот на оваа сезона го објави крајот на својата кариера. Потврда за тоа дојде по Светското клупско првенство на кое Милан ја освои титулата откако во финалето со 4:2 ја совлада Бока Јуниорс. Малдини е рекордер по бројот на настапи и во миланскиот тим и во репрезентацијата на Италија, а во "пензија" заминува со речиси 39 години.

Серхио Рамос дојде во Реал Мадрид пред три години и за многу брзо време се промовираше во еден од најдобрите одбранбени фудбалери во шпанското првенство. Милан за него е подготвен да плати отштета до 30 милиони евра, но од Реал Мадрид не сакаат да слушнат да се откажат од 21-годишен фудбалер за помалку од 180 милиони евра колку што е неговата откупна клаузула. И самиот Рамос неодамна изјави дека нема намера да си замине од Реал Мадрид, туку би сакал на Сантијаго Бернабе да остане до крајот на кариерата.
 
Рамос во Милан :pos::pos:
да не кажем кога ќе дојде, за ова зборим цело време дека губат време на вакви играчи

Ме мрзи да преведувам видите овде нешто ка закани за Берлу и компанија -линк
 
Да се разбереме нешто од старт Рамос за Реал е како Кака за Милан(не проценлив имот) поради инатот што ги зафати Реал и Милан нема шанса да си продаваат играчи од тоа ниво
Рамос не да е добар Рамос е животиња права и да сум Каледерон не го давам за никој и ништо а верувам дека и така ке биде уште многу години
За Милан најпаметно ке си биде да си бараат наследник на Малдини на друго место пошто Рамос не го добиваат па колку сака Берлускони нека паламуди по весници.
 
Малдини игра одбрана, сакаш тој да дава голови?
Сакаш да кажеш дека ако не играше Малдини Милан ќе играше подобро?
Да,тоа сакав да кажам,ако на местото на Малдини имаше подобар дефанзивец Милан ќе играше подобро.Малдини требаше уште лани да се пензионира,уште кога Милан освоија лига на шампиони,и да остави место на некој помлад и поквалитетен дефанзивец.И немој да мислиш дека ова мислење го иам само за Малдини,многу играчи во Милан се за пензија и токму поради нив Милан страда.
 
Грешиш Иван, погледни Малдини колку натревари има изиграно оваа сезона, а покрај тоа и ретки се гол грешките на Малдини.
 
Прочитавте дека во канцелариите на Милан стигнл плик во кој имало куршум и порака до раководството на Милан..? Пишело за слабите резултати и погрешните избори..
На гоал.цом има сега прочитав..
 
Грешиш Иван, погледни Малдини колку натревари има изиграно оваа сезона, а покрај тоа и ретки се гол грешките на Малдини.
Не ме сфаќаш,не викам дека Малдини игра лошо,но тоа не е доволно за амбициите на Милан,го поштувам Малдини како еден од најдобрите дефанзивци што играле фудбал,но кога времето ќе дојде треба да се повлече.Тоа треба да го направи од љубов кон клубот,исто како што мислам за Раул дека кога ќе почне да покажува слаби игри,треба сам да се пензионира,затоа што такви играчи не можат да играат во друг клуб,а неможат ни да седат на клупа.На местото на Малдини не мислиш дека ќе беше подобро Милан да има некој дефанзивец од врвна класа кој е во топ форма,и е релативно млад?
 
Прочитавте дека во канцелариите на Милан стигнл плик во кој имало куршум и порака до раководството на Милан..? Пишело за слабите резултати и погрешните избори..
На гоал.цом има сега прочитав..
Над тебе оставив линк ако не си забележал - линк (не си забележал :) )
Заканата е за лошите резултати и погрешните засилувања
:pipi:

 
Над тебе оставив линк ако не си забележал - линк (не си забележал :) )
Заканата е за лошите резултати и погрешните засилувања
:pipi:

ХЕхе.. извини брат не прометив.. Гледав за друго се расправате.. не ја прочитав последната реченица од твојот пост..
 
Нека колат се со ред !!!

Крајно сум разочаран од Председателството на Милан. 3/4 години бе салам Чоек не донесоја.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom